- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Сталин бил сојузник со Хитлер од пактот за ненапаѓање до Барбароса, како воени сојузници ја нападнале и окупирале Полска. Меѓу двете војни, интензивно било сојузништвото на Наци Германија и СССР, од заеднички проекти, обука на пилоти, тенкисти и офицерски кадар, заедничка компанија за авиотранспорт, заедничко производство на авиони (кои према Версајскиот договор Германија не смеела да има, но затоа тука бил “идеолошкиот непријател“ каде со години се анулирал договорот), авиони на Хајнкел летале во советската авијација, продажба на најсовремени бродови од Германија за СССР, градење советски бродови во Италија и проекти за бродови набавени од таму, испорака на огромни количини ресурси од СССР кон Германија и многу други примери.
Сталин и тоа како добро знаел што се случува и тактизирал, и самиот имал план за напад на Германија и подоцна стигнување до Ламанш (Операција “Гроза“) не бил воопшто наивен или ретардиран па ете “го изненадил“ капларот со еден тестистуку полошо блефирал од Фирерот кој “потегнал прв“...the rest is history...
Знаел и за Барбароса, во многу наврати бил известуван за претстоечкиот напад.
Инаку морнарицата на Рајхот во споредба со Royal Navy била само шега...
За сојузништвото меѓу Хитлер и Сталин - повеќе е претпазлива соработка, односно пакт за ненапаѓање (1939, меѓу Молотов и Рибентроп) а за некаква подолга интензивна соработка и сојузништво не сум баш убеден. Комунистите не биле многу популарни во Рајхот и биле прогонувани и пред доаѓањето на NSDAP на власт, во меѓупартиските борби, а и потоа (аферата и судскиот процес во врска со палењето на Рајхстагот). Обично имам навика, доколку се сретнам некаква информација, во случајов за блиското, интезивно сојузништво меѓу двеве страни, да замолам за дополнителна информација во облик на линк, да речеме, до некаков веродостоен историски извор, релевантен научен труд и сл. Би ти бил благодарен да ми испратиш нешто такво.
Сталин секако не бил идиот и бил известуван од службите за безбедност за германските подготовки, но колку им верувал? > Факт е дека СССР многу неподготвено влегол во војна, која во првиот период била повеќе касапница отколку воен судир (тоа делумно се должи и на паранојата на Сталин дека му се подготвува воен удар, па откако дошол на власт и се` до војната со Германија успеал во голема мера да го разретчи квалитетниот руски команден кадар). Ако веќе се подготвувал за голема војна, и имал толку амбициозни планови, сигурно почетокот на операцијата Барбароса не би бил толку спектакуларен.
За тактиките и плановите на Сталин околу проширувањето на советското влијание и моќ - „Гроза“ лесно би можело да биде шпекулација (не тврдам со сигурност). Секако дека постоеле некакви планови, постојат и денес, ама се работи за блиско историско минато. За целосен увие потребно е да се отворат архивите поврзани со ова и слични прашања, ако веќе не се отворени, и да видиме.
Британската морнарица е секако доминантниот играч, ама една подолга, интензивна опсада на островот во која би бил вклучен најголемиот дел од германскиот воен потенцијал, наместо да биде праќан на исток, би ја довел во прашање оваа предност, посебно ако се има предвид недостатокот на ресурси на самиот Остров и на речиси занемарливата копнена воена сила на Обединетото Кралство. Не велам дека би било лесно како со Франција, ама никако не е невозможна мисија.