Со торта одбележан вториот роденден на дупката на патот

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
СО ТОРТА ОДБЕЛЕЖАН ВТОРИОТ РОДЕНДЕН НА ДУПКА НА ПАТОТ

МАКЕДОНИЈА
15.11.2013

RODENDEN_DUPKA.jpg
Граѓанското движење „Фото глас“ и граѓаните на Кратово го прославија вториот роденден на големата дупка на патот Кратово –Пробиштип. Тортата со свеќичка и балоните, беа дел од забавата наречена „Среќен роденден дупко“. Возачите од Пробиштип и Кратово, поради ова свлечиште, кое неколку пати се санира, веќе две години мора да возат само по едната коловозна лента. Од движењето „Фото глас“ велат дека писмено реагирале до надлежните институции и дека со денешниот настан сакаат повторно да ги потсетат дека проблемот не е решен.


Бранко Младеновски живее во куќа под оваа свлечиште, која се поплавува од поројните дождови. Неговиот брат поради постојани проблеми и штети ангажирал адвокат, но Младеновски вели дека најстрашно е што овој пат е фреквентен и е опасен за кратовчани .



Претставниците на движењето велат дека со своите активности досега придонесле за решавање на неколку инфраструктурни проблеми во земјава и најавуваат нови иницијативи.

Извор: http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat&rub=6&item=32396#.UoZqOlzMVYI.facebook :pos:(y)
 
Браво за луѓево, на шала и ја кажуваат вистината на државава.
Но како стигнало средувањето на проблеми во државава....... очигледно ќе стигнат до Среќен 100 роденден дупко :):D
 
Баш ќе е интересно ако почнат вакви организирани прослави за сите заслужни дупки...
 
Нека и е среќен роденден , и да се редат бандажи на нејзе уште 100 години.
 
Мислам дека не ја забележавте суштината на веста.
Се работи за свлечиште..... И тука не помага ниту влада ниту поп ниту владика,
Ако забележавте под свлечиштето има куќа. Таа куќа е загрозена.
Изгледа дека жителите од куќата се надеваат дека Македонија пат ќе го сопре свлечиштето па прават вакви „ прослави “ за да го свртат вниманието
Но тоа се празни надежи, се работи за огромни маси земја кои не се запираат така лесно.
Погледнете на Википедија има анимација
http://en.wikipedia.org/wiki/Landslide
 
Па поголема дупка од системов нема, ова е само едно мало дупче. Убаво што се ангажирале луѓево да направат нешто, неможе за секоја дупка да се прави торта, толку слаткари нема во државава дупки колку што има. Може ќе ја направат оваа ама џабе е ако треба за да се превземе нешто да се прави торта.... :(
 
Баш ќе е интересно ако почнат вакви организирани прослави за сите заслужни дупки...


Немој да и даваш идеи на опозицијата, пак ќе се затепаат во собрание. Остај дупките, овие барем нешто градат...
 
нека се јават во јанко јади бурек,ќе ја оправат одма
 
Да се самоцитирам - нешто напишано на 29-ти Јули 2012
Бонус видео... освен тргни застани на Струмица - Штип и М.Брод - Скопје, ниту една од овие најави не е почната ниту па е распишан тендер ...

Според манифестот,

Автопат СКОПЈЕ- Миладиновци - ШТИП е планирана за почеток во 2012 година (страница 65).Не е уште распишан тендер, во моментов работат некоја студија за влијанието врз животната средина бла бла.Вредност 250 милиони евра.АМА:
Доколку постапката за концесија на наведените делници не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.

Автопат КЛУЧКА РОМАНОВЦЕ - Страцин - КРИВА ПАЛАНКА (273 милиони евра, отприлика 60 км. само за споредба Куманово - КП е 65, со ова е предвидено скратување за транзит возила)

Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагоду-вање на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што
вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра.
Р о к з а и з г р а д б а п р е к у к о н ц е с и о н и р а њ е : 2 0 1 3 - 2 0 1 8 .
Р о к з а р е х а б и л и т а ц и ј а , н а д р г а р д б а и п р о ш и р у в а њ е : 2 0 1 4 - 2 0 1 5 .

Автопат КОЧАНИ - ШТИП(39 км.), почеток 2013 година.АМА:
Вредноста на проектот е близу 56 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагодување на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 15 милиони евра.

Автопат ГОСТИВАР - Кичево - ОХРИД / + крак Требеништа - Аеродром Охрид - Струга - ГП ЌАФАСАН
Вредност:490 милиони евра, околу 140 км. и почеток на 2013 година.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под
концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат прифатливи финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.Притоа, ќе се изработи нова динамика за постапна доизградба на западниот дел од Коридорот 8, почнувајќи
со делници на југозападниот дел.

Автопат Клучка СКОПСКА ОБИКОЛНИЦА - ГП БЛАЦЕ (13 км. / 69 милиони евра!!!)
Почеток 2013.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија.Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

(Дел од) експресен пат (2 ленти х 3,75м. и 2 х 2,5 за побавни возила) ГРАДСКО- ПРИЛЕПво должина од 26 км.Значи околу пола од целиот пат Градско - Прилеп.Вредност:80 милиони евра, почеток 2012 година.

Експресен пат ШТИП - Радовиш - СТРУМИЦА (75 км./250 милиони еври) (страница 66)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните
финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : о д 2 0 1 4 - 2 0 2 0 г о д и н а .

Велес - Штип реновирање на 40 км. пат со дури 5 милиони евра, период 2014-2015 (страница 66):pos:

КОЧАНИ- Виница - Македонска Каменица - Делчево - ГП ДЕЛЧЕВО / реновирање на околу 75 км. со 10 милиони евра :tapp: Почеток : 2012 година
Oва според Агенција за патишта е завршено и сликата по реновирањето е ваква:

pat-3.jpg


pat10.jpg


КИЧЕВО - Извор - Јама - Гари - Лазарополе - Бошков Мост - ДЕБАР (53 км./20 милиони евра).
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : и з г р а д б а 2 0 1 2 – 2 0 1 5 г о д и н а .
Со оглед каков е теренот на таа делница, тешко дека и 50 милиони евра ќе им стигнат.

Магистрален пат БИТОЛА - Маково - Чаниште - Конопиште - Мушов Гроб - ГЕВГЕЛИЈА (17 мил. евра за реновирање на дел од делниците во Мариово)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : 2 0 1 2 - 2 0 1 5 г о д и н а .

НОВ!!! Магистрален пат КОСЕЛ - Пештани - СВЕТИ НАУМ (39 км./70 мил. евра) со обиколница над Охрид.
Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење за развој на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува на 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а .

Ова со роков е многу битно, очекувам да им е главна финта во настапите за локалните избори 2013!


итн.


Мислам дека не ја забележавте суштината на веста.
Се работи за свлечиште..... И тука не помага ниту влада ниту поп ниту владика,
Ако забележавте под свлечиштето има куќа. Таа куќа е загрозена.
Изгледа дека жителите од куќата се надеваат дека Македонија пат ќе го сопре свлечиштето па прават вакви „ прослави “ за да го свртат вниманието
Но тоа се празни надежи, се работи за огромни маси земја кои не се запираат така лесно.
Погледнете на Википедија има анимација
http://en.wikipedia.org/wiki/Landslide

Меѓу Битола и Ресен кај Ѓавато пред 3 години имаше иста ситуација
72B30AC644AA48438CBFAD585A0CEF81.jpg
lookup

5A595B70AEF6FB46849D8C96241DE4B8.jpg


Па го работеа побајаги време
BF2FD2B38EEDC5498C715B6A04B4C243.jpg

очигледно посериозно и сега местото е како ново.Изводливо е, само желба е потребна.
 
"Now they know how many holes it takes to fill the Albert hall" - пинг @Малком ван дер Какомубешепрезимето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom