Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Порано немавме вакви соби,се живееше повеќето во куќи,и ја имавме портата и некој камен пред порта на кој ќе седневме да починеме ама и да видиме кој ќе помине ама и да чуеме.
-„Добар ден комшија“,......како си............................и секако и да одговориме исто
-„Дал ти бог добро комшија - каде си тргнал“...
Е помина тоа време(бар овдека кај мене откако ги снема старите маала,портите и камењата,
кога се знаевме ние од цело мало кој сме и каде сме,море и од другите комшиски маала и не само тоа знаевме кога зреат кајсиите или црешите,ама никако да дочекаме да узреат.
Ама ај сега да не рсправам за змаевите,галабите,плажите и натпреварите на наш Вардар.
-
Знаете ли сега кој ви е комшија над вас,до вас а и под вас.
Од кога не сте чуле „Добар ден комшија’ - Добро утро комшике“
Сега не се живее како порано,сега сме во метропола,во станови,во кафези затворени и ништо не не интересира лево и десно,горе и доле. Знаеме понекогаш да чукаме на цевките од парното ако некој горе посилно галами. знаеме да го оставиме кесето со ѓубре пред лифт, или во најдобар случај позади кола на паркинг. А тоа нечини. А кому да кажеме.Кој ми е комшија. Не знам.
-
Соба за комшии
Повеќето згради имаат ваква некоја соба,наречена заедничка просторија.Како и мојава.
Еве што решив пред некој ден да направам со неа, без одобрување од власта и општината.
-Во собата ставив скромен ентериер и мебел - што се нашло.
- Направив „библиотека“ (почетно со стотина книги)
- Ставив радио и грамафон и многу плочи.
- На масата има шах.
- Очекувам да се вклучат и најмладите со донирање некој играчки.
- Поставив едно решо и се разбира прибор за кафе.
- Место за одмор на сите, ако дома има некоја гужва,тука е секогаш слободно.
- Па навалете комшии да се запознаеме,да помагаме па и на едно кафе. .-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

-
Изненадувањето пристигна денес, ја отворив собата за комшии , некој беа доста заинтересирани за ова чудо можеби прв пат во Македонија ,а веќе издадов две книги.