Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно финалево во Шангај.
Аматерски промашувања од Вилсон, иначе ќе беше многу поизедначено. Вака 7-3 сеа ако отиде Трамп, 80% го има мечов. Сигурен сум дека уште некој гледа, не сум само јас будалата :LOL:
Кај го има на Еуроспорт? Било, здравје друг пат.
 
Последно уредено:
Браво за Англичанецот Марк Селби и освоената титула на ,, Кинескиот опен" турнир во Шенжен, Кина.
Селби со титулата освои и 250.000 фунти, и 250.000 рејтинг поени со кои ќе напредува на рејтинг листата.
Марк Селби во финалето победи против Нопон Сенгкхам од Тајланд со резултат од 10 : 6 во фрејмови.

И мене ми помогна Марк Селби, во една фејсбук група рекреативно типуваме снукер турнири и само точен резултат од 10 : 6 победа во фрејмови за Марк Селби мене ми донесе титула.

Благодарам Марк Селби.
 
Игра најдосаден снукер, ама тоа е.
Браво за Селби.
 
Ги победи доста лесно Вилсон и Робертсон, уште таму се виде дека е на неговото високо ниво. Би го ставил пред Трамп и останатите на кој било турнир од тројната круна кога игра вака. Само Рони е недопирлив кога ги нема неговите препознатливи падови.
 
Со години наназад посакувам финале на СП да играат Трамп и Селби.
Но или се во иста половина на ждрепката и со тоа немаат теоретски шанси за да играат во финале или и кога се во различни половини испаѓаат рано на СП.
О' Саливен уште на наредно СП ќе игра сигурно бидејќи до Април 2027 ќе успее да се одржи во Топ 16 на рејтинг листата и со тоа да избегне да треба да игра во квалификации за СП.
А ако продолжи да прескокнува турнири ќе губи можност да собира поени и да остане во топ 16, ако дојде денот да испадне од топ 16 и да треба да игра квалификации за турнирите тогаш е и крајот на неговата кариера.
Не верувам дека О ' Саливен во оваа фаза од кариерата и животот ќе се замара со играње квалификации за турнирите.
Моментално О' Саливен игра само на турнирите во Кина и во Саудијска Арабија.
Ретко игра турнири во УК во последни 2 години и помалку тренира снукер, ова многу личи на Новак Ѓоковиќ и тој малку турнири игра и малку тренира.
Секако и годините го прават своето.
 
О Саливен еднаш батали снукер.
Се врати поради семејни и финансиски проблеми.
Одамна не игра за ќејф.
 
Back
На врв Bottom