- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
По повод дуелот. Мислам дека излагањата и на едниот и на другиот звучеа повеќе како партиски излагања, користејќи еден познат наратив својствен и за Заев и за Мицковски, меѓутоа генерално земено тоа не е ништо ново, ништо што не е видено во минатото. Мислам и дека ни едниот ни другиот преку нивниот тв дуел настап не купија никакви гласови, ниту освоија некакви политички поени во очи изборите за претседател. Позициите се јасни, политичката култура на народот е таква да ставовите на мнозинството се во согласност со ставот кој што му го презентира локалниот политички штаб, став воглавно воден од личните интереси, т.е можноста за партиско вработување.
Што значи целиот дуел во глобала земено овозможува само материјал за препукувања пред кооперација, на портали и социјални медиуми, додека политичката суштина останува иста, заедно со статус квото во сите сфери на општествениот живот во државата.
Инаку, за реформскиот потенцијал на двајцата, како и на партиите кои што ги претставуваат мислам дека е излишно да се говори. Единствен сигнал кој што го испратија е фактот дека сеуште сме далеку од било какви суштински реформи кои што нема да содржат популизам и демагогија. Во скоро време не може да се очекува политички и реформски пресврт, така да прогноза која што сама се наметнува е дека во наредните десетина години (минимум) трендот на тонење на државата ќе си продолжи, паралелно со иселувањето од нејзе како последица.
Додека овие двајца пробуваа да протнат некаква си излитена демагогија, зборувајќи за судски реформи, ЕУ интеграции, смена на имиња и.т.н. демантот на целата оваа повраќаница на која што бевме сведоци, од Унгарија, најверојатно со кофа пуканки, си гледаше сеир од неговата нова дома, на слобода.