Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве поздравам од Леуново (маврово) 1метар НЕДОПРЕН снег :cool:
машала машала. сестра ми беше у маврово пред два дена вика на некои места има снег околу 3 метра
 
Остајте бе не кажувајте ви завидувам...во Тетово нема снег :confused:
 
Ни во Скопје нема, а низ цела Македонија има
 
Во Скопје почна многу малце да врне.Дај некој сантим нека заврне,ако не со Водно ќе си се тешиме :) :)
 
снегов мора да е грешка чим паѓа во скопјево... ја утнал дестинацијата изгледа го згрешил патот за маврово или за охрид / битола...
 
Испраќајте екипа за спасување, не затрупа снегов :D Храна имаме само за вечерва !!!
 
Сеа па само у Скопје врне, нигде на друго место...Будала работа е Скопјево.
 
Ма каков снег у Скопје бре, ова е она срање што врне на секои две недели во градов оваа зима и се топи за 2-3 саати :rolleyes:
Стварно идиотско време, не заврна асален снег.
 
Конечно и кај нас еве веќе неколку саати вее. Навеа едно 5-10 сантима до сеа. Бели се и улиците. Ќе го биде до сабајле излеа. xD
 
Сеа може е бело и снежно во Скопје ама сабајле калови ке биде све.... :/
 
А глејте ја Битола си крца снегче ....се е бело.......

Ја не знам шо е оваа зима, ама се држиме со Битола со снег до негде.И во Охрид е вака моментално.Снежни туфки врнат 5-10 имат можда.
Слики после разденвење.
Или еве сега свежи од Охридњуз

Фото: Врнежи од снег го зафатија Охрид
icon_at_textsize.gif
Врнежите од дожд во текот на ноќта преминаа во снег. Веќе е формирана мала снежна покривка, а снегот и натаму паѓа.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Охрид, и во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег и максимална температура до 2 степени Целзиусови. Под влијание на студен бран од север од недела ќе има драстично опаѓање на температурите, кои на места во текот на ноќта ќе се спуштат и до - 19 степени.
DSC_0773.jpg
DSC_0772.jpg
DSC_0776.jpg
DSC_0779.jpg
Врнежи од снег го зафатија Охрид
OhridNews
14.01.2012 04:06
Прочитана е : 230 пати

© 2012 Ohridnews.com
Eф и две од мене, изгледа сме комшии со сликаров од Охридњуз.Ама тој имат салам машина за сликавање.
1048.jpg
1047.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom