Со какво средство да си ја перам колата? Однадвор и одвнатре?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
ја користам од сонакс со восок ... 100 5-60 ( сто пет-шеесет :)) денари
 
Сјај ама фората е и сунѓерот. Ако земеш онаков ко за садови со груб дел рачунај дека ќе ја изгрбеш и на сонце ќе се познаваат линии. И никако четка. По автопералните сум видел како првото перење го прават со четка ко со божем специјала мека била ама подалеку од тоа.

Ако лакот на колата е толку осетлив од сјај тогаш што да каже лакот на +40 -25 степени? Како што пиша ќе се собере? :)
 
Уф... од четка ми се ежи косата. Линии по штоповите, по лајсни и по самиот лак колку сакаш од пералните. Јас кога ја мијам, прво ја шприцам со млаз вода што е можно повеќе нечистотија од неа да падне . После дури нежно со четка и со шампон ја поминувам. Колку и да си претпазлив, нема начин да симнеш нечистотија без да удреш на лакот.
 
јас пролетта му удрив едно полирање(незнам што полир беше ми даде комшијата) и после го поминав со turtle wax восок, па сега сум рает за перење само со вода ја врвам и се паѓа не се лепи ништо, евентуално ако има гомна од птици со сунгер ја врвам
 
Јас користам шампон со восок го купив од макоил за 100 денари и сум задоволен од него, шампонот се вика RenCo се става 2 капачиња во 10 литри вода ама јас ставам едно капаче дирекно на сунѓерот, и да колата ја мијам исклучиво само со сунѓер. Сеа сум у план да зиам едно вапче и да си имам една мини преална за сопствени потреби
 
со течен сапун за раце во двор до чешма имам таков и редовно со него и со сунгер е ако речи сега некој и дека од течен сапун за раце се оштетува тогаш јас ова со нозе ви го пишувам оти рацеве ми се оштетени :)
 
Го земав ова за 290 денари (поголема слика нема на google :) )

self drying wash and wax производител: arexons

self%20drying%20wash%20n%20wax.jpg


Шампон со восок, три капачиња се раствараат во литар вода. Па ке видиме како ке биде, треба да е добро да не е за подрек. Ке пишам репортажа ваљда :)

JeepMKD, фала на информацијата, колку чини ова млеково за шал-таблата?

РЕПОРТАЖА:

ОК, задоволен сум со оглед на тоа што ми е прво миење. Потрошив 2 литри раствор.
Мислам дека е проблем само тоа што излегов да ја мијам колата на +35 степени надвор денес во 15:00 и колата претерано брзо се сушеше.

Значи некои делови ми се исушија пред да нанесам шампон, па потоа на некои делови ми се исуши шампонот пред да го исплавам, па го плакнев онака залепен исушен на колата.....

Веројатно наредниот пат ке морам да работам побрзо или кога нема да биде толку жешко.
 
А за седишта?

Има исто некакво млеко за нега на кожни ако ти се. Инаку зависи од материјалот според мене и немора да се даваат пари за тоа, моиве со влажна крпа да се поминат му е доволно пошто такви ми се навлаките.
 
Има исто некакво млеко за нега на кожни ако ти се. Инаку зависи од материјалот според мене и немора да се даваат пари за тоа, моиве со влажна крпа да се поминат му е доволно пошто такви ми се навлаките.

Не се кожни, платнени(велур?) се.
Имам некои флеки од све и свашта, сакав едно перење да им удрам, па незнам какво средство да употребам.
 
на хемиско ако има флеки, ке се прероди ентериерот
 
Јас користам RenCo шампон со восок, средство за стакла и полир паста (по потреба за гребаници) ... имаат секакви ствари за одржување и не се скапи (хрватска марка е) ... а за внатрешноста неможам да поднесам од тие мрсните млека и затоа си ја чистам шалт таблата, воланот и сл. со влажни марамици за кокпит се продаваат и кај нас мислам

http://renco.eu/01_02.html

02.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom