Додека студирам јас дечки на моја возраст прават мнооогу пари.Додека си изолиран пред сесија и учиш највеќе што можеш за само да ги нараниш и онака огромните фрустрации на професорите од комунизмот,млади луѓе работат,добиваат многу познанства,запознаваат секакви луѓе кои понатаму може да им се најдат.Факултетот ти дава само диплома и можеби некакво теоретско знаење(мада сега бубиците функционираат и многу се препишува).Факултетот ти дава шанса за можеби некое подобро работно место за повисока плата,со која нема никакви шанси да се збогатиш.
За да успееш во животот не ти треба факултет,за да успееш ти треба малце пари,среќа и еден куп контакти и познанства кои сигурно нема да ги имаш ако 4 години си на релација факултет-читална-дома-кафана после сесија.
Одлична констатација, како да си читал од моите мисли и си пишувал.

И мене многу ме засега тоа што додека јас учам, додека го тупам мозокот со задачи и програмирање (уште еден електраш тука од информатички смер ака ИКИ

), други “дечурлии“ на мои години па дури и помлади веќе се во работен однос, си прават парички, уживаат во животот, а јас единствено што знам е факултет-дома-кафе-задачи и малку време за друго што спаѓа во “нормален“ живот. Како и да е, “проблемот“ со тие од другата страна е веројатно што они веќе расчистиле со образованието или решиле некое време да останат официјално со средно образование пред да се запишат после на факултет, во што тешко верувам. Готово, осетиш ли мирис на пари, не верувам дека ќе сакаш да изгубиш 4-5 години од животот за да студираш и да дојдеш до диплома. Факт е дека тоа е горчината со која се соочуваат многу студенти. Додека ти да дојдеш до вистинсите пари во животот више ти се смрачува и стемнува пред очи и стануваш нестрплив, еве може да се каже ја влегувам во таква фаза.

Си викам на себе ајде вишеееее у пи*ку матер кога ќе почнам да работам и да правам пари и да се откачам више од родителите, нејќам да зависам од нив и нивната скржавост.

А и не само тоа, туку и свој човек стануваш кога почнеш да работиш и правиш пари, едноставно градиш име и идентитет, имаш избор во животот, создаваш, креираш и пред све имаш редовна трансакција на картичката на твоето конто секој нов месец.
Туку да се вратам на темата за тоа кој факултет е најперспективен во Македонија. Па пошто сум на ФЕИТ попознат како електро ќе ги бранам боите на мојот факултет и тоа објективно, а не субјективно.

Како прво, воопшто не се сложувам со тоа дека цената на програмерите ќе падне и дека не вреди да се запишуваат нови кадри затоа што пазарот ќе се засити од нив. Тоа е тотална глупост, која може да ја каже или некој кој љубомори на ваквите лица пошто знае дека ако си добар во информатика и програмирање поткрепен со диплома ќе нема зима за тебе или некој кој е програмер ама со “купена“ диплома или едноставно не е сигурен во своите квалитети, па нејќе конкуренција од поквалитетни кадри. Ако има трето, нека каже некој.

Ја за мене ќе кажам дека сум сигурен и верувам во моите квалитети и затоа воопшто не се плашам ниту се загрижувам тоа што се запишуваат многу на информатичките смерови, НО мора да нагласам дека сум многу иритиран што некои факултети (да не кажам приватните!) за едвај 3 години и неколку месеци на некои им даваат титула дипломиран информатичар, дипломиран софтверски инжинер и сл. На тој начин ја се осеќам девалвиран со тоа што некој учи далеку помалку математика, електротехника и остали срања како мене, а на крајот дипломира експресно за 3 години (веројатно без ниту еден презапишан предмет, значи толку е “паметен“ што све од прва положува) и веќе мама и тато можат да му бараат работа.

Тоа е кога се отворија факултети на секој чекор и секое слепо и сакато завршува факс како што се спомна во еден пост. Како и да е, она што ме прави позитивен покрај се е тоа што со дипломирање на ФЕИТ стекнуваш титула електроинжинер + соодветната насока, а јас мислам дека титула електроинжинер е повредна и појака титула од споменатите две како пример погоре. Јас се држам до “старото“ правило: “Квалитетот секогаш ќе си исплива, ќе си дојде на површина и до израз и никој ништо нема да му може.“ Мислам дека ова посебно важи за програмерите. Ако некого го бива и не може да најде работа, онда стварно е глуп (за програмери ова важи).

Па само на интернет има безброј freelance сајтови каде луѓе од целиот свет бараат програмери да им направат некој проект за кој они соодветно ќе си платат. Значи, тоа што кажав, за добар програмер не би требало да има зима т.е. неработни денови.

Дури и официјално да не си вработен, пак можеш да правиш пари на интернет. После сакам да кажам дека за да дипломираш на ФЕИТ треба стварно да се здрвиш од учење и решавање задачи. Тоа е тоа што те прави електроинжинер ама не си свесен додека студираш.

Секогаш кога сум сакал да поминам испит без многу решени задачи, гадно сум се заебувал. Исходот бил паднат испит. Во тие моменти првично сум се лутел на факултетот што давале најтешки можни задачи, ама после сфаќам сам сум си крив што не сум сакал да го помачам мозокот, да седнам да го сработам материјалот и убаво да го научам. Од овој аспект, да и јас ќе потврдам електро е убиствено тежок факултет, затоа и многу се откажуваат, едноставно не ги бива или не сакаат да се помачат и да научат. Тежината на електро е правопропорционална со вашата мрзливост. Колку е некој поголема мрза, толку и потежок ќе му е факсот.

А и не само тоа, туку и вака има огромна тежина и бара целосна посветеност и мозгање на проблемите. Е тоа е тоа што електро го прави електро и токму затоа го сакам овој факултет. Стварно излегуваат добри електроинжинери помалку или повеќе. Не те пуштаат да дипломираш додека стварно не покажеш дека си спремен да бидеш прав електроинжинер.

И затоа ќе констатирам без разлика што сум студент на овој факс, важи за еден од најперспективните факултети не само во Македонија, туку било каде во светот. Енергија, телекомуникација, информатика, електроника, софтверско и хардверско инжинерство секогаш ќе бидат барани во светот и затоа факултети што продуцираат вакви кадри секаде се просперитетни.
Што се однесува до Македонија, знаеме дека е класично срање од сите аспекти. Прашање е и колку голема важност ти игра дипломата, а колку врските при вработување. Изгледа второво повеќе натежнува и затоа се повеќе гледаме примери каде несоодветен кадар е на работа, а баш тие што се специјализирани за тоа работно место дремат дома, губат коси и се нервираат. Странство бе луѓе, таму е спасот.

Ако не ве ценат тука, барајте спас на друго место, многу е заебан и ограничен овој балкански менталитет. Светот не е само Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Црна Гора, Бугарија и другите наши блиски и “братски“ држави (да не ги набројувам пошто останаа уште 2 буљашки држави од запад и југ.

). Мора да мислиме глобално ако сакаме да не биде. Тоа што го учиме на факултет можеме да го примениме било каде во светот. Јас сум благодарен и среќен што за релативно евтина цена студирам информатика на квалитетен факс кај нас, додека “колегите“ мои од Америка плаќаат безмалку по 30 000$ за една година студии, а на крајот исто знаење ќе имаме. Што, они да не учат нешто повеќе или од вонземјани па се попаметни само затоа што плаќаат висока школарина?

Исти се математичките закони на било кое место од земјината точка, ист е програмскиот јазик C/C++, Java, C#, Visual C++ итн. итн., иста е електротехниката и струјните кола секаде во светот, значи има некои универзални закони кои важат секаде во светот и каде ти ќе ги научиш не е битно се додека ги знаеш!!! Затоа Македонија ја гледам како отскочна даска за мојата кариера натаму кај и да ме однесе ветерот т.е. парите.
Прав електрашки пост зачинет со многу филозофија и длабоко размислување.
