Светски Шампионат во Снукер 2015
од 18 април 2015 до 4 мај 2015
во англискиот театар Крусибл во Шефилд
4 мај 2015
Шеснаесетти ден - Финале:
Шон Марфи 15:18 Стјуарт Бингам;
За прв пат во својата професионална снукер кариера, која се протега 20 години, Стјуарт Бингам ја освои титулата Светски Шампион во Снукер, извојувајќи победа над Шон Марфи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, со што ја освои титулата Светски Шампион во Снукер 2015 - третата рангирачка титула во неговата професионална снукер кариера после Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011 и кинескиот Шангај Мастерс 2014.
И покрај тоа што во првиот ден од финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 цело време се бореше за да го стигне Шон Марфи, кој го заврши првиот ден од финалето со водство од 9:8, сепак во попладневната сесија од вториот ден од финалето Стјуарт Бингам успеа да предизвика пресвртница, освојувајќи ги првите 4 фрејмови, со што воспостави водство на Марфи со 12:9.
Наредните 6 фрејмови ги освоија последователно Марфи и Бингам, така што водството на Бингам од 3 фрејмови се задржа заклучно со 27-от фрејм, кој беше освоен од страна на Бингам, кој го задржа своето водство над Марфи со 15:12. Наредните 3 фрејмови беа освоени од страна на Марфи, кој за прв пат во мечот успеа да издејствува израмнување на 15:15.
Несомнено одлучувачки беше 31-от фрејм, кој траеше повеќе од 1 час, а беше исполнет со тактички надмудрувања и грешки направени од страна на двајцата финалисти. Неизвесноста до самиот крај на 31-от фрејм до толку ги измори финалистите, што отидоа на кратка пауза во тоалет. После кратката пауза, Бингам го освои 31-от фрејм и повторно воспостави водство над Марфи, овој пат со 16:15.
Наредните 2 фрејма не претставуваа сериозен проблем за Бингам да ги освои и да ја освои титулата Светски Шампион во Снукер 2015, извојувајќи победа над Шон Марфи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 со 18:15.
Со титулата Светски Шампион во Снукер 2015, победничкиот трофеј од Светскиот Шампионат во Снукер 2015, како и со паричната награда во износ од 300000 британски фунти, Стјуарт Бингам ќе има повеќе причини за да слави на 21 мај 2015 кога ќе го прослави својот 39-ти роденден.
Со крајот на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 официјално завршува и снукер сезоната 2014/2015.
Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2015/2016, е Светскиот Куп во Снукер, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 15 јуни 2015 до 21 јуни 2015, во кинескиот спортски центар во Вуши.