"Мора да се реши ова, и да тргнеме напред."
Толку глупа фраза, толку често употребувана во изминативе 27 години, кога требало да го лапнеме сосе ташаци, толку излитена, а сепак, толку многу луѓе пак се пецаат на неа.
- Мора да ја спроведеме приватизација, и да тргнеме напред.
- Мора да го смениме знамето, и да тргнеме напред.
- Мора да го спроведеме рамковниот договор, и да тргнеме напред.
- Мора да ја донесеме територијалната поделба, и да тргнеме напред.
- Мора да ги решиме хашките случаи, и да тргнеме напред.
-
Мора да го решиме прашањето за јазикот, и да тргнеме напред.
Ова, вака на прва, што ми идат на памет, сигурно има уште многу, што не сум ги спомнал погоре.
Се тоа решивме, на наша штета, а од толку напред одење, веќе почнавме во друга димензија да живееме, каде што се е изместено.
Сите овие работи што
мораше да ги решиме, за да тргнеме напред, го уриваа македонското национално чувство, кое ионака никогаш не било многу јако, а последнава работа, договоров за имево кога ќе го спроведеме,
и ќе тргнеме напред, ќе го урниса до даска, и ќе го сведе на ниво на ромското.
Тоа во прво време, после тоа веќе ќе се вратиме во минатото, во периодот што го сметавме за почеток на формирањето на македонската национална свест, само овој пат ќе одиме во обратна насока, ќе одиме кон расформирање на истата.
Тој процес неминовно ќе влијае и на другите општествено/економски/меѓунационални односи, и тоа многу.