Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Кичево веќе неколку сантиметри си нареди, од сабајле врне а и не престанува како што гледам и тоа убав цврст снег си врне :toe: зима си дојде толку
 
Ако утре заврне снег, има матна вода да ве земе* сите што посакувате.



*Фантом извини што ти крадам фраза, но само со таа можам да си го истакнам бесот што баш денес и утре ќе е вакво времево, или па бетер :@
 
Ај, коа ќе ви требаат 2 саати да стигнете до школо, пошто денес од само едно дожде Скопје беше хаос и се чекаше по 15 минути на семафор, ќе зборите.
Снегот е супер, ама ако си на планина, и ако немаш обврски. Во спротивно, станувањето во 6 саат сабајле и не е така пријатно.
 
Во град снег не сакам воопшто, зошто создава неверојатен хаос и плус за да се стигне од едно место до друго-нема теоретски шанси да не се направиш свинче.
Маврово,Крушево и останати ски-центри нека паѓа колку што е можно поише-ми се скија не за друго:smir:

П.С.Прогнозите беа дека денеска ќе врне снег.Не заврне денес-ај нека не врне и утре:pipi:
 
Во град снег не сакам воопшто, зошто создава неверојатен хаос и плус за да се стигне од едно место до друго-нема теоретски шанси да не се направиш свинче.
Маврово,Крушево и останати ски-центри нека паѓа колку што е можно поише-ми се скија не за друго:smir:

П.С.Прогнозите беа дека денеска ќе врне снег.Не заврне денес-ај нека не врне и утре:pipi:


заврна... во Тетово барем =]

иначе ни ја не симаптишем снег а овде у зима го има колку сакаш :@ али ајде ќе пројде зимава како секогаш =]
 
Во Гостивар врнеше утрово ама јас кога се разбудив престана сега дожд си врне :(
 
Мразам мразам мразам снег!! Уште тоа ми фали сега, знаејќи дека на почеток сеа ке биде кајшкајнца, бљак. Каков и да е, го мразам! Додека да стигнеш до на факс или било каде, лом. Абе бегај таму.
 
Едвај чекам да падне снег, неможам да опишам колку сум радосен во тие моменти. Уживам кога одам по снегот и ми крцка под нозе:vozbud: А да не зборам колку е убаво Пржино во тоа време. Уффффф:party3::party3::wub::wub:
 
Се е бело се е бело
Читај го тоа на штипски дијалект, се-ебело се-ебело во нашето село :pos:.

Инаку, снегот колку што го сакам толку и не го сакам.
Убаво е да си поиграш, снешко, па мавање со топки, вечерна прошетка додека врне-посебно со некое слатко девојче ако си...мх мераци :)

Ама па кога треба рано да идеш некаде-без разлика фаултет, училиште работа - па мрзнеш се уште не расонет чекаш автобус. Или кога е замрзнато или шљакаво па дома ќе се вратиш со модринки или па ко од туш излезен...е тогаш сите го пљукаме времетo, тоест зимата, тоест снегот. lol
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom