Шангај Мастерс 2011
од 6 септември 2011 до 11 септември 2011
во шангајскиот Внатрешен Стадион
11 септември 2011
Шести ден - Финале:
Марк Селби 10:9 Марк Вилијамс.
Кутар Марк Вилијамс, дефинитивно одличен професионален снукераш, двократен светски шампион во снукер 2000 и 2003, одлично ја помина сезоната 2010/2011, но баш кога беше на работ на победата, среќата му го сврте грбот во повеќе наврати, против Џон Хигинс на Британскиот Шампионат во Снукер 2010, во сезоната 2011/2012 среќата му го сврте грбот во меѓусебниот меч против Стјуарт Бингам во финалето на Австралиското Отворено Првенство во Снукер 2011, а еве и сега, против Марк Селби во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011.
Вилијамс уживаше водство над Селби со 9:7, но баш кога само еден фрејм го делеше од победа во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011, Селби вешто ги искористи грешките на Вилијамс со што ги освои 17-от и 18-от фрејм, израмнувајќи на 9:9, по што, освојувајќи го последниот и конечен 19-ти фрејм, Селби ја однесе победата во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011 со 10:9.
Очигледно силно влијание врз Вилијамс имаше неговиот неуспешен обид во 17-от фрејм, при резултат 9:7 во корист на Вилијамс, да му припише снукер грешка на Селби, кој погоди црвена и розова топка споени од снукер позиција, Вилијамс веруваше дека прво розовата била погодена со белата топка, но забавената снимка покажа и докажа дека Селби не направил грешка, по што Селби му намести две снукер позиции од кои Вилијамс не успеа да се извлече, по што Селби го освои 17-от фрејм и го намали водството на Вилијамс на 9:8.
Вилијамс ја префрлува вината врз судијата на мечот, Еријан Вилијамс, тврдејќи дека погрешно проценил од забавената снимка, што го чинел фрејмот, а со тоа и мечот и титулата:
"Бев ограбен. Судијата направи толку застрашувачка одлука.";
"Гледав од позади и почувствував дека прво ја погоди розовата. Судијата кажа дека ја погодил прво розовата, но потоа направи круг околу масата и кажа дека не видел."
"Ова е апсолутна шега. Ме чинеше цел натпревар. Судијата требаше да ги врати топките на место за Селби повторно да се обиде да ја погоди црвената. Не ми пречи да изгубам од било кого, но судијата ме чинеше цела титула.";
"Беше јасно дека прво ја погоди розовата. Не требаше да ја гледаме забавената снимка. Треба да го викнеме Стиви Вондер да биде судија нареден пат.".
На ова Селби одговори:
"Беше тешко за судијата да види која топка ја погодив прво. Вилијамс почувствува дека јас ја погодив прво розовата, а јас не бев сигурен. Судијата убаво ја провери забавената снимка и дојде до заклучок дека прво сум ја погодил црвената топка, а и јас и Вилијамс го прифативме тој заклучок.".
По победата на Марк Селби во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2011, Селби е на првото место на Топ 16 рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација, со Марк Вилијамс на второ место и Џон Хигинс на трето место.
Наредниот професионален турнир во снукер е бразилскиот Мастерс 2011, нерангирачки турнир, кој за прв пат ќе се одржи во одморалиштето Костао до Сантињо во бразилскиот островски град Флорианополис, од 15 септември 2011 до 18 септември 2011.