Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 510 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    867
Смртна казна се става за оделни случаи
кај нас треба за политичарите да стават
и за тероризам
 
Со срање судство, џабе смртни казни.
Ја не преферирам смртни казни ем од етичко морални побуди ем од реални побуди. Ако еден убил, треа да го фатиш, да го натераш да посака никогаш да не се родил и до крајот на својот живот да жали за тоа што го сторил. Со убиство е веќе лесно, си му ги скратил маките.

Башка овој вид на дебати се бескрајни и подобро е да се водат очи во очи. Пази парадоксна ситуација:
Маж со кола, ми гази ќерката, го убивам.
И сеа? Со мене шо?



Има еден филм со Шон Пен и Мерил Стрип ми се чини, ептен е тематична.
Земете погледајте го.
 
Изгубеното не се врака џабе ке се осветиш
можеби ке се помириш некако во душата но тој што го имаш изгубено нема да се врати
 
Да видите како нема ни смртна казна да има на крај.Нема да има никакви прекршоци луѓето и кола ке престанат да возат
 
CopyOfDeath напиша:
Изгубеното не се врака џабе ке се осветиш
можеби ке се помириш некако во душата но тој што го имаш изгубено нема да се врати
Е па ондак што е она различното кај смртната казна?
Што таа ќе оправи? Правдата? Осветата? Нешто сосема трето?
 
Мислам дека ке се удри во глава народот ке рече
овај вчера го осудија на смрт заради неговите дела подобро да бидам мирен мене да не ме снајде тоа
 
CopyOfDeath напиша:
Мислам дека ке се удри во глава народот ке рече
овај вчера го осудија на смрт заради неговите дела подобро да бидам мирен мене да не ме снајде тоа
Озбилен си?
Мислиш дека оној кој што убива, воопшто мисли вака?
Во Америка има еве 1000 смртни казни?
И, прекина криминалот? М?
 
е да во право си сепак има Психоделик народ инаку мислам дека кај нас ке биде по различно малце не би можел понатаму да дискутирам ова ти беше добро
 
На ова имаш па греота,и криминалците се луѓе и такви работи.
Се знае ако си криминалец биди и професионалец па прифати ги последиците на смртната казна иначе криминалот ке биде добро работно место со сите права синдикат,добра заработувачка и сл.
 
Начелно, против смртна казна сум од повеќе причини. Една од нив е и тоа што ниту една поразвиена земја во светот не ја има како казнена одредба во своите закони. Од друга страна, за одредени категории како што е убиство на полицаец или службрно лице, сериски убиства, тероризам и акти насочени против уставот и државата, како и криминал сторен од страна на политичари додека се на власт сметам дека можеби би требало да се санкционира со таква казна.
 
StormAngel напиша:
Башка овој вид на дебати се бескрајни и подобро е да се водат очи во очи. Пази парадоксна ситуација:
Маж со кола, ми гази ќерката, го убивам.
И сеа? Со мене шо?
Не се работи за освета. Сигурно не би требало за вакви случаи да се применува казната. Кажа Мандрак кога и за кого во постот над мојов.
 
Mandrak напиша:
Начелно, против смртна казна сум од повеќе причини. Една од нив е и тоа што ниту една поразвиена земја во светот не ја има како казнена одредба во своите закони. Од друга страна, за одредени категории како што е убиство на полицаец или службрно лице, сериски убиства, тероризам и акти насочени против уставот и државата, како и криминал сторен од страна на политичари додека се на власт сметам дека можеби би требало да се санкционира со таква казна.
ниту една поразвиена земја = САД или USA?
Криминал сторен од политичари= смртна казна?
Инаку кога веќе спомнавте не е освета (Мистик), мислам дека баш е освета , око за око заб за заб.
И на крај , јас ЗА, како шо некој погоре спомна, дека превентивно стравот од такво нешто ќе делува на еден дел од можните сторители на такви дела. И алармот у колата не ги спречува сите лопови да пробаат да ти ја обијата колата , ама тие помалку професионалните и со поише страв од тоа ако ги фатат ги спречува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom