Тоа се трошоците кои и не прават така голема разлика. Голема разлика прават трошоците кои се однесуваат на лекување, сите клиники се во Скопје па кога некој од внатрешноста има потреба од лекување истото е поврзано со многу многу поголеми трошоци од тие што би ги имал накој од Скопје, превоз, сместување ако треба, храна, посета..... Многу поголеми се трошоците за студирање, Скопјани си седат дома и си студираат додека студентите од внатрешноста треба да платат сместување, храна.... исто и полагањата за разни лиценци, испити и.т.н.... Многу поголеми се трошоците за пристап до било кое министерство или друг орган, на Скопјани им се до газот додека оние од внатрешноста треба да патуваат што значи патни трошоци, трошоци за храна.... Пристапот до културните збиднувања е исто така многу поскап за луѓето од внатрешноста, не е исто некој од Скопје да отиде на театар и некој од Гевгелија.... Сума сумарум, многу поскапо е да се живее во внатрешноста.