Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Што му е на ушле?
Мене ми беше симпатичен играч.
Прво ослабе многу, сега види го :(
Ај, побрзо оправање.

Ги има споменатите причини напишани од другите членови.
Но медиумите пишуваа во изминатиот период дека мајка му е болна, па изминатиот период се грижел за неа, и помалку време поминувал на тренинзи за снукер, и се гледаше тоа вчера бидејќи ја губеше идеалната позиција на белата кугла и имаше мали брејкови во поени, ама на моменти имаше супер дефанзивни потези и се гледа дека е уште врвен снукер играч, само да тренира повеќе и да среди приватни проблеми.
Инаку мене најомилен играч ми е Марк Ален од светот на снукерот, за малку не се оствари мое предвидување дека во финалето на СП 2026 ќе играат Ален и Марфи. Ален промаши зицер црна кугла против Ву Јизе во полуфиналето и потоа изгуби Ален, а Ву Јизе во финалето победи против Марфи.
Вчера имаше дека Ален размислува за пензионирање, се надевам ќе продолжи да тренира и да го освои СП во Шефилд и да ја комплетира т.н тројна круна.
И јас имам вишок килограми како и Ален што ги имаше пред неколку години.

Толку блиску а толку далеку титулата беше за Ален, и мене ми е кошмар таа ноќ помеѓу 2 и 3 Мај 2026 година и промашената црна кугла.
 
Епа другото. Чим вика глеам да преживеам дужен е значи. Ја не можев да најдам извор за ова шо викаш,али кој идиот треба да си да не знаеш да менаџираш со милиони и да трошиш само.

Како љубител општо на случувањата во снукерот, голем фан на Марк Ален и некој кој помно го следи секој негов натпревар - да ви ја објаснам неговата кариера пропратена со проблемите и последиците од нив што излегоа еве јавно и пред камерите...

Марк е исклучително талентиран играч. Аматерски снукер шампион, кој од неговото појавување во професионалниот снукер за многу брзо време се искачи во топ 16. На почеток на кариера беше тежок напаѓач, страшен брејк билдер(има преку 700 брејкови преку 100 поени и е моментално на 10 место на вечната листа), снукер играч кој одлично владее во мал простор особено во реонот околу кластерот и црната топка (донекаде разбирливо, со оглед на тоа што беше дебелко а е прилично низок :D), но и многу добар дефанзивец. Успеа да освои неколку титули разбирливо за така добар играч - пред се` тука ќе ги спомнам најважните Мастерс и УК Шампионатот. Но, за да си го исполни неговиот сон и да ја комплетира Тројна круна(светиот грал во снукерот) му фали да ја освои тутулата Светки шампион!!! Во изјавите пред и после натпреварите тој го потенцира тоа како негова животна цел и достигнување. Двапати успева да стигне до 1/2 финале на Светското - а мислам дека настапува на сите откога станува професионалец... Низ годините го следат и проблемите на приватен план што ги пишавте погоре финансиски, но и со сопругите/девојките... со неговата прва жена Риан Еванс исто така снукерка ја има ќерката околу која ќе се натегаат правно низ годините.
Незнам дали знаете ама они двајца додека се на ратна нога се погодува во жребот мислам дека беше на Бритиш опен да играат меѓусебно. Момент кој не се пропушта! Која awkward ситуација беше тоа... на почеток секогаш снукер играчите или се ракуваат или се допираат со тупаници. Марк ја пружа раката оваа се прави наудрена :shook: Едвај, значи едвај, Марк успеа да ја победи бившата му на мускули со пресврт 3:2. Мислам ако добро се сеќавам дека и на крајот дотката не сакаше ни да му честита. А таков испаничен и тензичен како тогаш Марк не сум го гледал никогаш.
Со неа исто така имаше и проблем на Светско снукер првенство кога бараше да ја тргнат Риан како стручен аналитичар и коментатор од ББЦ оти го деконцентрирала и неможел да вежба пред натпреварите. Низ годините ги закопаа секирите ја смирија малку топката сега делуваат дека се сосем ОК....
Марк во меѓувреме ослабе бааѓи а неговата напаѓачка игра се трансформира во одбрамбена и стана одличен дефанзивно ориентиран снукераш - би го ставил во топ3 со Селби и Хигинс. Дури и со таков "досаден" стил (стана неомилен и омразен кај публиката) успеа да освои уште неколку титули а со втората престижна УК Шампионат титула успеа и накратко да се искачи на првото место на снукер ранкингот. Ова е периодот кога е со втората жена со која исто така има ќерка. За кратко време пак го следат истите проблеми, разводи, финансии - менува уште некоја девојка и стигаме до Светкото лани.
Марк важи за еден од ретките снукер играчи кои немаат титула светски првак а има повеќе освоени снукер титули од останатите рангирни турнири. Насекаде се потенцира тоа во изјави и се става дополнителен притисок врз него дека конечно е моментот и мора да ја освои...
1-ва рунда Жанг Анда солиден играч - 10:6
2-ра рунда Кајрен Вилсон бивш шампион 13:9
1/4 финале Бери Хокинс тврд орев 13:11
И стигаме до фамозното 1/2 финале со Ву Јизе.... Ву игра импресивно скоро и е непобедлив и го игра можда најдобриот снукер целото првенство - дури и финалето со Марфи кога освојува не игра така добро како против Марк.
Ниту добрата дефанзива на Марк не му помага многу затоа што Ву поентира од дистанца скоро перфектно.
Фрејм за фрејм сесија по сесија Марк успева да го следи во чекор а се враќа и од негатива 6:2. На резултат 16:14 Ален за прв пат има шанса да триумфира но не ја користи првата. На 16:15 и фамозниот момент кој по се` изгледа ќе му ја обележи кариерата. Марк стига до црната последна топка за победа. И во тој момент кога цел Крусибл очекува конечно да го гледаме во финалето, дури во моментот кога Марк го изведува ударот судијата во позадина се спрема за ракување и трга да ја вади накаквицата, НО :shok2: сите остануваме подзинати Марк промашува. Во тој момент 100% сум сигурен дека по тој момент Марк нема да успее да победи на крај. Така и бидна. Неможев да поверувам во тоа што го гледам... јас страшно се разочарав - можам да замислам како му било него во тие моменти. Гордо и со крената глава го заврши натпреварот на крај имаше само пофални зборови за Ву. Очекував дека Марк лесно ќе заборави и догодина ќе се врати појак и ќе успее да стане светски шампион... едноставно такви моменти во снукерот кога и најмал милиметар полево или подесно може да значат титула се чести и нема место за загриженост
Но...
Почна новата сезона...
Марк го нема на турнирите.! Еден турнир, два... се насобираат десет турнири на кој откажува настап а нема официјално објаснување освен тоа дека се повлекува од лични причини.. Ајде, можда човекот е на распаќе си велиш... жени, деца, алиментации, финансии ќе се среди и ќе се врати. Потајно веруваш дека промашената црна не му оставила толкав голем психички товар и тој момент му е лесно надминат!
Конечно!
"Време е" - пишува самиот на социјалните платформи. Одбра да се врати на Северно Ирскиот Шампионат на негов домашен терен и тоа игра баш против неговиот добар пријател, сонародник и тренинг партнер Џордан Браун. Подобро враќање и посоодветен ривал од тоа амин:ojeaa: Лаганица, има да пршти на сите страни. Се појавуваат, еуфорија владее во побликата... Пиштолот конечно се врати.
На прва ништо не делува невообичаено кај Марк Ален - можеби делува малку пресериозно и неговата вообичаена смислата за хумор со судијата или со противникот изостанува ама ништо битно. Игра, иако дефанзивата неговиот заштитен знак му е далеку од најдобрите денови, и изгубил малку на презицност - сепак успева да направи ситни брејкови... НО стигаме до скоро ист момент како во полуфиналето - сличен удар, слично растојание, иста дупка, иста топка ЦРНА!! И ЈА ПРОМАШУВА и тоа квалитетно!!! Сега?!
Ми светнува - човекот сеуште го прогонува тој момент. Веќе почнуваат да се забележуваат проблеми кои го мачеле и зошто го немало... делува отсутно и далечно и како нешто да не е ОК со него. Психички е скроз скршен - очекував да стане да замине од масата во секој момент. На паузите помеѓу фрејмовите седи замислен, мижи и си мрмори некоја молитва т.е се храбри себе си. Завршува натпреварот, го губи 4:2 и т потоа се отвара и признава се` на постмеч интервјуто и највува потенцијално пензионирање !!! :oops:

Се надевам дека ќе го среди што е можно побрзо менталното здравје. Ете сега кога веќе сите дознаа за неговите проблемите и е спремен јасно и отворено да зборува за нив и да ги реши. Плус снукер асоцијацијата и дел од колегите застанаа зад него а позитивен знак е што самиот пред некој ден пиша дека UK Шампипонатот е можно сценарио за негово повторно враќање.
:semolam:
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom