Соба за комшии

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Порано немавме вакви соби,се живееше повеќето во куќи,и ја имавме портата и некој камен пред порта на кој ќе седневме да починеме ама и да видиме кој ќе помине ама и да чуеме.
-„Добар ден комшија“,......како си............................и секако и да одговориме исто
-„Дал ти бог добро комшија - каде си тргнал“...
Е помина тоа време(бар овдека кај мене откако ги снема старите маала,портите и камењата,
кога се знаевме ние од цело мало кој сме и каде сме,море и од другите комшиски маала и не само тоа знаевме кога зреат кајсиите или црешите,ама никако да дочекаме да узреат.
Ама ај сега да не рсправам за змаевите,галабите,плажите и натпреварите на наш Вардар.
-
Знаете ли сега кој ви е комшија над вас,до вас а и под вас.
Од кога не сте чуле „Добар ден комшија’ - Добро утро комшике“
Сега не се живее како порано,сега сме во метропола,во станови,во кафези затворени и ништо не не интересира лево и десно,горе и доле. Знаеме понекогаш да чукаме на цевките од парното ако некој горе посилно галами. знаеме да го оставиме кесето со ѓубре пред лифт, или во најдобар случај позади кола на паркинг. А тоа нечини. А кому да кажеме.Кој ми е комшија. Не знам.
-
Соба за комшии
Повеќето згради имаат ваква некоја соба,наречена заедничка просторија.Како и мојава.
Еве што решив пред некој ден да направам со неа, без одобрување од власта и општината.
-Во собата ставив скромен ентериер и мебел - што се нашло.
- Направив „библиотека“ (почетно со стотина книги)
- Ставив радио и грамафон и многу плочи.
- На масата има шах.
- Очекувам да се вклучат и најмладите со донирање некој играчки.
- Поставив едно решо и се разбира прибор за кафе.
- Место за одмор на сите, ако дома има некоја гужва,тука е секогаш слободно.
- Па навалете комшии да се запознаеме,да помагаме па и на едно кафе. .-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------Picture 1715.jpg Picture 1717.jpg Picture 1716.jpg
-
Изненадувањето пристигна денес, ја отворив собата за комшии , некој беа доста заинтересирани за ова чудо можеби прв пат во Македонија ,а веќе издадов две книги.
 
Додека живеев во зграда постоеше само лицемерно Здраво, зошто пола комшии ми беа трачари, намќори, вештерки, со понашање на цигани......, а сега има некое комшиско Здраво, но сепак не ги знам сите тука какви се и што луѓе се:)



За ова што си го направил Анчо од мене имаш едно огромно БРАВО!!! Прекрасна работа си направил, ем креативно, ем единствено можеби во земјава, ем ќе ги затоплиш односите помеѓу комшиите:)

БРАВО!!!
(y)
 
убаво е сето тоа Анчо, но кој денес има време за седење и муабетење со комшии?!
 
Вакво нешто постоеше во едно друго време каде што 80% беа клати врата земај плата па имаа време да се соберат во некој двор и до бесконечност да оговараат некого при тоа не гледајќи се самите себе.
Во денешно време тоа може да го прави ненормално големата администрација во која има вработени и кои земаат плата а воопшто не доаѓаат на работа.
За останатите ритамот на животот и работата не им овозмоѓуваат да имаат слободно врема и да оговараат се живо не гледаајќи се самите себе.
 
Е да бе и ние имаме чичко Анчо само сите се жала оти многу промаја ги фашчало, морат да скројме едно посаглам вратуле али немојш бе со ова партизаниве од маало све на ракија се фрљени и троа војца ладна (понекојпат и на карпус се). Чумки викет остај бе синко на тријесе степени не се работи и седи така под дебела сенка ладно и делкај ракииче.

едит: Не е соба за комшии то ест е, али кај нас има друго име Шоксоба.
 
Додека живеев во зграда постоеше само лицемерно Здраво, зошто пола комшии ми беа трачари, намќори, вештерки, со понашање на цигани......, а сега има некое комшиско Здраво, но сепак не ги знам сите тука какви се и што луѓе се:)



За ова што си го направил Анчо од мене имаш едно огромно БРАВО!!! Прекрасна работа си направил, ем креативно, ем единствено можеби во земјава, ем ќе ги затоплиш односите помеѓу комшиите:)
БРАВО!!!(y)
Кај мене нема ни здраво.
 
Времето нема никаква допирна точка со културата или си воспитан, или не си. Јас сеуште отпоздравувам со сите комшии, а и они со мене.
 
Кај мене во маало сеуште понекаде стојат тоа камењата и клупите пред портите, само што за среќа како твојава генерација Анчо полека изумира, се требат тие стражарите што цел ден киснат пред порта да пазат кој врви.
Викаш оти цело маало сте се знаеле и секој знаел се’ за секого. Ами ако те интересира и сега земи шетај од врата на врата информирај се, ама не ја гледам поентата на тоа. Ептен малограѓански делува, не дека некој те спречува да трачариш и да си ги запознаеш комшиите.
Воедно, го имаш истото и денес, само на доста пософистициран начин. Денеска не дремиме на камења пред порти, ама дремиме на фејсбук walls и пак трачариме кој што прави.
 
@Anco одлична идеја. На Филипините речиси секоја зграда има common room а некаде и цел спрат. Најчесто инвеститорот го опремува со разни играчки, билјард маси, фудбалчиња, шах маси... Во полускузните зданија има базени, градини, места за правење скара итн... Еве нешто сега што се гради, еднособен стан од 36м2 со гаражиран паркинг плац се продава за окулу 50 000е.

The+Radiance.jpg



The+Radiance+Manila+Bay+Roxas+Blvd+Pasay+Robinsons+condo+for+sale+09152262458+(6).jpg


The+Radiance+Manila+Bay+Roxas+Blvd+Pasay+Robinsons+condo+for+sale+09152262458+(4).jpg


Иначе идејата е супер, народот си се дружи и се зближива на тој начин. Вака и помали станови се ОК, за студенти или тие што немаат оформено фамилија е одлична работа, ако се погоди таа соба за занимација како треба дома и помал стан е ок. Тие што веќе имаат оформено фамилија на нив им треба простор така да вакви работи и нема да им значат премногу.
 
Picture 1719.jpgмузичкото катче (сепак стариот грамафон си остана во подрум,па и таму треба и музика и чекан)
-
Picture 1720.jpg еве во чело од вратата и едно место за автентични слики од автори од влезот(ова се мојте)
-
Јас ова не сум го видел на Филипините или Јапан, немам ни пасош, а не ми го кажал ни Дуле од Велес,сам сум ја створил идејава,само да бидеме како некогаш - луѓе.
Можеби и ќе ме откријат комшииве и некој ќе почне да ме вика Анчо.
Па порано бре комшија на одмор оди,ни давал клуч од куќа или стан, а сега .....?
 
@Anco си забораил да ставиш телевизор за да си гледаат комшиките турски / индиски серии.
Треба да ставиш и едно катче за романтики (де Бангладеш) за поблиска интеракција помеѓу комшиите. Со онакво знакче на кваката од надворешната страна Do not disturb! :)
 
Picture 1740.jpg поглед од влезот во Собата за комшии (прва во Македонија или евентуално втора можеби трета)
Picture 1741.jpg зад врата, едена стара закачалка и еден понов чивилук, за палтата на гостите од другите згради
Picture 1742.jpg огледало и шкавче за клучеви,рачна изработка, аха и еден двосед,денес поставен да се најде
Picture 1743.jpg опа,мало решо маде ин Југославија и комплет филџани а за кафе нешто има,ама и ќе донесат
Picture 1744.jpg поглед во првата фиока,нешто алат,кабли,утикачи ама и и прва помош,да се најде де,да не потреба
--------------------------------------
Епа за денес толку,цел ден поминав и го потрошив во средување на оваа соба за комшии(немој на други да кажувате)
 
Picture 1792.jpg
se sprema za sveceno otvaranje-naskoro
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom