Британски Шампионат во Снукер 2012
од 1 декември 2012 до 9 декември 2012
во англискиот центар Барбикан во Јорк
7 декември 2012
Седми ден - Полуфинале:
Али Картер 8:9 Шон Марфи;
Во првиот меч од полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012, во кој силите си ги измерија Али Картер и Шон Марфи, обожавателите на снукерот сведочеа на прекрасна снукер класика, во која се играше до последен одлучувачки фрејм.
Али Картер доминираше над Шон Марфи во текот на целиот меч, освојувајќи ги првите 2 фрејмови од првата сесија со што воспостави водство над Марфи со 2:0, по што Марфи ги освои 3-от и 4-от фрејм, со што го израмни резултатот на 2:2. После 15 минутната пауза, Картер ги освои 5-от и 6-от фрејм, со што повторно воспостави водство над Марфи од 2 фрејма, овој пат на 4:2. Марфи го освои 7-от фрејм, со што го намали водството на Картер на само еден фрејм со 4:3, но Картер го освои 8-от фрејм, со што првата сесија од мечот заврши со водство на Картер над Марфи со 5:3.
Во втората сесија, Картер го освои 9-от фрејм од мечот, со што за прв пат во мечот го зголеми своето водство над Марфи за 3 фрејмови со 6:3, но Марфи го освои 10-от фрејм, со што повторно го намали водството на Картер за 2 фрејмови, овој пат на 6:4. Картер ги освои 11-от и 12-от фрејм, со што за прв пат во мечот го зголеми своето водство над Марфи за 4 фрејмови со 8:4 и само 1 фрејм го делеше од победа во полуфиналето и пласман во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012. Но после 15 минутната пауза, Шон "Магионичарот" Марфи се врати во одлична форма и се разигра, освојувајќи ги наредните 4 фрејмови, израмнувајќи го повторно резултатот во мечот, овој пат на 8:8, по што Марфи го освои и последниот и одлучувачки 17-ти фрејм, извојувајќи победа над Али Картер со 9:8.
Во недела, 9 декември 2012, по втор пат во својот живот, Шон Марфи ќе учествува во финале на Британскиот Шампионат во Снукер, поточно ќе учествува во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012, каде што ќе си ги измери силите или со Марк Дејвис или со Марк Селби.
Своето прво учество во финале на Британскиот Шампионат во Снукер, поточно во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2008, Шон Марфи го круниса со победа над Марко Фу со 10:9, каде што исто така се играше до последен и одлучувачки 19-ти фрејм во финалето.
Доколку во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012, Шон Марфи игра во ист ритам и со исто темпо како и во полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012, тогаш дефинитивно ќе сведочиме на возбудливо и незаборавно финале во недела, 9 декември 2012.
Утре, сабота, 8 декември 2012, ќе се одигра вториот и последен меч од полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2012, во кој силите ќе си ги измерат:
Марк Дејвис - Марк Селби.