Смислата на љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Smislata nejzina e da ostanes bes razum i svest...
 
Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен...Најубавото чувство. Тоа што не исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале. Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов. Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека декој има право да ја почуствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги посетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни?Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ. Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да останеш засекогаш...
Тоа е љубовта драги мои кајганаџии , поздрав до сите заљубени на форумов... :smir:
 
Да добиеш дете, или да добиеш нешто од наведениве:

AIDS , Genital Warts, Gonorrhea,Syphylis, Herpes, Chlamydia, Pubic Lice or Crab, Vaginitis, Hepatitis.
 
Да добиеш дете, или да добиеш нешто од наведениве:

AIDS , Genital Warts, Gonorrhea,Syphylis, Herpes, Chlamydia, Pubic Lice or Crab, Vaginitis, Hepatitis.

E sea mi ja srusi seta slika sto ja imav za ljubovta.:pos::pipi:
 
ретко кој нашол смисла во љубовта??
 
sad je vreme modernih ljubavi
brzo voli brzo zaboravi...
peese nostalgicno Dragana Mirkovic
ama posle se pokaza so pesnata koja ja pustija kako cestitka za sreken brak
Varala bi varala
zasto ne bi varala...
samo da se moje sve
zelje ostvareeeee....
 
sad je vreme modernih ljubavi
brzo voli brzo zaboravi...
peese nostalgicno Dragana Mirkovic
ama posle se pokaza so pesnata koja ja pustija kako cestitka za sreken brak
Varala bi varala
zasto ne bi varala...
samo da se moje sve
zelje ostvareeeee....

Многу добар пост. Совршен.
И не знам колку ти се согласуваш со ова што си го пишал ама ја целосно го поштуем од збор до збор.
Тоа е... се друго е патетика.
 
Смислата на љубовта е дури си со него/неа да си среќен...
 
Не верувам дека треба да се бара смисла во љубовта, или ја има или ја нема, не можеш да ја контролираш (без гадни последици по себе) и фокусираш, само ја имаш и дејствуваш според неа.
Доволно добро знам колку е голема силата на емоцијата за да можам да ја негирам.

Нема смисла, штом и се пронајде, тоа повеќе не е љубов.

Баш така.Непотребно е да се прашуваме дали има и која е смислата на љубовта.Љубовта има таква смисла каква што ние ќе и дадеме.
 
Баш така.Непотребно е да се прашуваме дали има и која е смислата на љубовта.Љубовта има таква смисла каква што ние ќе и дадеме.

Љубовта е смисла сама по себе, како што убаво напиша Натурал грл... само јас забегав од онаа љубов во смисла на врзување во општа љубов...

Шалтај у подфорум Филозофија....:helou:
Поради она за независноста? Тоа би можело да се нарече и еволуција на свеста, ала де Мело. Изјасни се де. :)
 
Сум размислувал на ова прашање. Верувам дека не постојат различни дефиниции за смислата на љубовта, туку различни размислувања. Она за кое мора да размислиме е дали љубовта е вредна толку болка и патење?
Некогаш се чувствуваме не како целиот свет да е против нас, туку како ние да сакаме да одиме против светот. Изнервирани и револтирани сме поради тоа што работите не се одвиваат како што ние сакаме. Некогаш сакаме да опцујаме гласно, да изрикаме лавовски или да офкаме од болки како да не прегазила кола. На прашањето дали повеќе боли психичката од физичката болка, верувам дека да.

Веруваме така кога сме обесправени, оставени од некого и повредени. Сакаме со рацете да го покриеме лицето и да се жалиме, да се прашуваме зошто сме го заслужиле сето тоа патење?
Таквите работи се неминовни. Некогаш нашиот свет го краси љубовта, некогаш тагата. Не се исти тие поими. Затоа што љубовта е најголемата среќа што некој ја почувствувал. Некогаш кога сакаме, а не ни е возвратена таа љубов се тешиме со фактот дека... Сепак знаеме да сакаме. Но дали е тоа важно? Кога не си се почувствувал сакан од некого, дали знаеш за целосната слика на љубовта?
Не, упорни сме... Ама некогаш не се исплатило. Неможат сите желби да ни се исполнат. Ако беше така, веќе ќе бев презаситен. Како што рече Heart во една песна:
What about love
Don't you want someone to care about you?


Најубаво е чувството кога сакаме и сме сакани. Најубаво е чувството на возвратена љубов. Затоа што верувам дека колку и да не биле праведни некои работи, сепак доаѓа некогаш она вистинското. Не можеме да бидеме сигурни дали стопроцентно е вистинито. Plot line-от на Magnolia беше:
Things fall apart in order of things to get right!
Потсвесно или не, добрите работи што некој ги прави, сакањето со целосно препуштање, некогаш ќе се вратат повторно. Поради неколку загубени битки, поради неколку промашени пенали, примени голови во 90тата минута, целосни бомбардирања и кинење на лигаментите на повеќето играчи, не смееме да се разочараме. Секогаш мора да веруваме дека доаѓаат работи за кои и самите не сме свесни.

Порано или подоцна нашата целосна слобода ќе ја почувствуваме тогаш кога сите работи ќе ги гледаме како возможни. Ќе правиме се' за љубовта без да се чувствуваме дека сме изложени на некаква повреда.
Целосно препуштање кон нешто е најубавата работа, додека не стане опсесија. Дозволете си прифатливи граници, затоа што љубовта може да премине само во опсесија, а опсесијата никогаш во љубов.
Низ животот ќе поминат премногу девојки во кои ќе се затрескаме, ќе се заслепиме и мислиме дека ги сакаме. Но премалку се оние кои навистина некогаш ќе ги сакаш вистински. Тоа вистински неможе да биде во целост дефинирано.
Да сакаш вистински некого е да си спремен да дадеш целосна слобода. Но во случај ако таа прекрасна слобода личноста ја користи за слатко да биде заробена во тебе. Вистинската љубов ќе се препознае порано или подоцна.
Ако ги дознаете моите пропорции и мојот лик ќе ме осудите дека јас не сум никој и ништо за да кажувам каква смисла има љубовта.

Кога сме најсреќни на цел свет понекогаш се запрашуваме со што сме ја заслужиле таа среќа? Кога некого сакаш не треба да размислуваш дали на среќата ќе и дојде крај и дали на врската, на љубовта некогаш ќе и дојде крај?
Некогаш тој грам сомнеж тежи многу... Многу повеќе... Ама зошто да размислуваме? Никогаш не треба да се предадеме на таквите песимистички размислувања. Сите сме кревки, како што кажа Sting.
On and on the rain will say
How fragile we are how fragile we are.

И сите можеме да бидеме повредени. Но помислата за тоа дали ќе бидеме оставени или повредени не треба да влијае околу тоа дали ние ќе се деградираме од љубовта. Не треба отуѓување, страв од поново оставање, затоа што секоја приказна си зборува сама за себе, секое искуство, секоја нова љубов е нешто од неверојатно голема важност.

Смислата на љубовта е да даваш се' од себе, никогаш во ниеден момент да не заборавиш дека се бориш за нешто сега! Се борам во одреден дел од мојот живот, цела моја хоризонтално поставена душа ја насочувам кон нешто за кое се борам. Љубовта се состои во тоа. Но не смееме да заборавиме дека не треба да бидеме напорни. Не треба да ја гушиме личноста која ја сакаме.
Некогаш мислам дека себичноста не е добра особина. Но себичност е ако личноста во која сме заљубени, да сакаме да е секогаш покрај нас?
Себичност е ако не дозволуваш никаква слобода. Не затворајте ги љубените само во оној круг во кој сакате вие да се движите.

Никогаш не бидите големи лиглиња. Бидете цврсти, истакнете ја таа машка страна. Кога реков големи лиглиња мислев на стварно големи лиглиња. Но да не сте воопшто некогаш лигави со некои клише зборови не е целосно исправно.
Дозволете си некогаш да и кажете дека таа е цел ваш свет. Кажете и дека премногу ја сакате, дека со неа би оделе до крајот на светот.
Но кажете и го тоа само кога го чувствувате, не ради навика и зборови кои мора да се кажат.
Тие зборови мора да се кажат само кога навистина се чувствуваат. Зборовите "те сакам" не се само обични клише зборови. Кажувајте и го тоа секое утро, секоја ноќ кога одите на спиење, затоа што тоа и го чувствувате, не е заслепеност или затресканост, љубов е. За да ја потсетите и да ја направите среќна, правете ги само работите кои ги ветувате.
Никогаш не се затрчувајте да ветите нешто што нема да го исполните. А ако сте сигурни дека можете да остварите нешто, без каење препуштете се на силата која ве води.

Изненадувањата се најубавите нешта во љубовта. Имајте прилика да бидете оригинални и креативни. Тоа е некогаш смислата на љубовта.
Некогаш мораме да одлучиме дали да го послушаме срцето или паметот.
Не сум сигурен дали сите луѓе имаат памет за да размислуваат за нешто, ама верувам дека сите имаат срце.
Секогаш имајте еден Latest trick.

Да сакате некого е да сакате без неговите мани. Секој има мани, а совршена е онаа која ја сакате со сите мани и доблести.
Некогаш мора да се направи компромис, за да не дојде до медијатор.
Тоа е љубовта и нејзината смисла.
Бидете целосно разбирливи за работите. Не ги сфаќајте премногу лично, не се нафаќајте на ситници.

Не станува збор за страв, секогаш доаѓа тоа што сте го заслужиле.
Смислата е да воочиш колку си спремен за некои работи и колку можеш да бидеш одговорен за истите. Одговорноста најтешко се стекнува, ама тоа го прави човекот доволно возрасен.
Сакајте свесно и никогаш нема да бидите оставени.

Сакајте секогаш, ама и дозволете си да бидете сакани. Не е тоа луксуз, тоа е најубавото нешто. Ако љубовта има смисла, тогаш тоа е возвратената взаемна љубов. Кога се даваш себеси без резерва, кога сакаш без резерва и кога добиваш безрезервно.

Јас мислам дека ја пронајдов смислата на љубовта. Таа е сега, кога се чувствувам дека сум центарот на орбитата, дека и Сонцето и Земјата и сите останати планети се вртат околу мене.
Како рече Freddie:
One year of love is better than a lifetime alone...
:helou:
 
Иако е во подфорум љубов насловот заслужува пофилозофски пристап.
Просто зачудувачки е идеализаторскиот и возвишувачкиот пристап што и се дава на љубовта како поим. Веројатно тоа е од човековата потреба за упростување на работите наместо навлегување во дополнителни и непотребни конфузии. Нешто како Снежана е онаа добрата им помага на сите чисти, пере, готви, а сепак ја има Евината тенденција на Преспанските садници, а вештерката е само лоша нарцисоидна и сака да уништи се пред патот.
Начелно постојат принципи што иако се апстракни како поими како и љубовта се потангибилни за објаснување-потреба, навика, интерес, зависност. ММЕ тоа ми е некако пологично. Прво и основно во основата на човекот како битие лежи инстинктот на опстанок и продолжување на видот. Сексот како акт без кој не може да се замисли љубовта е на дното на неопходностите заедно со храна, вода и воздух и повеќето сколари од социолошко-психолошката бранша почнувајќи од Маслов и Фројд се согласни со тоа. Во прашање е нагон запишан во самиот код на ДНК-то.
Човечкиот род сепак еволуирал и може да размислува и да чувствува и со самото тоа е во постојана потрага по совршенството кон идеалот. А љубовта се смета за еден од највисоките идеали. Човекот е роб на навиката а навиката елем тешко се искоренува. Кога имате изградено систем според кој ви се движи денот месецот, животот воглавном тешко се привикнувате на промени. Прекрасно е да легнете и станете со некоја да одите на одмор заедно да имате милион заеднички интимни моменти. Идеализација на возвишеноста. Исто така знае ад биде бедно и мизерно кога ги немате тие работи а уште пострашно е ако сте ги имале некогаш а сега ги немате (онаа еврејската а Богами и на Џеј Рамадановски имати па немати...). Идеализација на болката. Се дур не воспоставите нов систем на навики ќе има болка а кога ќе го воспоставите како со магично стапче некогашната љубов едноставно исчезнува. Ама навиката не се идеализира.
Не се идеализира ниту егоистичната човекова зависност од блискост, допири и интима. Колку единката е понесколна кон приврзување и воведување на другата личност во системот на навики и потреби толку полесно проаѓа во таканаречениот љубовен живот до тој стадиум што некои индивидуи може да имаат и 5+ годишни врски и наредниот ден се како буквално ништо да не било. Релативизација на поимот љубов. Поетски некој ќе рече, некои знаат да сакаат да го дадат своето срце да страдаат поради љубов а некои имаат срце од камен и студенило. А всушност се зависи од тоа колку навиките и потребите те контролираат тебе а колку ти нив. Нема ништо тука за идеализирање освен човековата посвесна тенденција на креирање светости, чистоти и идеали за да ја задоволат потребата за давање на смисла на својот живот. На крајот на краиштата многубројни будистички, христијански и исламски монаси и други аскети доживеале речиси совршен телесно-душевен баланс и помирување без цигари, алкохол, интернет и секако поубави половини. Да сите тежнееме кон задоволство ама тоа да се става на пиедестал е декадентно.
 
Неверојатно е какви се` луѓе не постојат на светот. Мали, дебели, грди, прости, смешни, валкани, чудни... И сите тие знаат да седат сами и осамени во својот стан од два на два бидејќи само толку можат да си дозволат, да бидат голи и боси, можеби гладни и смрзнати заради последната неплатена сметка, да незнаат ниту дека земјата не е плоча од времето на Галилеј и секако да не го знаат ниту него. Ќе седат во мрак и нема да мечтаат за ниту едно од сите оние глупости,не им треба ниту убавина, ниту струја, ниту вода дури, сите тие со своите насолзени очи мечтаат за допир, човечки, за мирисот nа занесната соседка со руса коса, за нејзиниот доверлив бакнеж на нивниот образ, за трошка внимание, а потоа каде Бог ги одведе.
homeless.jpg

Even this guy...
 
Љубовта има смисла таква каква што ние ќе и дадеме.Барем јас така мислам.
 
смислата на љубовта е еднаква со смислата на животот....немаат смисла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom