Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Bingham ако го победи Trump нека му ја дадат титулата, се надмина себеси.

Финале помеѓу Шон Марфи и Стјуарт Бингам ќе биде ептен интересно, но и Бери Хокинс не е лош за во финале. Џад Трамп одлична игра, но мислам дека премногу го форсираат за шампион бидејќи е млад.
 
Финале помеѓу Шон Марфи и Стјуарт Бингам ќе биде ептен интересно, но и Бери Хокинс не е лош за во финале. Џад Трамп одлична игра, но мислам дека премногу го форсираат за шампион бидејќи е млад.
Трамп едноставно го растури Динг и по победата на Бингамп се олабави скроз на скроз, ќе видиме во нареднава сесија дали ќе се стабилизира.Во секој случај двајцата ми се омилени.Одамна го пратам снукеров и не сум од батките кои го знаат само Осаливен.Иначе на времето бев за Џими Вајт, никад не сум навијал на најдобрите.:)
 
Светски Шампионат во Снукер 2015
од 18 април 2015 до 4 мај 2015
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2015
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Шон Марфи 16:8 Бери Хокинс;
Џад Трамп 7:9 Стјуарт Бингам;

Шон Марфи е на само 1 (ЕДЕН) фрејм од своето 3-то учество во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер, овој пат во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015.

Единствен начин за Бери Хокинс да се квалификува за учество во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, е во вечерната сесија утре, сабота, 2 мај 2015, да ги освои сите 8 фрејмови по ред за да израмни на 16:16 и за да заедно со Марфи одиграат одлучувачки 33-ти фрејм.
 
Светски Шампионат во Снукер 2015
од 18 април 2015 до 4 мај 2015
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2015
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Шон Марфи 17:9 Бери Хокинс;
Џад Трамп 16:17 Стјуарт Бингам;

Утре, недела, 3 мај 2015, во 15:15 часот започнува, а во 20:00 часот продолжува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, каде што силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Стјуарт Бингам;

За 32 годишниот Англичанец Шон Марфи ова ќе биде негово 3-то учесто во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер, откако извојува победа против Метју Стивенс во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2005 со 18:16, и откако изгуби од Џон Хигинс во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2009 со 9:18.

За Англичанецот Стјуарт Бингам, кој за 19 дена од сега, на 21 мај 2015, ќе го прослави својот 39-ти роденден, ова ќе биде негово 1-во учество во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 се игра до максимални 35 фрејмови, односно победата во турнирот, титулата Светски Шампион во Снукер 2015, и паричната награда во износ од 300000 британски фунти, ќе ги однесе играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови. За другиот финалист во Светскиот Шампионат во Снукер 2015, следува парична награда во износ од 125000 британски фунти.
 
Последно уредено:
Навивам за Шон во финалето, овој Бингам ми стана одвратен, досаден снукер игра, неспорно дека голем квалитет има но и доста среќа на моменти... Марфи игра страшен снукер на турниров и само чудо ќе го спаси Бингам од пораз... Го го Шон....
 
Ја би Бингам да освои , има богата кариера , веќе кога стигна до финале конечно па нека стане и он еднашка светски првак . Изузетан снукер игра , врвот го елиминира до финалево .
 
Ја би Бингам да освои , има богата кариера , веќе кога стигна до финале конечно па нека стане и он еднашка светски првак . Изузетан снукер игра , врвот го елиминира до финалево .

Кај ти текна ова ИЗУЗЕТАН од овие коментаториве на ЕуроСпорт. :pos:

Еве, започна финалето, по се изгледа Марфи ќе го освои првиот фрејм.
 
Bingam mozit e odvraten i izgledat ko smigol ali voopsto ne igrat dosaden i defanziven snooker.
 
Светски Шампионат во Снукер 2015
од 18 април 2015 до 4 мај 2015
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2015
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Шон Марфи 9:8 Стјуарт Бингам;

На крајот на првиот ден од финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, Шон Марфи води со 9:8, но Стјуарт Бингам е жилав и не се дава.

Ќе биде изненадувачки и ептен возбудливо доколку се повтори финалето од 1985 година помеѓу Стив Дејвис и Денис Тејлор, но со Шон Марфи и Стјуарт Бингам како финалисти во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, така што би играле до последен одлучувачки 35-ти фрејм се до последната одлучувачка црна топка.

Утре, понеделник, 4 мај 2015, во 15:00 часот започнува претпоследното продолжение, а во 20:00 часот започнува последното продолжение на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, со кое завршува турнирот.
 
Уживање е натреваров, посебно последнава сесија.
 
Бингам сосема заслужено стана шампион. Марфи се изгуби психички во последните два фрејма.
 
Не верувам дека имам гледано подолг фрејм од тој при 15-15, ама и тоа како клучен се покажа. Марфи вака површно океј го прифати поразот и секоја чест за тоа, ама мислам дека ќе ја сонува жолтата топка подолго време.
 
Светски Шампионат во Снукер 2015
од 18 април 2015 до 4 мај 2015
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 мај 2015
Шеснаесетти ден - Финале:

Шон Марфи 15:18 Стјуарт Бингам;

За прв пат во својата професионална снукер кариера, која се протега 20 години, Стјуарт Бингам ја освои титулата Светски Шампион во Снукер, извојувајќи победа над Шон Марфи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015, со што ја освои титулата Светски Шампион во Снукер 2015 - третата рангирачка титула во неговата професионална снукер кариера после Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011 и кинескиот Шангај Мастерс 2014.

И покрај тоа што во првиот ден од финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 цело време се бореше за да го стигне Шон Марфи, кој го заврши првиот ден од финалето со водство од 9:8, сепак во попладневната сесија од вториот ден од финалето Стјуарт Бингам успеа да предизвика пресвртница, освојувајќи ги првите 4 фрејмови, со што воспостави водство на Марфи со 12:9.

Наредните 6 фрејмови ги освоија последователно Марфи и Бингам, така што водството на Бингам од 3 фрејмови се задржа заклучно со 27-от фрејм, кој беше освоен од страна на Бингам, кој го задржа своето водство над Марфи со 15:12. Наредните 3 фрејмови беа освоени од страна на Марфи, кој за прв пат во мечот успеа да издејствува израмнување на 15:15.

Несомнено одлучувачки беше 31-от фрејм, кој траеше повеќе од 1 час, а беше исполнет со тактички надмудрувања и грешки направени од страна на двајцата финалисти. Неизвесноста до самиот крај на 31-от фрејм до толку ги измори финалистите, што отидоа на кратка пауза во тоалет. После кратката пауза, Бингам го освои 31-от фрејм и повторно воспостави водство над Марфи, овој пат со 16:15.

Наредните 2 фрејма не претставуваа сериозен проблем за Бингам да ги освои и да ја освои титулата Светски Шампион во Снукер 2015, извојувајќи победа над Шон Марфи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 со 18:15.

Со титулата Светски Шампион во Снукер 2015, победничкиот трофеј од Светскиот Шампионат во Снукер 2015, како и со паричната награда во износ од 300000 британски фунти, Стјуарт Бингам ќе има повеќе причини за да слави на 21 мај 2015 кога ќе го прослави својот 39-ти роденден.

Со крајот на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 официјално завршува и снукер сезоната 2014/2015.

Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2015/2016, е Светскиот Куп во Снукер, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 15 јуни 2015 до 21 јуни 2015, во кинескиот спортски центар во Вуши.
 
Светски Куп во Снукер 2015
од 15 јуни 2015 до 21 јуни 2015
во кинескиот спортски центар во Вуши

15 јуни 2015
Прв ден - Групни пресметки:

Група А
Кина (прв тим) 3:2 Индија;
Норвешка 3:2 Сингапур;
Малта 5:0 Австрија;

Група Б
Хонг Конг 3:2 Малезија;
Шкотска 4:1 Иран;
Бразил 2:3 Белгија;

Група Ц
Австралија 3:2 Катар;
Велс 5:0 Пакистан;
Полска 0:5 Северна Ирска;

Група Д
Англија 1:4 Тајланд;
Ирска 1:4 Кина (втор тим);
Обединети Арапски Емирати 2:3 Германија;

16 јуни 2015
Втор ден - Групски пресметки:

Група А
Кина (прв тим) 5:0 Сингапур;
Норвешка 5:0 Малта;
Индија 5:0 Австрија;

Група Б
Хонг Конг 3:2 Малезија;
Шкотска 4:1 Иран;
Бразил 2:3 Белгија;

Група Ц
Австралија 2:3 Пакистан;
Велс 4:1 Полска;
Катар 1:4 Северна Ирска;

Група Д
Англија 3:2 Кина (втор тим);
Ирска 5:0 Обединети Арапски Емирати;
Тајланд 3:2 Германија;

Денес, среда, 17 јуни 2015, продолжуваат групните пресметки во Светскиот Куп во Снукер 2015, во кои силите ќе си ги измерат снукер репрезентациите:

Група А
Кина (прв тим) - Австрија;
Норвешка - Индија;
Сингапур - Малта;

Група Б
Хонг Конг - Белгија;
Шкотска - Малезија;
Иран - Бразил;

Група Ц
Австралија - Северна Ирска;
Велс - Катар;
Пакистан - Полска;

Група Д
Англија - Германија;
Кина (втор тим) - Обединети Арапски Емирати;
Ирска - Тајланд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom