Гледам видеа со коментаторски гафови и бисери на YouTube и налетав и на овавидео.
Во ова видео уште појако од бисерите на коментаторот ми е натреварот кој го коментира. Ајакс против Динамо Загреб од пред 10 години, УЕФА Куп (денешна Лига Европа). Во тие 2 екипи колку јаки играчи има, во тој период млади таленти и сеуште неоткриени од скаутите, кои потоа заиграа (некои сеуште играат) за најдобрите екипи во Европа.
Во Ајакс ги има:
Стекеленбург (тогаш 24 години),
Хеитинга (23),
Емануелсон (21),
Хунтелар (24),
Луис Суарез (20),
Вертонген (20),
Ван дер Вил (19).
Кај Динамо најзвучни имиња се Модрич(22) и Манџукич(21), има и други тогаш млади, а денес хрватски репрезентативци, но на клупски план не стигнале далеку како претходноспоменатите.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.