Еве, се потрудив да ги склопам коцките, склопив што се случувало со законот.
Имено, во 1993 г. е донесен законот за помилување, каде во муабетов, клучен е
Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.
Во 2009 г. донесен е ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ. Таму е укинат Член 11
Член 10
Членот 11 се брише
Со ова, претседателот нема право на самостојно доделување на помилување.
Но, во 2016 г. Уставниот Суд донесува одлука со која го поништува законот за изменување од 2009 г. Одлуката е објавена во Службен Весник 58 во 2016. Го најдов, па ќе го копирам главното:
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2009).
Односно, со укинувањето на измените, се укинува укинувањето на Член 11, односно, на претседателот му се враќаат правата по тој член, за кој Гордана и Шкариќ и многу други велат поинаку, не знам по која логика.
Одиме понатаму. Во 2016 г. Собранието го дополнува законот за помилување, вметнувајќи нов член со кој на Претседателот му се дава можност да ги повлече помилувањата, односно, да се обиде да се легализира повлекување на помилувањата на лицата во 2016 од страна на СЈО, пред се’. Новиот додаден член гласи:
ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
Член 1
Во Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи:
„Член 11-а
Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување. Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“.
Е сега, како може собранието да вметне нов член 11-а, ако не постои член 11. Мислам дека ова го гласаше и СДСМ, како опозиција.
Подетално од ова, здравје. Со цитати, со закони, со се’.
Значи, Иванов и тогаш, а и сега има право на самостојно помилување.