Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е тоа снимката.
Така е, монтирана е оваа.
Ај сега те молам кажи кои работи од целосната снимка ги поништуваат работите што ги напишав.
Вака на празно некако не иде.
И факт е дека сите што урлавте ко нездрави и се тетеравевте ко епилептипни по протести имате придонес за тоа бегство.
Уф, страшно резонирање. После сите гласови се еднакви...
 
АЛО, пак има лигавење за Нешковски, за случка за која има правосилна пресуда од минатата власт..
А ШУ праиме со случај Јанушев, у здрав мозок, исклучени сите надзорни камери, пуштен да избега тој од Затвор на викенд што бил, а и потенцијалниот нарачател ..
Сега УБИЕЦОТ САМ се врати и МУКЛА !!!
Камо истрага,судење, ајде да се итврди кој е нарачател на ова ОРГАНИЗИРАНО убиство !!!
 
Уф, страшно резонирање. После сите гласови се еднакви...
Резонирањето е субјективна категорија... претежно е резултат на искуството. Ако после последното искуство, тебе резонирањето не ти се променило, јас повеќе би го довел во прашање твоето резонирање, одколку неговото...
 
Јанушев кој пласира лажни вести за марихуани и чуда или Јанушев директор на јсп, за кој случај конкретно?
ти да не си во Градинка ?? УБИЕНИОТ Јанушев , ех фудбалер, ликвидиран наводно по нарачка на Раде Штикла близок со комуњарите а со досје, а исто така во бекство
али пошто таткому и братму молчат ајде ова ОЈО може истрагата во Фиока да ја затвори..
 
не се жести де. Има еден Јанушев стално излага на тв па потенцирај дека е некој друг криминалец поврзан со "комуњарите".
 
Последно уредено:
Не ми е јасно како се замарате со овие ликови. Треба време да се научат и најверојатно ќе имаате чист зијан од тоа во форма на нервози.
Автоматски споено мислење:

Резонирањето е субјективна категорија... претежно е резултат на искуството. Ако после последното искуство, тебе резонирањето не ти се променило, јас повеќе би го довел во прашање твоето резонирање, одколку неговото...
Јас сум откажан од двете партии. Не може никој при здрав разум да гласа ниту за ВМРО ниту за СДС, особено не пак за СДС кога има 100 видеа како викаат дека името нема да се смени, кога упорно фураат спомнување на новото име на сила, кога референдумот џабе го правевме и мал милиони други работи што се спомнати во темава...
Може некој да се теши сега дека ВМРО е нова гарнитура, ама за оваа држава се е џабе.
Ама не смееш ни да кажеш се е џабе затоа што има некои повредени што многу се бафтаат со политика и кога ќе им речеш „не се замарам со политика“ ќе речат од „таквите како тебе патиме“.
Сите дискусии се сведуваат на тоа дека некој си има замислено дека може да измери кој повеќе штета има направено.
И цело време е тоа натегање.
Двете си се покажаа дека се партии кои своеволно прават секакви глупости, и гласот никој не вреди да го дава за нив.
Ама пак, некој да фати да ги брани бомбите... не и не :)
 
Последно уредено:
Така е, монтирана е оваа.
Ај сега те молам кажи кои работи од целосната снимка ги поништуваат работите што ги напишав.
Вака на празно некако не иде.

Уф, страшно резонирање. После сите гласови се еднакви...
Се е различно, контекстот е различен.

А дека сите гласови не треба да се еднакви се слагам. Не може гласот на некој што плаќа сто милиони евра данок, на некој што плаќа 20000 и на некој што не плаќа ич да тежи исто.
 
Да, гласот на мафијашите што се докопаа до фирми за џабе во време на приватизацијата треба да вреди многу повеќе од гласот на обичниот човек
 
А дека сите гласови не треба да се еднакви се слагам. Не може гласот на некој што плаќа сто милиони евра данок, на некој што плаќа 20000 и на некој што не плаќа ич да тежи исто.

Супер логика... Тогаш да ти наплаќаме и за воздухот што го дишеш. Пример - 100 евра од м3.
Некој што плаќа милиони евра данок ќе те надживее за бааги години.
 
Да, гласот на мафијашите што се докопаа до фирми за џабе во време на приватизацијата треба да вреди многу повеќе од гласот на обичниот човек
Искрата која го запали пожарот, што ја однесе земјава и народот у курац, беше моментот кога Бранко одлучи наместо да се поделат акции на граѓаните (како на пример во Словачка), државните фирми и имот да се стават на "слободен пазар". Претходно истите беа обезвредени, од страна на пајташите на Бранко - директорите и потоа купени, од страна на истите, на тој "слободен пазар".
 
Еве гледајте сами од што го лишат човекот!!!

Која е потребата да му се одземат толку лични, за судот безвредни работи. Ми се гади од ПРАВОСУДНАВА ни држава...
 
Различни луѓе, различни карактери и тоа е сосем разбирливо.
Ето пример кај мене бомбите беа клучен фактор за да изградам политичко мислење во тој период.
Дали се каам сега или не, е сосем друг муабет.. но тогаш (па и сега) све што посакував е Грујо, Мијалков и 40те разбојници да ги видам во затвор.
Нит СДСМ ми беше битно да дојде на власт, нит ВМРО, нит некоја 3та или 10та опција..
Се што барав беше НЕЗАВИСЕН судски систем и еднаква правда за сите.
Имав надеж во СЈО, но неочекував дека Прасица и Боки ќе станат најголемите рекетари во МК... Искрено и никогаш не ја сакав, мојата љубов беше Ленче и малку Фатиме.
Нишо друго.. нит сум слеп партиски војник, нит верувам дека постои саглам политичка опција во државава. Тоа е тоа.
И можам секого да го разберам, индивидуално е кај секој. Негде има интерес, негде национализам, а кај некој само обична потреба од праведно опшество.

Туку што потврди дека си бил наивен, си потпаднал под пропаганда, еуфорија, лажни вести а и дека си политички тотално неписмен. Се што си се надевал и си очекувал да се случи, се случило токму спротивното. Очигледно твојата потреба и на многу како тебе за подобро, направи општеството да го пробие секое дно и да потонеме уште подлабоко, до точка од која не знам дали воопшто има враќање.
И сега како типичен шарен револуционер го користи оправдувањето, абе остај знам ја, сите се исти - откако сватил со тешко срце и плачлив глас дека бил изманипулиран од пропаганда и направил катастрофален избор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom