Што му е на ушле?
Мене ми беше симпатичен играч.
Прво ослабе многу, сега види го
Ај, побрзо оправање.
Ги има споменатите причини напишани од другите членови.
Но медиумите пишуваа во изминатиот период дека мајка му е болна, па изминатиот период се грижел за неа, и помалку време поминувал на тренинзи за снукер, и се гледаше тоа вчера бидејќи ја губеше идеалната позиција на белата кугла и имаше мали брејкови во поени, ама на моменти имаше супер дефанзивни потези и се гледа дека е уште врвен снукер играч, само да тренира повеќе и да среди приватни проблеми.
Инаку мене најомилен играч ми е Марк Ален од светот на снукерот, за малку не се оствари мое предвидување дека во финалето на СП 2026 ќе играат Ален и Марфи. Ален промаши зицер црна кугла против Ву Јизе во полуфиналето и потоа изгуби Ален, а Ву Јизе во финалето победи против Марфи.
Вчера имаше дека Ален размислува за пензионирање, се надевам ќе продолжи да тренира и да го освои СП во Шефилд и да ја комплетира т.н тројна круна.
И јас имам вишок килограми како и Ален што ги имаше пред неколку години.
Толку блиску а толку далеку титулата беше за Ален, и мене ми е кошмар таа ноќ помеѓу 2 и 3 Мај 2026 година и промашената црна кугла.
