Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Соборен е Гинисовиот рекорд во синхронизиран танц
Матурантите од повеќе држави вчера поставија нов Гинисов рекорд во истовремен танц, за што свој придонес дадоа и матурантите од Скопје и од Охрид. Во 40 града во осум земји истовремено танцуваа 24.416 матуранти, со што е надминат
ланскиот рекорд од 23.628 танчари. На плоштадот Македонија, Штраусовиот танц „Квадрил“ од операта „Лилјакот“ на врнежливо време го заиграа 368 матуранти, а поддршка во соборувањето на рекордот дадоа и средношколците од Охрид и од Битола.
Манифестацијата е дел од проектот „Матурска парада“, која истовремено се одржа во Словенија, Унгарија, Австрија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Србија.
Парадата ја отвори градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски, кој им посака успех на матурантите.
- Верувам дека овој ден ќе го паметите долго. Да се биде дел од оваа манифестација е привилегија што може да ви се случи еднаш во животот, токму поради вашата младост. Вие имате шанса Македонија да ја внесете во Гинисовата книга на рекорди - рече Костовски.
На учесниците на македонски јазик им се обрати и амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, кој им посака животот да им биде добар како и танцот и изрази надеж дека Македонија ќе стане дел од ЕУ.
Идејата за учество во овој проект е резултат на неодамнешното потпишување на спогодбата за збратимување меѓу Скопје и Љубљана, која како иницијатор седум години по ред ја одржува „Парадата на матуранти“, што е најголем матурски танц на светот.
Средношколците вчера беа пресреќни што ваков настан првпат се одржува и кај нас.
- Идејата е одлична, пред се' за нас, матурантите. Има добра забава и сметам дека оние што не се пријавија за парадата пропуштија многу - рече една матурантка.
Танцот траеше 8 минути. Македонското радио преку сателит ја пренесуваше музиката од словенечкото радио „Сло вал 202“. Со директни јавувања од Љубљана, Загреб и од Белград беше пренесена атмосферата на матурската парада во овие градови. Во Љубљана танцот „Квадрил“ го одиграле над 8.000 матуранти, во Белград 2.000, а во Загреб околу 1.600 матуранти
од Дневник
Што мислите вие за овој настан?
Инаку беше навистина многу интересно на плоштад...и јас бев меѓу тие што учествуваа и беше необично и интересно