Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 510 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    867
Декларацијата за човекови права вели дека сите луѓе имаат право на живот. Државата може да се организира по однос на прашањето егзекуција како сака. Но, ако се` водиме по праведност, праведно е сите да живеат. Ако некој го направил злоделото убиство, не мора да му се спуштаме на ниво, па да постапиме и ние животински - со убиство. Мислам дека доживотен затвор пропратен со мерки, е вистинската солуција за убијците и педофилите.
 
Остаја ти декларацијата, ама декларацијата вели дека секој има право на живот и слобода. А слобода немојш да имаш ако некој те пљачка силува и слично. Вистина е дека секој човек има право на живот ама тоа не вели дека има право и на насилство. Сите тие што животот си го живеат чесно нека си го живеат а тие шо ко живеат криминалистички нека ги бесат. Во декларацијана не пишит дека секој има право на криминалистички живот!
Или ето ко сте веќе толку за да нема смртна казна во Македонија за силување и големи пљачки нека даваат казна цел живот во затвор да го помине, ама тогаш сторителот на насислсто ке речи поарно да умрам него цел живот в затвор :jaj::jaj:
 
Сторителот на насилство може да рече и дека палачинките со мед се солени, што и понатаму го прави тоа ирелевантно. Секој има право да одлучува за својот сопствен живот, што му дава на убиецот и на силувачот право, да ги оствари на себе суицидалните нагони, ако не му се живее во затвор. Ако во Македонија земат да ги бесат криминалците, нема жива душа да остане. Под криминалец спаѓа и шверцер на цигари, батерии, сунѓери, сапунчиња, спреови за тело, жижици и петарди, како и типчето што шитка компири на кванташки без да плаќа данок на државата. А и нема потреба да ги бесат. Си има установи во кои силувачите и убијците треба да си гнијат до последна. Ова е демократско општество, бесење - кај комуњарите во Кина. Да, во декларацијата не пишува дека ако некој убива и силува, ќе му биде одземен животот, затоа што тогаш декларацијата би си била контрадикторна самата на себе. Од една страна пропагира право на живот, а од друга го одзема.(?!)
 
mislam deka ne treba da ima smrtna kazna vo Makedonija, dozivoten zatvor da toa ima i treba da ima i na toj nacin mislam deka kaznata e poostra odkolku smrtnata kazna, iako ima nekoi psihopati koi zasluzuvaat smrtna kazna
 
абе каков доживотен затвор па да ги храниме со наши пари до крајот на нивниот живот, само бесење и стрелање за нив, не зборувам за сите се разликува ситен криминал од убиство и силување. Тој што извршил убиство, намерно го одзел правото на живот на друга личност па затоа и на убиецот треба да му биде одземен животот, тоа по затвори не е никакво скапување само ке си седи таму ке има кај да спие што да јаде а луѓе умираат затоа што државните пари кои им се потребни се трошат на некои изроди кои им прават деца на своите ретардирани керќи - СРАМОТА
 
има луѓе што не заслужуваат да живеат, ама тоа се повеќе од колку што мислиме... Ако го читал некој ,,Странецот" од Ками што мислите заслужува тој човек да живее? Ако не заслужува ај ги убиеме сите ко него. И што сме направиле?
Убивството не е за аплаус во било кој случај
 
ова со смртнава казна некако ми е многу дискутабилна тема... навистина незнам што да кажам. ако кажам дека сум за дека тоа е до некаде праведно за да се плати за злоделата што ги направил некој од друга страна сметам со кое право некој може да пресудува на тој начин ... сепак јас го подржувам до некаде методот око за око па затоа би гласал за, иако сепак сметам дека за некој злосторници ваква казна би била како награда...:toe:
верувам дека Господ сепак ќе им пресуди на крај на сите.
 
SMRTNA KAZNAAAAAAAAAAAAA
 
Никој нема право да одземе човечки живот, без разлика дали тој грешел и убивал...
Може ова ќе звучи како клише ама вистина е: Ако некој убил некого, што ќе направиме со тоа што ќе го убиеме тој, мртвиот нема да оживее.
 
Што знам, некако глупо ми делува еден или повеќе луѓе да решаваат за тоа дали некој ќе живее или ќе биде погубен. Нели е тоа убиство, најстрого забрането од сите религии...?
 
Што знам, некако глупо ми делува еден или повеќе луѓе да решаваат за тоа дали некој ќе живее или ќе биде погубен. Нели е тоа убиство, најстрого забрането од сите религии...?
Така е, во право си, не само што е забрането од религиите, туку е и морално грешно
 
Што знам, некако глупо ми делува еден или повеќе луѓе да решаваат за тоа дали некој ќе живее или ќе биде погубен. Нели е тоа убиство, најстрого забрането од сите религии...?
Донесување на праведна одлука, поточно казнувањето со одземање на живот не е убиство. Тоа ти е како да кажеш дека одењето во затвор е скратување на слободата...
Религиите немаат врска со тоа... Тие го осудуваат и злосторникот што убил, па никому ништо...

Така е, во право си, не само што е забрането од религиите, туку е и морално грешно
Во денешно време не можеме јасно да кажеме кои се моралните вредности на човекот...
 
...Во денешно време не можеме јасно да кажеме кои се моралните вредности на човекот...
Абе добро, светот е веќе изопачен и секој се труди да преживее на свој начин, ама јас мислам дека "основните правила" сеуште важат и барем поголемиот дел од луѓето знаат да разликуваат добро од лошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom