Светски Шампионат во Снукер 2011
од 16 април 2011 до 2 мај 2011
во англискиот театар Крусибл во Шефилд
2 мај 2011
Седумнаесетти ден - Финале:
Џад Трамп 15:18 Џон Хигинс.
Во четвртата и последна сесија од меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Џон Хигинс во финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, првиот фрејм го освои Хигинс со што го зголеми своето водство над Трамп,
овој пат на 14:12, по што Трамп ги освои наредните два фрејмови по ред, израмнувајќи го повторно резултатот во мечот,
овој пат на 14:14.
Мора да се спомене фактот дека Хигинс беше на добар пат да го освои третиот фрејм од сесијата, со што ќе го зголемеше своето
водство над Трамп, овој пат на 15:13, но на резултат 38:25 во фрејмот, се случи еден ненормален кик со неверојатно лесна
црна топка, која Хигинс успешно ја погоди, но оваа топкава ненормална каква што беше, летна едно 20-30 сантиметри во
висина, по што се врати наназад на масата, по што Трамп го освои фрејмот и успеа да го израмни резултатот во мечот,
овој пат на 14:14.
Верувале или не, ги поминав 30 минути во шок состојба, како јас да играв наместо Хигинс, ненормален кик, не е виновен
Хигинс, одлично ја погоди црната топка, единствената грешка што ја направи беше тоа што не му текна да побара од судијата
на мечот Јан вер Хаас, да ја исчисти црната топка, после што најверојатно немаше да се случи овој ненормален кик.
Потоа Хигинс го освои четвртиот фрејм од сесијата со што повторно го воспостави
своето водство над Трамп, овој пат на 15:14, по што заминаа со Трамп на 15 минутна пауза.
По враќањето од паузата, Хигинс го освои петтиот фрејм од сесијата
со што го зголеми своето водство над Трамп, овој пат на 16:14.
Потоа Трамп го освои шестиот фрејм од сесијата, со што го намали водството на Хигинс, овој пат на 16:15.
Во седмиот фрејм од сесијата, Трамп промаши црвена при водство од 39:0 во фрејмот, по што Хигинс успеа да го превземе
водството во фрејмот со 50:39, по што следуваше тактичко надмудрување околу последната кафеава топка откако Хигинс не
успеа да ја внесе истата, но ни Трамп немаше погодна позиција за да ја внесе, а во текот на тактичкото надмудрување, Хигинс
успеа да изнуди снукер од Трамп, по што водството на Хигинс над Трамп во фрејмот се зголеми на 54:39, по што внесувањето
на последната кафеава топка стана единствен услов за Хигинс да си го загарантира водството во фрејмот.
По неуспешен обид за оставање на кафеавата топка на безбедно место на масата од страна на Трамп, Хигинс успеа да ја внесе
истата, по што Трамп се обиде да изнуди снукер од Хигинс преку последната плава топка, но неуспешен обид на Хигинс да ја
внесе истата, го примора Трамп да ја внесе, бидејќи топката остана пред самата дупка, поради што немаше друг избор освен да
ја внесе.
Трамп се обиде да изнуди снукер од Хигинс преку последната розова топка, но на крајот и самиот му ја
намести на Хигинс за да ја внесе, по што Хигинс го зголеми своето водство во мечот, овој пат на 17:15.
Во осмиот фрејм од сесијата, при водство на Трамп во фрејмот од 60:1, Трамп промаши не баш тешка розова топка,
по што Хигинс се врати на масата и успеа да го намали водството на Трамп во фрејмот на 60:29, по што ја промаши
последната црвена топка, која ама воопшто не беше лесна за внесување, по што Трамп се врати на масата и успеа да ја
внесе последната црвена топка, која му го загарантира водството во фрејмот, поради што Хигинс мораше да изнуди снукер
од Трамп.
Хигинс се обиде, но не успеа да изнуди снукер од Трамп на последната жолта топка, но по неуспешен обид на Трамп да ја
остави истата на безбедно место на масата, Хигинс ги внесе жолтата, зелената, кафеавата и плавата, и се обиде да изнуди
снукер од Трамп преку последната розова топка, при водство на Трамп во фрејмот од 61:43.
На неверојатно изненадување, Трамп ја промаши розовата, по што Хигинс не побара од судијата на мечот Јан вер Хаас да ја
врати белата топка за да Трамп се обиде повторно да ја погоди розовата, туку го остави Трамп да ја погоди розовата,
по што Трамп ја остави розовата позиционирана во близина на горната половина на десната страна на масата,
а Хигинс успеа преку спунтот да ја внесе розовата во левата средна дупка, со што го намали водството на Трамп во фрејмот
на 61:55, а внесувањето на последната црна топка стана единствен услов за освојување на фрејмот,
а со тоа и на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011.
Хигинс успеа да ја внесе последната црна топка и да го заврши 33-от фрејм од финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 со резултат Џад Трамп 61:62 Џон Хигинс,
со што Хигинс по четврти пат во својот живот го освои Светскиот Шампионат во Снукер,
победувајќи го Џад Трамп со резултат Џад Трамп 15:18 Џон Хигинс.
По крајот на меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Џон Хигинс во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011,
Трамп изјави дека Хигинс бил подобар од него и дека фер и заслужено ја освои титулата Светски Шампион во Снукер 2011.
Од друга страна, по крајот на меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Џон Хигинс во финалето на
Светскиот Шампионат во Снукер 2011, Хигинс изјави дека Трамп бил подобриот, како и дека е импресиониран од неговата игра,
демонстрирал снукер со кој Хигинс никогаш досега не се соочил во својата професионална кариера, и призна дека иако тој е
победникот, сепак не само финалето, туку и целиот Светски Шампионат во Снукер 2011, ќе останат запаметени по снукерот кој
го демонстрираше 21 годишниот англичанец од Бристол, Џад Трамп.
Нил Робертсон, Светски Шампион во Снукер 2010, откако изгуби од Џад Трамп во 16-на финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 со резултат 10:8, изјави дека верува дека Трамп дефинитивно ќе влезе
во четвртина финалето, можеби дури и во полуфиналето, но не верува дека Трамп ќе влезе во финалето.
Трамп го докажа спротивното.
Успеа да стигне до финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, демонстрираше прекрасен снукер
и дефинитивно Светскиот Шампионат во Снукер 2011 ќе остане запаметен по Џад Трамп и неговата игра.
Ова дефинитивно е прекрасен крај на снукер сезоната 2010/2011 за Џон Хигинс, кој пред година дена ова време беше
суспендиран и осомничен за прифаќање поткуп, по што ги помина 6 месеци под суспензија, борејќи се за да ја докаже својата
невиност, буквално се врати од мртвите губејќи со резултат 5:9 од Марк Вилијамс во финалето на Британскиот Шампионат во
Снукер 2010, по што извојува победа во финалето со 10:9, го напушти Германскиот Мастерс 2011 поради смртта на неговиот
татко за време на турнирот, го освои Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2011, победувајќи го Стифен Мегваер со 9:6 во
финалето, а сега ја заокружува снукер сезоната 2010/2011 како Светски Шампион во Снукер 2011, победувајќи го Џад Трамп
со 18:15 во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011.
Со крајот на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 и официјално завршува снукер сезоната 2010/2011.
Првиот професионален турнир во снукер за сезоната 2010/2011, е кинескиот Вукси Класик, нерангирачки,
но популарен професионален турнир во снукер, кој треба да се одржи од 6 јули 2011 до 10 јули 2011.