Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Koj i da dojde, dali vmro dali sds isto e. Albanizacijata ke tece vo poln ek od kumanove do struge vklucitelno i shkupi. Amerite sve kooridiniraat i kontroliraat, nitu vemeroto nitu esdeeseto se faktori vo ova.
 
За муртинецот е се' јасно и потврдено по 1000-ти пат дека е тежок случај и нема потреба да се зборува....

Но и од друга страна мрсниот мицко кој е тотално егоистичен и толку нарцисоиден не' шитка кај стигне и не дава никаков отпор а постојано нешто се смешка демек држи кец на десетка у ракав а 2 год. е апсолутно цело време пасивен...

А за Груевски, само знам дека го шитна пола државно земјиште на шиптаpите за мали пари, им дозволи да си ги легализираат дивоградбите каде што не плаќаа струја, вода итн. 10год. (и уште не плаќаат...), дозволи да се изградат џамии на секој чекор (кој живее во ск знае) и ги амнестираше терористите од учк, а и да не заборавиме на министерот за одбрана, НО сепак сеуште беше подобар од двата предходници, кралевите на транзицијата Љубчо и БЦ кои буквално се немерливи во нивните штети и направија уренебес кој не се оправа...

Со еден збор скоро 30год. не' водат тешки лудаци а народот сеуште трпи ли трпи и државата се' повеќе и повеќе се празни.
 
И баба Гога е партиски толкувач? И не читаш што и како се случуваше со законот за помилување па според тоа неможеш ниту да имаш временска ориентација што и кога се случувало.
Еве, се потрудив да ги склопам коцките, склопив што се случувало со законот.
Имено, во 1993 г. е донесен законот за помилување, каде во муабетов, клучен е

Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.

Во 2009 г. донесен е ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ. Таму е укинат Член 11

Член 10
Членот 11 се брише

Со ова, претседателот нема право на самостојно доделување на помилување.

Но, во 2016 г. Уставниот Суд донесува одлука со која го поништува законот за изменување од 2009 г. Одлуката е објавена во Службен Весник 58 во 2016. Го најдов, па ќе го копирам главното:

О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“
бр. 12/2009).

Односно, со укинувањето на измените, се укинува укинувањето на Член 11, односно, на претседателот му се враќаат правата по тој член, за кој Гордана и Шкариќ и многу други велат поинаку, не знам по која логика.

Одиме понатаму. Во 2016 г. Собранието го дополнува законот за помилување, вметнувајќи нов член со кој на Претседателот му се дава можност да ги повлече помилувањата, односно, да се обиде да се легализира повлекување на помилувањата на лицата во 2016 од страна на СЈО, пред се’. Новиот додаден член гласи:

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
Член 1

Во Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи:

„Член 11-а
Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување. Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“.

Е сега, како може собранието да вметне нов член 11-а, ако не постои член 11. Мислам дека ова го гласаше и СДСМ, како опозиција.

Подетално од ова, здравје. Со цитати, со закони, со се’.
Значи, Иванов и тогаш, а и сега има право на самостојно помилување.
 
Ovde ima edna kvaka....vo slučaj Ivanov da potpiši pomiluvanja....najverovatno toa ke go napravi na pismo na koe naslovot e Republika Makedonija....a ne Severna
I po ovoj osnov ke mu go osporat pomiluvanjeto
 
Можно е. Не ми е јасно како толку авторитети тврдат дека Иванов нема право на помилување. И Десковска, и цело СДСМ, и Сиљановска, Шкариќ...
 
Можно е. Не ми е јасно како толку авторитети тврдат дека Иванов нема право на помилување. И Десковска, и цело СДСМ, и Сиљановска, Шкариќ...

Абе сите тие стручњаци тврдеа дека Иванов мора да му го даде мандатот на Заев, ама дури Заев не даде ветување, Иванов не сакаше ниту да го прими :)

Ама тоа е проблем со нашиве закони, т.е. со цело правосудство, се може да се толкува на два или три начини.

И мислам дека и Заев знае и Мицковски знае, дека Иванов ќе ги помилува овие од 27 април.

Се само за пред народ.
 
За мандатот мораше да му го даде, според мене. Мислам дека треба попрецизно да се дефинира тој дел со мандатите/
 
Не реков дека другиве не се, но немојте да ги штитите дпне кога повеќе права им дадоа на Албанците.
Не штитам никого. Фактите се неумоливи.
СДСМ:
150 000 државјанства на луѓе од Косово;
Територијална поделба;
Закон за двојазичност;

ВМРО:
Амнестија за хашките случаи;
...
Додавајте уште. Во моментов тоа ми паѓа на памет. А има, не дека нема...

Јас како што памтам Кичево со помош на ВРМО-ДМПНЕ победи кандидатот од ДУИ за градоначалник? или грешка сум?
Ако градот Кичево останеше самостојна општина (без принудно спојување со селата), градоначалник секогаш ќе беше Македонец. Исто и Струга.
 
И мислам дека и Заев знае и Мицковски знае, дека Иванов ќе ги помилува овие од 27 април.
Не сум сигурен дека ќе ги помилува. Под голем притисок е. Го принудија да го повлече помилувањето, дали ќе има храброст повторно да помилува???

За мандатот мораше да му го даде, според мене. Мислам дека треба попрецизно да се дефинира тој дел со мандатите/
Мандатот не мораше да му го даде. Уставот не го обврзува на таков чин. Заев го доби мандатот надвор од уставните рамки.
Наместо да се пополни таа празнина во уставот, тие го отвораат за да го сменат името и повторно го затвораат.
 
НО сепак Груевски сеуште беше подобар од двата предходници
Јас мислам дека сепак најнајнајдобар беше Груевски. И се полоши и полоши ќе доаѓаат така да Груевски беше, е, и ќе остане најдобар.
 
Еве, се потрудив да ги склопам коцките, склопив што се случувало со законот.
Имено, во 1993 г. е донесен законот за помилување, каде во муабетов, клучен е

Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.

Во 2009 г. донесен е ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ. Таму е укинат Член 11

Член 10
Членот 11 се брише

Со ова, претседателот нема право на самостојно доделување на помилување.

Но, во 2016 г. Уставниот Суд донесува одлука со која го поништува законот за изменување од 2009 г. Одлуката е објавена во Службен Весник 58 во 2016. Го најдов, па ќе го копирам главното:

О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“
бр. 12/2009).

Односно, со укинувањето на измените, се укинува укинувањето на Член 11, односно, на претседателот му се враќаат правата по тој член, за кој Гордана и Шкариќ и многу други велат поинаку, не знам по која логика.

Одиме понатаму. Во 2016 г. Собранието го дополнува законот за помилување, вметнувајќи нов член со кој на Претседателот му се дава можност да ги повлече помилувањата, односно, да се обиде да се легализира повлекување на помилувањата на лицата во 2016 од страна на СЈО, пред се’. Новиот додаден член гласи:

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
Член 1

Во Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи:

„Член 11-а
Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување. Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“.

Е сега, како може собранието да вметне нов член 11-а, ако не постои член 11. Мислам дека ова го гласаше и СДСМ, како опозиција.

Подетално од ова, здравје. Со цитати, со закони, со се’.
Значи, Иванов и тогаш, а и сега има право на самостојно помилување.
Работата е во тоа што еднаш бришана одредба неможе да се врати во сила на ниеден начин освен ако законодавецот (парламентот) повторно не донесе таква одредба. Уставниот суд може само да укинува одредби за кои смета дека не се во согласност со уставот, но нема право и неможе да стави во важност одредба која е бришана, со тоа навлегува во законодавната дејност во која нема ингеренции. Затоа одлуките на Уставен секогаш гласат СЕ УКИНУВА а никогаш не гласат СЕ ПОНИШТУВА. Во правото постои огромна разлика помеѓу тоа ,,се укинува,, и ,,се поништува,,. Имено, укинувањето има дејство од сега па натаму и сите правни последици кои ги предизвикала укинатата одредба си остануваат, што во конкретниот случај значи дека на пример сите помилувани врз основа на укинатите измени си остануваат помилувани, одредбите кои со измените се бришани ,,си остануваат бришани,,. Додека поништување значи дека поништениот акт ,,не бил донесен,, се поништуваат и правните последици кои тој акт ги предизвикал додека бил во сила, во конкретниот случај ако на пример некој бил помилуван согласно укинатите измени тогаш доколку Уставен донел одлука со СЕ ПОНИШТУВА тогаш со таа одлука се поништуваат и помилувањата дадени со поништениот акт и сите други последици кои ги предизвикал вклучително и ,,бришењето,, на чл.11 и тој повторно би бил во важност, но уставен не смее и не носи такви одлуки. Еве ти и по пластично објаснување на разликата помеѓу укинување и поништување, па ваљда ке ја сватиш логиката по која Шкариќ и Силјановска објаснуваат: Ако на пример, Фондот за ПИО донесе решение со кое стекнуваш право на пензија и по тоа решение си земаш пензија 1 година по што Фондот од х причини носи решение со кое СЕ УКИНУВА решенитето со кое ти дале пензија тогаш последиците од укинувањето се дека ти во иднина нема да земаш пензија, додека ако најде дека од х причини треба и донесе решение со кое СЕ ПОНИШТУВА,, решението со кое ти дале пензија тогаш не само што во иднина нема да змеаш пензија туку ке треба и да ги вратиш парите кои си ги примил како пензија по основ на поништеното решение. Занчи Ѓорѓи, со укинувањето на измените не се укинува бришењето на чл.11, укинувањето нема повратно дејство.
 
Не штитам никого. Фактите се неумоливи.
СДСМ:
150 000 државјанства на луѓе од Косово;
Територијална поделба;
Закон за двојазичност;

ВМРО:
Амнестија за хашките случаи;
...
Додавајте уште. Во моментов тоа ми паѓа на памет. А има, не дека нема...

Ако градот Кичево останеше самостојна општина (без принудно спојување со селата), градоначалник секогаш ќе беше Македонец. Исто и Струга.

Абе сега ако правиме муабет за албанците, Бранко салам си ги работеше, по патриот од него амин за тоа.

И во крајна линија никој не можеше да му дава права на албанците, тие сами си ги зедоја т.е. ново старата албанска елита си ги доби правата да владее.

Но, за обичниот албанец исто како и македонец, за ку*о му се правата, кога нема правна држава.

И што е најинтересно албанците се многу посвесни за тоа од македонците, затоа што мнозинството албанци не му даваат повеќе подршка на ДУИ, што не може да се каже за македонците, очи си вадат за СДСМ и за ДПМНЕ.

Еве и овде на темава е очигледно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom