Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 510 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    867
Macedalien напиша:
А наместо смртните казни да се обидевме да спречиме, како општество, ваков вид појави?

Тоа е невозможно...тие појави неможе да се спречат така да нема ниедна..
 
Ако не мислеше на брејнваш,во друг случај тешко изведливо.
 
А што велите смртна казна Заради Уништување на природата?
 
Macedalien напиша:
А наместо смртните казни да се обидевме да спречиме, како општество, ваков вид појави?
Е тоа е вистинскиот одговор! Себичноста на луѓето стигнала до таму што си земаме за право својата грешка да ја пренасочиме преку смртна казна на некој кој бил заведен.
Општеството сите го градиме. Ако се случуваат девијантни појави очигледно е дека нешто не функционира. Тоа е грешка на сите нас. Тоа треба да се открие и отстани. Ако тоа не се отстрани ни останува само да се надеваме дека можеби некој полуписмен човек во моменти на силен стрес бес навреда или што и да е ќе се просветли и ќе си рече чекај да не реагирам пошто смртна казна ме чека. (: Колку што е стара човековата историја секогаш постоела смртна казна но очигледно секогаш постоеле и гревови за кои некој пресудил смртна казна!? Значи не помогнала смртната казна за отклонување на проблемот. Тоа е премногу кратковидно гледање. Не се работи за пацифизам или човекова добрина туку за едноставно логично размислување. Смртна казна не треба да постои. За жал исто така непознавам совршен начин на наградување и казнување кои би воделе до отклонување на девијациите кои доведуваат до потребата некој да се казни со смртна казна. Ваљда за неколку илјади години ќе изеволуираме доволно да го разбереме светот малку поинаку од обична борба за ривалство, надменост и опстанок.
 
Acid напиша:
Категорично - ДА.

Во Македонија треба да има смртна казна. И немојте со глупости од типот „И што ако го убиеш, нема да сфати. Дај те му робија” - Па нормално дека нема да сфати и онака, штом заслужил смртна казна сигурно направил нешто монструозно, ненормален е, и онака нема шанса да сфати ништо.

Од друга страна, што ако убие твое чедо, твој мил - а се извлече само со 20 години затвор? Е неможе така баце, ќе те пржиме. Би навел многу по гадни сценарија, ама не сакам да претерувам.

Смртна казна - дефинитивно. Затоа што има луѓе-монструми кои ја заслужуваат.

Друже Acid.

не е тоа баш така. Ако некој ми убие "мое чедо" веруј дека ја ќе направам у моја гаража или подрум соба за "payback". И ја ќе му судам. Систематски, континуирано али сигурно нема да го срокам одма.

Има да знае дека стиснал тригер у погрешно време. Од тој аспект, боље да иде едно 20 години затвор, а после сигурно доаѓа кај мене!!!
 
Абе Само Смртна казна а не да дават Амнестија Со смртна Казна Ке се оправи државава
 
Димитар ме праша што ќе се постигне со смртната казна...Еве да ти одговорам..
Прво и основно има луѓе кои што неможат да бидат ресоцијализирани или они што ги викаат "непоправливи" криминалци (поделба има на поправливи и непоправливи) кои што ако ги ослободиш после долга тн терапија тие ќе направат поврат т.е ќе убијат пак.Таа непоправливост не се лечи.Е сеа добро е се тоа кога се работи за крадци дури и силувачи! Но има такви и убијци кои што ги силуваат и убиваат своите жртви и кои што и после 40 год поминати затвор кога ќе излезат ќе направат поврат и пак ќе убијат некого.Тие луѓе се едноставно такви природно...и колку и ние да го мењаме системот на вредности и општеството воопшто таквите луѓе неможеме да ги смениме!Аман прифатете го тоа дека има луѓе кои што заслужуваат да умрат баш затоа што они убиле некого !! Кој му го дава правото на некого да убие 5 деца од по 5 год?! И што мислите вие тој човек може да го ресоцијализирате?Да се врати као нов човек во општеството после 20 год ? Без бајки ве молам :se_ molam . А и тие родители на тие деца или возрасни луѓе небитно мислите ќе им биде полесно ако тој човек се врати назад на слобода после некои време ама овојпат као нормален човек?!:lud:
Втора работа е што луѓето се такви..уште од пред 3000год!Секогаш ќе има луѓе што ќе убиваат без разлика дали се сиромашни,богати,ниски,високи,слаби,дебели...и сегде ги има не само кај нас туку и во сите држави на светот..Па зарем секаде нечини системот?! :icon_eek:
А трета работа е што со смртната казна ќе се влијае психолошки со застрашување на потенцијалните криминалци...
Четврто се :se_ molam да се воведе смртна казна за сите одвратни створења што убиваат,мачат,силуваат...
 
а што правиме со неправедно осудените???
 
Па За сите ли одма Смртна казна -- зависи од злочинот
а тоа е ретко за неправедно осудени
 
Lavot напиша:
а што правиме со неправедно осудените???

Tие ти се колатерална штета :icon_roll Се зезам..
Секогаш ќе има неправедно осудени и тоа е едната од малкуте слабости на смртната казна ама па што е совршено?Луѓе седеле у затвор по 50 год и умирале у затвор па после се докажало дека се невини..тажно но реално бидејќи не постои такво нешто како совршено судство..
Доколку би се вовела смртната казна тогаш нормално дека и би се поправило судството и би се модернизирало до еден многу повисок степен ипак се збори за смртна казна...
 
CopyOfDeath напиша:
Па За сите ли одма Смртна казна -- зависи од злочинот
а тоа е ретко за неправедно осудени

Точно!Тоа забораив и ја да напоменам..Постоењето на смртна казна незначи дека таа редовно се практикува.Има случаи во земји кај што постоела па со години и години не била практикувана.Т.е и кај нас имало до пред 15-20 год само што не биле изрекувани такви казни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom