Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Последниот фрејм од Трумп и Картер:cuc::cuc:. Трумп се изгуби последните фрејмови, ама какви снукери му направи на Картер скроз го стресе.
имаше шанса да го земе последниот фрејм...ама на крајот коа требаше да го докрајчи со снукерите се заеба,згреши и толку му беше
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2012
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Стифен Хендри 2:13 Стифен Мегваер;

Откако изгуби од Стифен Мегваер во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 со 2:13, Маестрото на снукерот, Златното момче, Големиот Стифен Хендри, на 43 годишна возраст го најави своето пензионирање и крајот на својата професионална снукер кариера долга 27 години:

" Ги има повеќе причини - распоредот, фактот дека не играм снукер како што сакам да играм и фактот дека не уживам во вежбите " ;

" Тоа беше доста лесна одлука " ;

" Не им кажав на многумина, но ова е моето последно учество на турнир во снукер " .

Останати мечови кои се започнати, а треба да завршат денес, среда, 2 мај 2012, се мечовите:

Џејми Џоунс 3:5 Али Картер;
Рони О'Саливен 3:5 Нил Робертсон;
Рајан Деј 5:11 Метју Стивенс.
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2012
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Џејми Џоунс 11:13 Али Картер;
Рони О'Саливен 13:10 Нил Робертсон;
Рајан Деј 5:13 Метју Стивенс;

Утре, четврток, 3 мај 2012, во полуфиналето на Светскиоа Шампионат во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Метју Стивенс;
Стифен Мегваер - Али Картер;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 се игра до максимум 33 фрејмови така што, пласман во финалето ќе обезбедат играчите кои први ќе освојат по 17 фрејмови во осмина финалето.
 
О саливен го очекувам во финале.....иако Стивенс се прошета против Деј, ако изигра О`Саливен како што знае, Господ не му помага на Стивенс.
 
Ако се распуца Рони онда тешко дека некој ке го сопре ама би било интересно финале против Мегваер(y)
 
Ќе биде интересно ако се повтори финалето од Светскиот Шампионат во Снукер 2008, каде што силите си ги измерија Рони О'Саливен и Али Картер, а победата ја однесе Рони О'Саливен со 18:8.

Но уште поинтересно ќе биде ако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 силите си ги измерат Рони О'Саливен и Стифен Мегваер, оооф, тоа ќе мора да се гледа од прва до последна секунда.
 
Од колку се закажни 1/2 финалињава.....да знам од колку ќе треба да си одам од факултет :)
 
Од колку се закажни 1/2 финалињава.....да знам од колку ќе треба да си одам од факултет :)

Според распоредот на програмата објавен на официјалниот веб сајт на ЕуроСпорт, ќе се врши пренос во живо од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 во 14:01 часот и во 20:01 часот, на првиот канал на ЕуроСпорт, уште попознат како EuroSport и EuroSport International, но не е објавено од кои мечови од полуфиналето ќе се емитува во тие термини.

Распоредот на програмата на каналите на ЕуроСпорт е достапен на веб сајтот кон кој води следниот линк:

http://tv.eurosport.com/tvschedule.shtml
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2012
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Стифен Мегваер 3:5 Али Картер,
мечот продолжува во петок, 4 мај 2012, во 11:00 часот;

Рони О'Саливен 5:3 Метју Стивенс,
мечот продолжува во петок, 4 мај 2012, во 15:44 часот.
 
Ај ако прати некој снукер од поодамна да ми одговори ако знае на едно прашање.

Имаше порано(пред 8 години отприлика) еден играч со долга коса( фатена во опавче) и презимето му беше ако не се лажам ирско( со О’ххххх стил). Е сега постоеше навистина ваков играч или јас сум јанлаш и ако постоел како му беше името?
 
Ај ако прати некој снукер од поодамна да ми одговори ако знае на едно прашање.

Имаше порано(пред 8 години отприлика) еден играч со долга коса( фатена во опавче) и презимето му беше ако не се лажам ирско( со О’ххххх стил). Е сега постоеше навистина ваков играч или јас сум јанлаш и ако постоел како му беше името?
Mozda zobris za Paul Hunter , on umre od rak pred nekoja godina , sea ima i turnir vo negova cest
 
Не е тој. Овој имаше апла долга коса во долг реп фатена цело време. Пробувам да го најдам ама не ми успева. Не е битно можно е да сум побркал нешто, одамна беше.
 
Ај ако прати некој снукер од поодамна да ми одговори ако знае на едно прашање.

Имаше порано(пред 8 години отприлика) еден играч со долга коса( фатена во опавче) и презимето му беше ако не се лажам ирско( со О’ххххх стил). Е сега постоеше навистина ваков играч или јас сум јанлаш и ако постоел како му беше името?


Па Рони О'Саливен имаше на време долга коса. :pos: Сега му е кратка ептен . За најталентираниот играч на сите времиња е муабетов.

SNS1251A_134594a.jpg
 
Браво за Стивенс(y)
 
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 мај 2012
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Стифен Мегваер 10:14 Али Картер,
мечот продолжува и завршува во последната сесија во сабота, 5 мај 2012, во 16:00 часот на ЕуроСпорт 2;

Рони О'Саливен 11:5 Метју Стивенс,
мечот продолжува во сабота, 5 мај 2012, во 11:00 часот на ЕуроСпорт,
доколку не заврши во таа сесија, тогаш продолжува и завршува во последна сесија во 20:00 часот на ЕуроСпорт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom