Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Стифен Хендри 4:0 Џо Пери;
Метју Стивенс 4:0 Шон Марфи;
Стифен Мегваер 4:2 Џерард Грин;
Рајан Деј 4:2 Рони О'Саливен;
Џон Хигинс 4:1 Дејв Харолд;
Марк Селби 4:2 Марк Кинг.
Не ги гледав забораив ај утре ќе глеам...имаш информации кога се играат и кој игра?
За резултативе накратко мило ми е што Хендри победил и тоа убедливо со 4:0 незнам каква игра прикажал ако го подобрил процентот на long pot ќе го биде ако не ќе изгуби од Мегваер. Штета за О'Саливан последниве неколку првенства испаѓа рано, очигледно има недостаток на тренинзи. Ќејф ми е што испадна "дебелиот" Марфи.
Хигинс е н.1 фаворит за титулата мислам а? Ќе игра со победникот од дуелот Стивенс - Деј, па за полуфинале му останува некој од Картер/Ебдон/Ален/Дингжжвнвжжи.
 
Не ги гледав забораив ај утре ќе глеам...имаш информации кога се играат и кој игра?
За резултативе накратко мило ми е што Хендри победил и тоа убедливо со 4:0 незнам каква игра прикажал ако го подобрил процентот на long pot ќе го биде ако не ќе изгуби од Мегваер. Штета за О'Саливан последниве неколку првенства испаѓа рано, очигледно има недостаток на тренинзи. Ќејф ми е што испадна "дебелиот" Марфи.
Хигинс е н.1 фаворит за титулата мислам а? Ќе игра со победникот од дуелот Стивенс - Деј, па за полуфинале му останува некој од Картер/Ебдон/Ален/Дингжжвнвжжи.

Динг Џунхуи, така се вика Кинезот :)
Мислам дека е глупаво да објавувам распоред на сите мечови на форумов,
вообичаено објавувам кои ќе си ги одмерат силите во полуфиналињата и во финалињата,
но можам да препорачам некои сајтови на кои можеби може да се дојде до таквите информации:

Официјалниот веб сајт на Светската Снукер Асоцијација:
http://www.worldsnooker.com/

Официјалниот веб сајт на BBC Sport:
http://news.bbc.co.uk/sport

Официјалниот меѓународен (International) веб сајт на EuroSport:
http://eurosport.yahoo.com/

Се надевам дека на некој од овие сајтови ќе дојдеш до бараните информации.
Барем знам дека побрзо од мене ќе дојдеш до резултатите :)
Презафатен сум деновиве и никако да успеам да ги изгледам сите мечови од почеток до крај,
а како што може и да се забележи, доста доцна ги објавувам резултатите.
 
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2011
од 14 февруари 2011 до 20 февруари 2011
во велшкиот Њупорт Центар

17 февруари 2011
Четврт ден:

Марк Вилијамс 4:0 Џејми Коуп;
Али Картер 4:1 Питер Ебдон;
Метју Стивенс 4:3 Рајан Деј;
Динг Џунхуи 4:3 Марк Ален;
Граем Дот 4:1 Нил Робертсон;
Стифен Мегваер 4:2 Стифен Хендри.

Прекрасен снукер.

Метју Стивенс го водеше Рајан Деј со 3:1, по што Деј ги освои наредните 2 фрејмови по ред
и израмни на 3:3, по што играа последен одлучувачки 7-ми фрејм, кој беше освоен од страна на Стивенс.

Марк Ален го водеше Динг Џунхуи со 3:1, но од 5-от фрејм па понатаму, среќата беше на страната на
Динг, кој ги освои наредните 3 фрејмови по ред за да оствари победа над Ален со 4:3.

Марк Вилијамс му одржи мајсторска лекција по снукер на Џејми Коуп со 4:0.

Али Картер си уживаше во својата победа над Питер Ебдон со 4:1, со што му врати за поразот на
UK Masters 2011, а кристално исто задоволство во својата победа уживаше и Граем Дот со својата
победа над Нил Робертсон со 4:1, со што му врати за поразот на Светскиот Шампионат во Снукер 2010.

Стифен Хендри успеа да го израмни рекордот во најмногу направени брејкови од 147 поени на Рони О'Саливен,
со тоа што го оствари официјално 10-от брејк од 147 поени во својата професионална кариера, но за жал,
тоа не беше доволно за да го совлада Стифен Мегваер, кој оствари победа над Хендри со 4:2.
 
каков меч беше само стивенс - деј . на 3-1 водство , стивенс промаши зицер црна , при 16-0 на петата табла , па деј искористи и му намали на 3-2 . на 6тата табла имаше еден куп промашувања , беше тесно до крај , некако успеа деј да ја земе и му израмни на 3-3. во решавачката 7,а табла повторно стивенс промаши зицер, откако имаше неколку неверојатни погодоци . дојде деј на ред , и сите очекуваа рутинирано да ја исчисти масата деј , но кога ја внесе жолтата катастрофално ја намести белата , си направи сам снукер , по што се врати стивенс од мртвите и успеа да ја освои 7мата табла . муабетот е што требаше да победи 4-1 лесно-лесно , а за малку ќе отпаднеше метју стивенс.

за хендри секоја чест , на прва табла да направиш 147 е за респект. се запали цела сала :) , интересно ми беше како нил робертсон од другиот крај на салата се подигаше од столчето да ги види последните 2-3 топки. го има клипот на јутјуб .

денес се мислев да ја пишам сингл селби - дот 1 (1.8) , се надевам нема да излезе да не ми е мака . :)


да напишам збор два за чудовиштето од играч Џон Хигинс. Играчиште !! Психички убедливо најдобриот играч . Како само го освои ланското светско првенство. се мачеше првите кола со квалификантите , со селби мајсторката беше незаборавлива во 1/4 финалето . се повтори последната табла , хигинс , беше прв на потег , и му ја залепи белата зад жолтата . селби на шала рече да ја повторат :) .
потоа англиските гомна , решија да го местат и да го заплашуваат човекот ( со наводните местени мечеви ) . Но што се случи ?! Заврши судењето , го ослободија човекот , и за месец дена турнир во сред англија . И што мислите кој го освои ? Нормално тоа беше феноменалниот и неуништив Џон Хигинс . Мојот омилен играч .
 
да напишам збор два за чудовиштето од играч Џон Хигинс. Играчиште !! Психички убедливо најдобриот играч . Како само го освои ланското светско првенство. се мачеше првите кола со квалификантите , со селби мајсторката беше незаборавлива во 1/4 финалето . се повтори последната табла , хигинс , беше прв на потег , и му ја залепи белата зад жолтата . селби на шала рече да ја повторат :) .
потоа англиските гомна , решија да го местат и да го заплашуваат човекот ( со наводните местени мечеви ) . Но што се случи ?! Заврши судењето , го ослободија човекот , и за месец дена турнир во сред англија . И што мислите кој го освои ? Нормално тоа беше феноменалниот и неуништив Џон Хигинс . Мојот омилен играч .

Што се однесува до светското првенство во снукер, најверојатно мислиш на Светскиот Шампионат во Снукер 2009,
а не на ланскиот, бидејќи на ланскиот Нил Робертсон го победи Граем Дот во финалето.

А што се однесува до лани, да, лани Хигинс го освои Британскиот Шампионат во Снукер 2010.
Типот игра прекрасно под притисок. Полесно е да го оставиш да те тепа, па после да бркаш шанса
за да израмниш, па да играте до последен одлучувачки фрејм, бидејќи ако земеш да го водиш,
има партал да те направи, бидејќи прекрасно игра под притисок.

Туку дај објасни ми нешто околу тоа коцкањето.
Каде се коцкаш ?
Јас се коцкам одвреме навреме во Спорт Лајф, но таму мораш да уплатиш на минимум 4 натпревари,
не знам за други опции.
Тоа сингл е опција да уплатиш на само еден натпревар, или ... ?

Не се разбирам од коцкање баш многу :)
 
абе за сингл не сум прашал и јас дали може , во депортиво има снукер да се кладиш . ги фатив пред некој ден мегвајр со грин мислам беше (1.4 коеф) 4-2 и хендри - пери 4-0 ( коеф 1.8 поклон :) ) . а најубаво е да си имаш акаунт на интернет , оти таму можеш во живода се кладиш , пример ќе видиш 2-3 табли кој како игра па да уплатиш на што те влече повеќе.

инаку да , мислев на последниот пат кога хигинс освои светски шампионат :)
 
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2011
од 14 февруари 2011 до 20 февруари 2011
во велшкиот Њупорт Центар

18 февруари 2011
Петти ден:

Стифен Мегваер 5:3 Марк Вилијамс;
Марк Селби 5:3 Граем Дот;
Али Картер 5:2 Динг Џунхуи;
Џон Хигинс 5:3 Метју Стивенс.

И последниот Велшанин заврши со своето присуство на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011.
Марк Вилијамс изгуби од Стифен Мегваер со 5:3.
Со ист резултат изгубија и Граем Дот од Марк Селби и Метју Стивенс од Џон Хигинс.
Единствено Динг Џунхуи изгуби од Али Картер со 5:2.

Само мечот помеѓу Џон Хигинс и Метју Стивенс го гледав, и тоа баш кон крајот.
Што да додадам, Хигинс си е во супер форма, игра како вистински снукер генијалец, што според мене и е.
Едно време имаше надеж дека Стивенс ќе успее да израмни на 4:4 и дека ќе играат до последен одлучувачки 9-ти фрејм,
но неговото промашување на црвена топка ја запечати неговата судбина на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011.
Но сепак, доволна беше барем една грешка на Хигинс, бидејќи му требаа сите останати топки, освен црната, за да ја
осигура победата во мечот, но Хигинс во свој стил, демонстрираше апсолутна доминација и контрола врз масата и успеа
да ги внесе сите топки, освен црната која што, ако сакаше ќе успееше да ја внесе, бидејќи не беше тежок потегот за нејзино
внесување.

Во полуфиналето на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011,
силите ќе си ги одмерат:

Џон Хигинс против Али Картер;
и
Марк Селби против Стифен Мегваер.
 
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2011
од 14 февруари 2011 до 20 февруари 2011
во велшкиот Њупорт Центар

19 февруари 2011
Шести ден:

Џон Хигинс 6:2 Али Картер;
Марк Селби 5:6 Стифен Мегваер.

Во првата половина на полуфиналето, Џон Хигинс во свој стил на снукер генијалец, извојува победа над Али Картер.

Картер го освои 1-от фрејм, уживајќи водство над Хигинс само на почетокот од 1:0,
по што Хигинс ги освои 2-от и 3-от фрејм, уживајќи водство над Картер од 2:1, по што Картер го
освои 4-от фрејм и успеа да израмни на 2:2.
Потоа Хигинс ги освои наредните 4 фрејмови по ред со што успеа да се пласира во финалето на
Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011 извојувајќи победа над Картер со 6:2.

Од друга страна, во втората половина на полуфиналето, Марк Селби и Стифен Мегваер си ги одмеруваа
силите до последниот одлучувачки 11-ти фрејм.

Мегваер го превзеде водството со 1:0 со освојувањето на 1-от фрејм, по што Селби го освои 2-от фрејм
и израмни на 1:1. Потоа Мегваер го освои 3-от фрејм, со што повторно го превзеде водството, овој пат со 2:1,
по што Селби ги освои 4-от и 5-от фрејм, за прв пат превземајќи го водството со 3:2. Потоа Мегваер повторно израмни,
овој пат на 3:3, освојувајќи го 6-от фрејм, по што Селби по втор пат го превзеде водството, овој пат со 4:3,
освојувајќи го 7-от фрејм. Потоа Мегваер ги освои 8-от и 9-от фрејм, по што по втор пат го превзеде водството,
овој пат со 5:4, по што Селби повторно израмни, овој пат со 5:5, освојувајќи го 10-от фрејм.
Во последниот одлучувачки 11-ти фрејм, после лош почетен удар од страна на Селби, Мегваер успеа да постигне
одлучно водство во фрејмот од 67:0, по што не успеа да ја внесе розовата за да го зголеми водството.
Селби успеа да ги внесе сите црвени топки освен последната, пратени од обоени се разбира, по што планираше да
издејствува дури 3 грешки од Мегваер со последната црвена топка за да надомести за дефицитот од поени кои му беа
потребни на Селби за да подоцна кога ќе му дојдеше редот да игра, со внесување на сите останати топки извојува победа
во фрејмот, а со тоа и во мечот.
Но Мегваер демонстрираше неверојатна контрола и самодоверба, по што после неколку обиди, успеа да ја внесе последната
црвена, по што на Селби му стана јасно дека нема што друго да очекува од својот настап на Велшкото Отворено Првенство
во Снукер 2011, освен да се ракува со Стифен Мегваер за да му ја честита победата во полуфиналето со 6:5.

Денеска, недела, 20 февруари 2011, во финалето на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011,
силите ќе си ги одмерат двајцата сонародници и добри пријатели кои што одвреме навреме тренираат заедно,
Шкотланѓаните Џон Хигинс и Стифен Мегваер.

Без разлика кој од нив двајцата ќе ја однесе победата во финалето, сепак едно е сигурно,
победничкиот трофеј на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011 ќе оди во Шкотска.
 
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2011
од 14 февруари 2011 до 20 февруари 2011
во велшкиот Њупорт Центар

20 февруари 2011
Шести ден - Финале:

Џон Хигинс 9:6 Стифен Мегваер.

Во попладневната сесија, која траеше 8 фрејмови, Џон Хигинс имаше тешки проблеми со долгите потези,
како и со потезите за кои што му требаше помошниот стап. Ваквите недостатоци кај Хигинс беа искористени
од страна на Стифен Мегваер, кој ја заврши попладневната сесија со водство над Хигинс од 5:3.

Во вечерната сесија настапи еден сосема поинаков Хигинс од оној во попладневната сесија.
Хигинс ги освои првите 4 фрејмови по ред, по што го превзеде водството над Мегваер со 7:5,
по што Мегваер го освои наредниот фрејм и го намали водството на Хигинс на 7:6.
Потоа Хигинс ги освои наредните 2 фрејмови по ред за да извојува победа над Мегваер во финалето
на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011 со 9:6.

Но мора да се спомне и фактот дека Мегваер не се откажа лесно во 15-от фрејм.
Кога се очекуваше дека Хигинс конечно извојува победа во финалето, Мегваер успеа да изнуди
2 грешки од Хигинс за да надомести за дефицитот во поени кои му беа потребни за да го освои
фрејмот. Но потоа и самиот Мегваер направи грешка со внесување на белата топка, по што Хигинс
ја внесе кафеавата, а потоа ја промаши плавата, но сето тоа беше повеќе од доволно за Мегваер
да стане и за да се ракува со Хигинс, староновиот шампион на Велшкото Отворено Првенство во Снукер,
по освојување на истото во 2010 и 2011, односно задржувајќи ја титулата 2 сезони по ред, со што Хигинс
се стави себеси во иста група со Стив Дејвис и Рони О'Саливен, кои досега беа единствените шампиони
на Велшкото Отворено Првенство во Снукер кои 2 сезони по ред успеале да ја задржат титулата.

Исто така, со оваа победа Хигинс се стави себеси на 3-то место на актуелни живи професионални
снукераши кои освоиле најмногу турнири, со Стифен Хендри на 1-во место, Стив Дејвис на 2-ро место,
како и Рони О'Саливен на 4-то место.

Со победата во Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011, Хигинс досега ги има освоено 23 рангирни титули
во својата кариера, додека О'Саливен досега ги има освоено 22 рангирни титули во својата кариера.

Од друга страна, Стифен Хендри во својата кариера досега ги има освоено 36 рангирни титули,
а Стив Дејвис во својата кариера досега ги има освоено 28 рангирни титули.
Стифен Мегваер досега во својата кариера ги има освоено 4 рангирни титули.

Инаку, на самиот почеток на финалето, Хигинс потенцираше дека тој и Мегваер се добри пријатели,
и без разлика кој од нив двајцата ќе ја извојува победата во финалето сепак, по финалето, ќе се почастат пијалок.
Од друга страна, Џозефин Хигинс, мајката на Џон Хигинс нетрпеливо ја чекаше победата на Хигинс
во 15-от фрејм, до тој степен што заедно со сопругата на Хигинс, Дениз Хигинс, слегоа пред влезот за
играчите во салата чекајќи да влезат за да му ја честитаат победата на Џон Хигинс, иако фрејмот беше
неизвесен до самиот крај поради одлучноста на Мегваер во истиот.

Наредниот професионален турнир во снукер е Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2011,
рангирачки турнир во снукер кој ќе се одвива од 28 март 2011 до 3 април 2011.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 28 март 2011 до 3 април 2011
во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет:

28 март 2011 - 30 март 2011:
Прв, втор и трет ден - 16-на финале:

Стифен Хендри 5:0 Метју Стивенс, 28 март 2011;
Нил Робертсон 5:1 Бери Хокинс, 28 март 2011;
Марк Вилијамс 4:5 Стифен Ли, 29 март 2011;
Стифен Мегваер 3:5 Марк Дејвис, 29 март 2011;
Динг Џунхуи 5:4 Курт Мафлин, 29 март 2011;
Шон Марфи 5:3 Џо Пери, 29 март 2011;
Граем Дот 4:5 Ли Ханг, 29 март 2011;
Марк Ален 4:5 Маркус Кемпбел, 29 март 2011;
Џон Хигинс 5:3 Најџел Бонд, 30 март 2011;
Марко Фу 3:5 Џад Трамп, 30 март 2011;
Али Картер 5:1 Стјуарт Бингам, 30 март 2011;
Питер Ебдон 5:2 Џерард Грин, 30 март 2011;
Рони О'Саливен 2:5 Рајан Деј, 30 март 2011;
Марк Селби 5:3 Тиан Пенгфеи, 30 март 2011;
Џејми Коуп 3:5 Роб Милкинс, 30 март 2011;
Рики Волден 5:4 Мартин Гоулд, 30 март 2011.

Се извинувам бидејќи малку повеќе доцнам со резултативе од 16-на финалето, но ниту ги пратев сите мечови,
ниту имав време за да ги објавам резултатите.

Но располагам со доста слободно време до крајот на неделава, така да, сигурно навремено ќе ги објавувам наредните
резултати.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 28 март 2011 до 3 април 2011
во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет:

31 март 2011
Четврт ден - осмина финале:

Шон Марфи 5:4 Ли Ханг;
Нил Робертсон 1:5 Питер Ебдон;
Рајан Деј 2:5 Стифен Ли;
Џад Трамп 5:2 Марк Дејвис;
Стифен Хендри 2:5 Динг Џунхуи;
Али Картер 5:3 Маркус Кемпбел;
Роберт Милкинс 1:5 Марк Селби;
Џон Хигинс 5:2 Рики Волден.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 28 март 2011 до 3 април 2011
во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет:

1 април 2011
Петти ден - четвртина финале:

Џон Хигинс 2:5 Шон Марфи;
Џад Трамп 5:1 Питер Ебдон;
Али Картер 1:5 Марк Селби;
Стифен Ли 2:5 Динг Џунхуи.

Денес, 2 април 2011, силите во полуфиналето ќе си ги одмерат:

Шон Марфи - Џад Трамп; и
Марк Селби - Динг Џунхуи.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 28 март 2011 до 3 април 2011
во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет:

2 април 2011
Шести ден - полуфинале:
Шон Марфи 1:6 Џад Трамп;
Марк Селби 6:3 Динг Џунхуи.

Утре, недела, 3 април 2011, силите во финалето ќе си ги одмерат:

Марк Селби и Џад Трамп.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 28 март 2011 до 3 април 2011
во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет:

3 април 2011
Седми ден - Финале:

Марк Селби 8:10 Џад Трамп.

21 годишниот англичанец од Бристол, Англија, Џад Трамп, извојува победа над Марк Селби во финалето
на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2011 во студентската спортска сала на пекиншкиот универзитет.

Трамп уживаше тотална доминација над Селби во текот на мечот, првично со водство од 4:1, па 5:3, па 6:3,
по што Селби ги освои наредните 2 фрејмови, намалувајќи го водството на Трамп на 6:5.
Потоа Трамп успеа да го зголеми водството, овој пат на 7:5 со освојувањето на 12-от фрејм,
но Селби го освои 13-от фрејм, повторно намалувајќи го водството на Трамп за само еден фрејм, овој пат на 7:6.
Потоа Трамп повторно го зголеми водството за уште еден фрејм, овој пат на 8:6 со освојувањето на 14-от фрејм.
Селби конечно успеа да израмни на 8:8 со освојувањето на 15-от и 16-от фрејм, но потоа Трамп ги освои наредните
2 фрејмови по ред, со што ја освои својата прва рангирачка титула во својата кариера како професионален снукераш
со резултат од 10:8.

По извојувањето на победата, 21 годишниот англичанец изјави:
"Мојата кариера започнува сега. Последните четири или пет години беа чист тренинг и подготовка за овој момент".

Со извојувањето на оваа победа, 21 годишниот Џад Трамп успеа конечно да се пласира себеси во Топ 16 најдобрите
снукераши во светот, освојувајќи ја 14-та позиција со 36015 бодови, пред Џејми Коуп на 15-та позиција со 35580 бодови,
и после Питер Ебдон на 13-та позиција со 36480 бодови.

Наредниот професионален турнир во снукер е Светскиот Шампионат во Снукер 2011,
рангирачки турнир кој ќе се одвива од 16 април 2011 до 2 мај 2011 во англискиот театар Крусибл во Шефилд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom