На Македонија и требаат граѓански либерални и демократски модерни партии на кои на прво место нема да им биде колективот, државата, институциите туку граѓанинот, поединецот, а не како сега кој го е*е граѓанинот, индивидуата како размислува, институциите се алфа и омега и палат гасат, кадија и те тужи и те суди, наместо обратно да е, не ни требаат едноумиски партии кои поддржуваат некакви ретроградни идеологии како на пр. партии кои поддржуваат Социјализам/Комунизам или недај боже партии кои поддржуваат Национал-Социјализам ... не се живее од патриотизми, национализми и такви глупости туку треба да се има економија, демократија, слобода и правда, та не Македонија, Северна Македонија, Горна, Долна, Лева, Десна, Централна, Вардарска, Фиромска или незнам како нека се вика и Република Тунгузија само да се има достоинствен човечки живот !
За правниот систем што ќе кажеме од една страна некои одговараат со парични или затворски казни бидејќи украле неколку пива или ќебапи или уште полошо продавале марули на пазар на дива тезга, а од друга страна самата држава се прави слепа и ги пушта преку граници да киднат високите функционери како на пр. пастирот Грујо кој се колнеше дека за мајка Македонија ако треба и невин да бил осуден пак ќе лежел во затвор, но затоа сега си лежи во некое хотелско џакузи во Будапест !