igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
 - 25 јануари 2009
 
- Мислења
 - 2.516
 
- Поени од реакции
 - 113
 
Затворот пред се треба да биде рехабилитација за затворениците или ако се сметаат за екстремно опасни да биде затвор со кои ќе се заштити надворешниот свет.Донесување на праведна одлука, поточно казнувањето со одземање на живот не е убиство. Тоа ти е како да кажеш дека одењето во затвор е скратување на слободата...
Смртната казна не преставува ни рехабилитација, ни неопходно изолирање на затвореникот. Преставува чиста одмазда.
Никој нема право да одземе друг живот без разлика за која причина, особено не државата чија примарна цел треба да биде да го заштити.
А да бидеме реални со нашево судство, само уште смртна казна ни фали. Ќе се претвори државата во касапница на невини луѓе.
	
ftopic: Сите сторители на насилство имаат притвор. Потоа им следи судење. Не се тие 11 дена казната(за силувачи конкретно и педофили). Туку казната се движи до 15 години сега за сега, а во случаи во кои на жртвата силувачот и нанел тешки физички повреди или психички растројства, или пак кај неа настапила смрт, од 15 јануари годинава, истата се движи од 4 години па до доживотен затвор. Друга работа што казните се мали. Споредбата на смртната казна и животот, и затворот и слободата, не е логична. Правото на живот на човека му е загарантирано.
