Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Светски Куп во Снукер 2011,
од 11 јули 2011 до 17 јули 2011
во Светскиот Трговски Центар во престолнината на Тајланд, Бангкок

16 јули 2011
Седми ден - Полуфинале:

Велс 1:4 Кина;
Хонг Конг 3:4 Северна Ирска;

16 јули 2011
Седми ден - Финале:
Кина 4:2 Северна Ирска.

Динг Џунхуи и Лианг Венбо го освоија Светскиот Куп во Снукер 2011 предводејќи ја снукер репрезентацијата на Кина, извојувајќи победи над Велс со 4:1 во полуфиналето, чија што снукер репрезентација беше предводена од страна на Марк Вилијамс и Метју Стивенс, и врз Северна Ирска со 4:2 во финалето, чија што снукер репрезентација беше предводена од страна на Марк Ален и Жерард Грин.

Наредниот професионален турнир во снукер е Австралиското Отворено Првенство 2011, прв рангирачки турнир за снукер сезоната 2011/2012, кој ќе се одржи од 18 јули 2011 до 24 јули 2011 во австралискиот Швепс Центар во Викторија, уште попознат како Бендиго Стадион.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

18 јули 2011
Прв ден - 16-на финале:

Стифен Хендри 5:3 Мартин Гоулд;
Питер Ебдон 3:5 Рори МекЛеод;
Шон Марфи 5:3 Ендру Хигинсон;
Џејми Коуп 3:5 Том Форд;
Џад Трамп 3:5 Марк Дејвис;
Дејвид Гилберт 5:1 Џејмс Мифсуд;

Изненадувачки, Џад Трамп изгуби на првиот рангирачки професионален турнир во снукер за сезоната 2011/2012, уште во 16-на финалето, од Марк Дејвис со 3:5.

Утре, вторник, 19 јули 2011, силите во 16-на финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Метју Селт;
Али Картер - Маркус Кемпбел;
Марк Ален - Рајан Деј;
Нил Робертсон - Најџел Бонд;
Доминик Дејл - Стив Мифсуд;

Исто така, утре, вторник, 19 јули 2011, силите во осмина финалето би требало, според најавите, да си ги измерат:

Рори МекЛеод - Шон Марфи.

Тешко Марфи, освен ако е подготвен за долг маратонски меч со МекЛеод, во спротивно не верувам дека ќе има нерви за да го истрпи МекЛеод, кој понекогаш поминува дури и повеќе од цела една минута размислувајќи како да го изведе потегот.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

19 јули 2011
Втор ден - 16-на финале:

Џон Хигинс 4:5 Метју Селт;
Али Картер 3:5 Маркус Кемпбел;
Марк Ален 5:3 Рајан Деј;
Нил Робертсон 5:2 Најџел Бонд;
Доминик Дејл 5:2 Стив Мифсуд;

19 јули 2011
Втор ден - Осмина финале:

Рори МекЛеод 1:5 Шон Марфи.

Шон Марфи успешно ја одржа својата контрола во мечот против Рори МекЛеод, врз кого извојува победа со 5:1, со што успеа да се пласира во четвртина финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011.

Утре, среда, 20 јули 2011, завршува 16-на финалето во Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, каде што силите во последните 5 мечови ќе си ги измерат:

Динг Џунхуи - Стјуарт Бингам;
Марк Селби - Џо Пери;
Метју Стивенс - Лианг Венбо;
Стифен Мегваер - Кен Дохерти;
Марк Вилијамс - Бери Пинчес;

Исто така, утре, среда, 20 јули 2011, продолжува осмина финалето во Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, каде што силите ќе си ги измерат:

Метју Селт - Стифен Хендри.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

20 јули 2011
Трет ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 2:5 Стјуарт Бингам;
Марк Селби 5:3 Џо Пери;
Метју Стивенс 4:5 Лианг Венбо;
Стифен Мегваер 2:5 Кен Дохерти;
Марк Вилијамс 5:2 Бери Пинчес;

20 јули 2011
Трет ден - Осмина финале:

Метју Селт 5:1 Стифен Хендри.

Изненадувачки, Динг Џунхуи не беше во добра форма во меѓусебниот меч помеѓу него и Стјуарт Бингам во 16-на финалето, каде што Бингам извојува победа над Динг со 5:2.

Очигледно Кен Дохерти е во добра форма на почетокот на сезонава бидејќи извојува победа над Стифен Мегваер во 16-на финалето со 5:2.

Учеството на Стифен Хендри на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, за жал, заврши со победата на Метју Селт над Хендри во осмина финалето со 5:1.

Денес, четврток, 21 јули 2011, треба да заврши осмина финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, каде што силите во останатите 6 мечови ќе си ги измерат:

Маркус Кемпбел - Марк Ален;
Том Форд - Стјуарт Бингам;
Марк Селби - Марк Дејвис;
Лианг Венбо - Кен Дохерти;
Нил Робертсон - Доминик Дејл;
Дејвид Гилберт - Марк Вилијамс.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

21 јули 2011
Четврт ден - Осмина финале:

Маркус Кемпбел 1:5 Марк Ален;
Том Форд 0:5 Стјуарт Бингам;
Марк Селби 5:3 Марк Дејвис;
Лианг Венбо 4:5 Кен Дохерти;
Нил Робертсон 4:5 Доминик Дејл;
Дејвид Гилберт 2:5 Марк Вилијамс.

И дефинитивно Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011 нема да биде освоено од страна на Австралијанец.

После Џејмс Мифсуд и Стив Мифсуд кои изгубија уште во 16-на финалето, Нил Робертсон е третиот и последен Австралијанец кој учествуваше на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, каде што изгуби во осмина финалето од Доминик Дејл со 4:5.

Денес, петок, 22 јули 2011, треба да се одиграат сите четири мечови од четвртина финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, каде што силите ќе си ги измерат:

Метју Селт - Шон Марфи;
Марк Ален - Стјуарт Бингам;
Марк Селби - Кен Дохерти;
Доминик Дејл - Марк Вилијамс.
 
Какооооо можеше Робертстон да изгуби од Дејл не ми е јасно... го гледав последниот фрејм,чисти топки утнуваа.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

22 јули 2011
Петти ден - Четвртина финале:

Метју Селт 3:5 Шон Марфи;
Марк Ален 3:5 Стјуарт Бингам;
Марк Селби 3:5 Кен Дохерти;
Доминик Дејл 4:5 Марк Вилијамс.

Стјуарт Бингам и Кен Дохерти и понатаму се држат во добра форма, извојуваа победи над своите противници Марк Ален и Марк Селби во четвртина финалето, и во двата меча со истиот резултат 5:3.

Марк Вилијамс се разигра во меѓусебниот меч во четвртина финалето со Доминик Дејл, на почетокот Дејл водеше со 2:0, па Вилијамс израмни на 2:2, по што Дејл повторно го превзеде водството, овој пат со 3:2, но Вилијамс повторно израмни, овој пат на 3:3, по што Дејл повторно го превзеде водството, овој пат со 4:3, по што Вилијамс ги освои наредните 2 фрејмови и успеа да се пласира во полуфиналето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, победувајќи го Дејл во четвртина финалето со 5:4.

Утре, сабота, 23 јули 2011, силите во полуфиналето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011 ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Стјуарт Бингам;
Кен Дохерти - Марк Вилијамс.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

23 јули 2011
Шести ден - Полуфинале:

Шон Марфи 2:6 Стјуарт Бингам;
Кен Дохерти 2:6 Марк Вилијамс.

Стјуарт Бингам и Марк Вилијамс беа во одлична форма денеска, извојуваа победи над своите противници во полуфиналето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, Шон Марфи и Кен Дохерти, и во двата меча со истиот резултат 6:2.

Утре, недела, 24 јули 2011, силите во финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011 ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Марк Вилијамс.
 
Австралиско Отворено Првенство во Снукер 2011
од 18 јули 2011 до 24 јули 2011
во австралискиот Швепс Центар во Викторија

24 јули 2011
Седми ден - Финале:

Стјуарт Бингам 9:8 Марк Вилијамс.

Првата сесија од меѓусебниот меч помеѓу Стјуарт Бингам и Марк Вилијамс во финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, заврши со изедначен резултат од 4:4.

Во втората сесија од мечот, Вилијамс го превзеде водството со 8:5, по што Бингам се врати во топ форма и успеа да израмни на 8:8, по што во последниот конечен 17-ти фрејм, Бингам извојува победа над Вилијамс со 80:34, со што конечно ја освои својата прва рангирна титула од почетокот на својата професионална кариера во 1995 година, па се до денешен ден.

Наредниот професионален турнир во снукер е кинескиот Шангај Мастерс 2011, рангирачки турнир, кој ќе се одржи од 5 септември 2011 до 11 септември 2011 во кинескиот спортски центар во Шангај, уште попознат како Шангајски Внатрешен Стадион.
 
Браво за Нил, честитки. Интересна приказана како ја започнал кариерата. :)

Betfred+com+World+Snooker+Championships+yofPi-0lt60l.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+MVc-ZP_Z9hPl.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+aJ7xDf3V1jfl.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+8JmC1gD75Cfl.jpg

Да да имаше интересен разговор вика тргнав од дома со 100 евра и желба за снукер и глеј го сеа професионалец :D
 
Шангај Мастерс 2011
од 6 септември 2011 до 11 септември 2011
во шангајскиот Внатрешен Стадион

6 септември 2011
Прв ден - 16-на финале:

Али Картер 4:5 Марк Кинг;
Питер Ебдон 3:5 Фергал О'Брајан;
Рони О'Саливен 5:1 Џејмс Ватана;
Стифен Мегваер 4:5 Ентони Хамилтон;
Шон Марфи 5:4 Доминик Дејл;
Марк Ален 5:2 Рајан Деј;
Џејми Коуп 5:3 Џек Лисовски;
Марк Селби 5:3 Најџел Бонд.

Утре, среда, 7 септември 2011, во вторите 8 мечови од 16-на финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011, силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Марк Дејвис;
Марк Вилијамс - Ендру Хигинсон;
Џад Трамп - Стјуарт Бингам;
Граем Дот - Мајкл Холт;
Динг Џунхуи - Мартин Гоулд;
Нил Робертсон - Лианг Венбо;
Стифен Хендри - Роберт Милкинс;
Метју Стивенс - Стифен Ли.
 
Шангај Мастерс 2011
од 6 септември 2011 до 11 септември 2011
во шангајскиот Внатрешен Стадион

7 септември 2011
Втор ден - 16-на финале:

Џон Хигинс 5:2 Марк Дејвис;
Марк Вилијамс 5:0 Ендру Хигинсон;
Џад Трамп 1:5 Стјуарт Бингам;
Граем Дот 2:5 Мајкл Холт;
Динг Џунхуи 3:5 Мартин Гоулд;
Нил Робертсон 5:1 Лианг Венбо;
Стифен Хендри 1:5 Роберт Милкинс;
Метју Стивенс 5:2 Стифен Ли.

Утре, четврток, 8 септември 2011, во осмина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011, силите ќе си ги измерат:

Марк Кинг - Фергал О'Брајан;
Рони О'Саливен - Ентони Хамилтон;
Шон Марфи - Марк Ален;
Џејми Коуп - Марк Селби;
Марк Вилијамс - Роберт Милкинс;
Метју Стивенс - Мартин Гоулд;
Нил Робертсон - Мајкл Холт;
Стјуарт Бингам - Џон Хигинс.
 
Шангај Мастерс 2011
од 6 септември 2011 до 11 септември 2011
во шангајскиот Внатрешен Стадион

8 септември 2011
Трет ден - Осмина финале:

Марк Кинг 5:3 Фергал О'Брајан;
Рони О'Саливен 3:5 Ентони Хамилтон;
Шон Марфи 5:4 Марк Ален;
Џејми Коуп 0:5 Марк Селби;
Марк Вилијамс 5:1 Роберт Милкинс;
Метју Стивенс 5:1 Мартин Гоулд;
Нил Робертсон 5:1 Мајкл Холт;
Стјуарт Бингам 2:5 Џон Хигинс.

Утре, петок, 9 септември 2011, во четвртина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011, силите ќе си ги измерат:

Марк Кинг - Ентони Хамилтон;
Шон Марфи - Марк Селби;
Марк Вилијамс - Метју Стивенс;
Нил Робертсон - Џон Хигинс.
 
не сум по играње снукер али обожавам да гледам снукер више година две активно ги пратам на еуроспорт кога даваат фаворит ми е Рони О'Салвијан.иначе немам гледано 2-3 месеци снукер малце изгубив тек незнам што како има ново последно што гледав беше во финале кога изгуби од Нил мислам дека се викаше тој плавиот ако не се лажам
 
^

Најверојатно не си гледал снукер речиси година дена, бидејќи последниот турнир во снукер кој Нил Робертсон го има освоено е Светското Отворено Првенство во Снукер 2010, кое се одржа од 18 септември 2010 до 26 септември 2010, во центарот за изложби и конференции во Глазгов, Шкотска, при што, во финалето, Нил Робертсон го победи Рони О'Саливен со 5:1.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom