Снимање на полициcки активности?

  • Креатор на темата Креатор на темата gospodin K
  • Време на започнување Време на започнување
Законски е дозволено, ама у пракса ќе те скршат од ќотек.
И додека не се среди тоа, ќе имаме милитантна полиција. Не кај нас само, секаде у светот милитантната полиција е проблем.

Грешка си. Да тргниме од општо само како се забранува (не пак модификациите за службено лице) :)
На pravo.org.mk во Кривичниот Законик со се измени во 2004-та стои ова :)

Неовластено снимање

Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео
снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова
согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите
снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на
друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична
казна или со затвор до една година.
(2)Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење
на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3)Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.

Шо значи играта се префрла на согласноста и приватноста за која можи да ти се закачи на врат.
 
My bad.
Значи и законот е на нивна страна за да те скршат од ќотек.

Лично јас сум pro транспарентност. Она, буквално кога се дешаваат полициски акции да бидат со камерите онлајн и да можеме сето тоа да го гледаме.
Баш од муабетов ми се сврте у глава она: who watches the watchmen? И живееме у ера кога имаме технологија да ги гледаме вочмените. :)
 
Меч со две оштрици, само која е поболна е дискутабилно прашање :)

За изнудување признание, и прибирање докази (без надзор) оди во нивна полза и е многу полесно, отколку да им го пимплаш на криминалците.

Од друга страна имаш премногу лезетско извршување на должност, чии грешки многу многу и не подлежат на санкција. Единствено како заштитен механиам се јавува внатрешната контрола која може да ја испита работата по сознание/пријавување, но колку истата ќе биде објективна е друго прашање, затоа што иди ситуација, нивните на нивните да им судат :D
 
Licno ne bi se osmelil da gi snimam, slikam vo ovaa drzava ne. Nekolku pati imam slucajno videno kako tepaat za ne tolku opasna situacija. Ova e policiska drzava realno da gledame se ostvaruva se pogolema kontrola vrz narodot. I da znaete od skoro ke ima novi 400 policajci primeni se razbira partiski i 70% garantiram deka ke bidat nasilnici tipicni.
 
Јас ги снимав еднаш додека имаа акција (и МВР и неколку од ЕБР). Ама апла стоев пред нив и си снимав, па ме приметија и морав да го избришам снимениот материјал. Ми просраа дека било казниво дело, дека ако не го избришам видеото (пред нивни очи лол), ќе мора да ме приведат и да ми го одземат апаратот :icon_mrgr:
nema labavo
 
Меч со две оштрици, само која е поболна е дискутабилно прашање :)

За изнудување признание, и прибирање докази (без надзор) оди во нивна полза и е многу полесно, отколку да им го пимплаш на криминалците.

Од друга страна имаш премногу лезетско извршување на должност, чии грешки многу многу и не подлежат на санкција. Единствено како заштитен механиам се јавува внатрешната контрола која може да ја испита работата по сознание/пријавување, но колку истата ќе биде објективна е друго прашање, затоа што иди ситуација, нивните на нивните да им судат :D
Затоа и викам не спремањето акции, туку самиот тек на акциите да би бил надгледуван од обичните граѓани онлајн. Буквално секој еден шо работи да биде со камера на чело и да му се гледа и слуша се шо зборува.
Исто транспарентност на работењето на се шо прави владата и отворени онлајн дискусии и граѓаните да го имаат последниот збор за се она што би сакала владата да го направи.
Баш влада која служи, а не влада која владее е поентата. Заедно со таа влада сите институции кои би подлежале под неа.
 
Законски е дозволено, ама у пракса ќе те скршат од ќотек.
И додека не се среди тоа, ќе имаме милитантна полиција. Не кај нас само, секаде у светот милитантната полиција е проблем.

Пробај сними полицаец во Австрија или Германија. И пиши како ќе поминеш
 
Нигде у свет нема да ти даде џандар да си правиш аматерски филм со него у главна улога па било дозволено или не.Седете си мирни да не барате трансплантација на бубрег.
 
Ме интересира дали е против законски да се снима полицијата додека извршува некоја работа, на пример (не) санкционирање на прекршител додека вози, непрописно паркирање, непропуштање на пешак, разговарање на мобилен телефон и сл.

Како што спомна @IgorChete, никаде не е против-законски да се снима полицијата.

Како за почеток, полицијата прима плата од тебе како даночен обврзник и сноси одговорност пред тебе, а не ти пред нејзе.

Така да, имаш целосно право да ја снимаш и/или фотографираш полицијата и да ги објавуваш видео записите и/или фотографиите на Интернет.

А не само полицијата, туку било кое јавно место каде што се собира народ имаш право да го снимаш и/или фотографираш и да ги објавуваш видео записите и/или фотографиите на Интернет.
 
Мисли си ти дека е така,јасен е законот.Изволте сними ме мене бурек како јадам,ако не ти дадам дозвола,кога ќе ти стегнам една тужба главата нема да знаеш кај ти е.А џандарот и нешто друго ќе ти стегне.
 
На јавни места немаш право на приватност и евентуално тужба можеш да ми удриш само ако јас финансиски заработувам од твојата снимка како јадеш бурек, ама ни за ова не сум сигурен.
Не знам кој ви ги наполнил главиве со муабетиве за приватност на јавни места.
 
Цајканиве пуштаат такви муабети, гледам и по фб групи. Нема таков закон, потврди и Струмикс, го прашав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom