На консултативен референдум Заев може да каже што сака. Тој секако се' кажува, а сосема друго прави. Најнестабилен политичар кај нас, без конкуренција. И Амди Бајрам е постабилен од него. Да, тој менува страна (да е со власта), ама после тоа си е „конзистентен“.
Кај нас се направија апла прекршоци во однос на дефинирањето на референдумот да е консултативен, и поставување на 3 сосема глупави прашања, како целина. А уставниот суд пресуди политички место законски, очигледно е. (3 и пол години не ја разгледува уставноста на СЈО, поднесена од Тофор Петров, треба ли да се каже зошто?)[DOUBLEPOST=1553254548][/DOUBLEPOST]
ВМРО-ДПМНЕ: Терористи од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април[DOUBLEPOST=1553254706][/DOUBLEPOST]
И да дополнам... тоа значи дека нема потврда дека народот ја прифатил „работата“ поставена во референдумското прашање. Не значи ни дека ја одбил, но тоа во случајот не е „круцијалното“. Народот на референдум се прашува дали нешто прифаќа... е па не потврди дека прифаќа.[DOUBLEPOST=1553255916][/DOUBLEPOST]
Еве уште нешто што е дефинирано со уставот:
VI. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ
Член 118
Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Член 119
Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува
претседателот на Република Македонија.
Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа
е определено со закон.
Значи, кој ги склучува меѓународните договори? Претседателот на државата? Кој го склучи меѓународниот договор со Грција (преспанскиот договор)? Почитуван ли е уставот? Треба ли Уставниот Суд ова да го поништи?