Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 9 јули 2012 до 15 јули 2012
во австралискиот Швепс Центар во Бендиго, Викторија

11 јули 2012
Трет ден - 16-на финале:

Бери Хокинс 5:1 Ксиао Гуодонг;
Мартин Гоулд 5:3 Кен Дохерти;
Динг Џунхуи 5:0 Ален МекМанус;
Марк Селби 3:5 Џејми Барнет;

11 јули 2012
Трет ден - Осмина финале:

Стифен Ли 5:2 Џејми Коуп;
Шон Марфи 5:1 Том Форд;

Утре, четврток, 12 јули 2012, во осмина финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Метју Селт - Рајан Деј;
Бери Хокинс - Метју Стивенс;
Мартин Гоулд - Цао Јупенг;
Марк Дејвис - Нил Робертсон;
Питер Ебдон - Динг Џунхуи;
Марко Фу - Џејми Барнет.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 9 јули 2012 до 15 јули 2012
во австралискиот Швепс Центар во Бендиго, Викторија

12 јули 2012
Четврт ден - Осмина финале:

Метју Селт 5:3 Рајан Деј;
Бери Хокинс 5:2 Метју Стивенс;
Мартин Гоулд 5:4 Цао Јупенг;
Марк Дејвис 5:1 Нил Робертсон;
Питер Ебдон 5:4 Динг Џунхуи;
Марко Фу 5:1 Џејми Барнет;

Утре, петок, 13 јули 2012, во четвртина финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Метју Селт - Бери Хокинс;
Мартин Гоулд - Марк Дејвис;
Шон Марфи - Питер Ебдон;
Стифен Ли - Марко Фу.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 9 јули 2012 до 15 јули 2012
во австралискиот Швепс Центар во Бендиго, Викторија

13 јули 2012
Петти ден - Четвртина финале:

Метју Селт 3:5 Бери Хокинс;
Мартин Гоулд 2:5 Марк Дејвис;
Шон Марфи 4:5 Питер Ебдон;
Стифен Ли 1:5 Марко Фу;

Утре, сабота, 14 јули 2012, во полуфиналето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Бери Хокинс - Марк Дејвис;
Питер Ебдон - Марко Фу.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 9 јули 2012 до 15 јули 2012
во австралискиот Швепс Центар во Бендиго, Викторија

14 јули 2012
Шести ден - Полуфинале:

Бери Хокинс 6:4 Марк Дејвис;
Питер Ебдон 6:2 Марко Фу;

Денес, недела, 15 јули 2012, во финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Бери Хокинс - Питер Ебдон.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 9 јули 2012 до 15 јули 2012
во австралискиот Швепс Центар во Бендиго, Викторија

15 јули 2012
Седми ден - Финале:

Бери Хокинс 9:3 Питер Ебдон;

На денешен ден, недела, 15 јули 2012, англискиот Сокол, Бери Хокинс, ја освои првата рангирачка титула во својата професионална снукер кариера - Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2012.

Нека му се множат титулите.

Нареден професионален турнир во снукер за сезоната 2012/2013, е кинескиот Шангај Мастерс 2012, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 17 септември 2012 до 23 септември 2012 во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

17 септември 2012
Прв ден - 16-на финале:

Марк Вилијамс 5:1 Марк Дејвис;
Метју Стивенс 2:5 Џо Пери;

Утре, вторник, 18 септември 2012, во 16-на финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Фергал О'Брајан - Чен Феилонг;
Џими Робертсон - Џин Лонг;
Марк Селби - Џејми Коуп;
Стифен Мегваер - Питер Ебдон;
Динг Џунхуи - Марк Кинг;
Шон Марфи - Доминик Дејл;
Марк Ален - Лу Хаотиан;
Али Картер - Роберт Милкинс.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

18 септември 2012
Втор ден - Квалификации:

Фергал О'Брајан 2:5 Чен Феилонг;
Џими Робертсон 4:5 Џин Лонг;

18 септемрви 2012
Втор ден - 16-на финале:

Марк Селби 1:5 Џејми Коуп;
Стифен Мегваер 5:3 Питер Ебдон;
Динг Џунхуи 4:5 Марк Кинг;
Шон Марфи 5:4 Доминик Дејл;
Марк Ален 5:2 Лу Хаотиан;
Али Картер 5:4 Роберт Милкинс;

Веќе се познати првите 2 мечови од осмина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, а тоа се мечовите:

Марк Кинг - Шон Марфи;
Али Картер - Стифен Мегваер;

Утре, среда, 19 септември 2012, ќе се одиграат останатите 8 мечови од 16-на финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, во кои силите ќе си ги измерат:

Стифен Ли - Маркус Кемпбел;
Нил Робертсон - Чен Феилонг;
Стјуарт Бингам - Том Форд;
Рики Волден - Стив Дејвис;
Џон Хигинс - Џејми Џоунс;
Џад Трамп - Бери Хокинс;
Граем Дот - Џин Лонг;
Мартин Гоулд - Рајан Деј.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

19 септември 2012

Трет ден - 16-на финале:

Стифен Ли 5:3 Маркус Кемпбел;
Нил Робертсон 5:2 Чен Феилонг;
Стјуарт Бингам 5:4 Том Форд;
Рики Волден 5:4 Стив Дејвис;
Џон Хигинс 5:2 Џејми Џоунс;
Џад Трамп 5:3 Бери Хокинс;
Граем Дот 5:2 Џин Лонг;
Мартин Гоулд 4:5 Рајан Деј;

Утре, четврток, 20 септември 2012, во осмина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Џејми Коуп - Стјуарт Бингам;
Марк Кинг - Шон Марфи;
Џон Хигинс - Рајан Деј;
Али Картер - Стифен Мегваер;
Марк Вилијамс - Рики Волден;
Џо Пери - Нил Робертсон;
Стифен Ли - Граем Дот;
Марк Ален - Џад Трамп.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

20 септември 2012
Четврт ден - Осмина финале:

Џејми Коуп 1:5 Стјуарт Бингам;
Марк Кинг 3:5 Шон Марфи;
Џон Хигинс 5:0 Рајан Деј;
Али Картер 5:0 Стифен Мегваер;
Марк Вилијамс 5:2 Рики Волден;
Џо Пери 5:0 Нил Робертсон;
Стифен Ли 1:5 Граем Дот;
Марк Ален 2:5 Џад Трамп;

Утре, петок, 21 септември 2012, во четвртина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Шон Марфи;
Џон Хигинс - Али Картер;
Марк Вилијамс - Џо Пери;
Граем Дот - Џад Трамп.
 
Знам дека сум може малце офтопик. Ама да не знае некој дали сеуште работи КМ Билијард? И ако да, дали го знае бројот, пошо тој што го имав( истиот што е наведен во златна книга) не постои. Само тоа место знам дека имаше снукер маса и ми се приигра пак.
 
Знам дека сум може малце офтопик. Ама да не знае некој дали сеуште работи КМ Билијард? И ако да, дали го знае бројот, пошо тој што го имав( истиот што е наведен во златна книга) не постои. Само тоа место знам дека имаше снукер маса и ми се приигра пак.

Јас не знам дали работи КМ Билијард, не сум поминал таму повеќе од 1 ипол година.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

21 септември 2012
Петти ден - Четвртина финале:

Стјуарт Бингам 1:5 Шон Марфи;
Џон Хигинс 5:3 Али Картер;
Марк Вилијамс 5:4 Џо Пери;
Граем Дот 4:5 Џад Трамп;

Утре, сабота, 22 септември 2012, во полуфиналето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Џон Хигинс;
Марк Вилијамс - Џад Трамп.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

22 септември 2012
Шести ден - Полуфинале:

Шон Марфи 3:6 Џон Хигинс;
Марк Вилијамс 4:6 Џад Трамп;

Утре, недела, 23 септември 2012, во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Џад Трамп.
 
Шангај Мастерс 2012
од 17 септември 2012 до 23 септември 2012
во кинескиот Внатрешен Стадион во Шангај

23 септември 2012
Седми ден - Финале:

Џон Хигинс 10:9 Џад Трамп;

Во трилерско финале какво што само Џон Хигинс знае да реализира, Волшебникот од Вишоу ја освои својата прва Шангај Мастерс титула, извојувајќи победа над Џад Трамп со 10:9.

Трамп ги освои првите 5 фрејмови, воспоставувајќи водство над Хигинс со 5:0.

Во 6-от фрејм, Хигинс демонстрираше професионален снукер, освојувајќи го фрејмот со максимални 147 бодови по шести пат во својата професионална снукер кариера.

Потоа Трамп го освои 7-от фрејм, зголемувајќи го своето водство над Хигинс, овој пат на 6:1, по што Хигинс го освои 8-от фрејм со што повторно го намали водството на Трамп, овој пат на 6:2.

Потоа Трамп го освои 9-от фрејм со што повторно го зголеми своето водство над Хигинс, овој пат на 7:2, по што Хигинс се разигра и ги освои наредните 6 фрејмови по ред, по што за прв пат во мечот воспостави водство над Трамп со 8:7.

Трамп го освои 16-от фрејм со што го израмни резултатот во мечот на 8:8.

Хигинс го освои 17-от фрејм со што повторно воспостави водство над Трамп, овој пат на 9:8, по што му недостигаше да освои само уште еден фрејм за да извојува победа во мечот, но Трамп го освои 18-от фрејм со што повторно го израмни резултатот во мечот, овој пат на 9:9.

Во последниот и одлучувачки 19-ти фрејм од мечот, Трамп воспостави водство над Хигинс со брејк од 36 бодови, по што Хигинс воспостави свое водство над Трамп со брејк од 61 бод.

Со останати само плава, розова и црна топка на масата, Трамп мораше да изнуди грешки од Хигинс за да може да го израмни резултатот и да го освои фрејмот, но не успеа да ја скрие плавата топка, по што Хигинс успеа да ја скрие, по што следуваше реприза на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, така што Трамп не успеа да ја погоди плавата топка, по што му остана само да се ракува и да му ја честита победата на Хигинс во последниот одлучувачки 19-ти фрејм со 61:36, а со тоа и во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012 со 10:9.

Шестиот фрејм од финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012, кој Хигинс го освои со извонредни максимални 147 бодови.


Последните 5 фрејмови од финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2012.


Нареден професионален турнир во снукер за сезоната 2012/2013, е Меѓународниот Шампионат во Снукер 2012 , рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи за прв пат од 28 октомври 2012 до 4 ноември 2012 во Ченгду, Кина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom