Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Мајката на Денко е по татко Егеец, по мајка Гркина. Но Денко всушност е одгледан од втората жена на Владо, која е пола Србинка пола Хрватица.
https://okno.mk/node/21708
https://okno.mk/node/21738
тој ако има мајка права гркинка може да земе и грчко државјанство:cool: (а може и има) и мува не го лазе за нашите интереси, полошо ќе биде отколку Али или Села:eek: да бидат председател..
 
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
Пред децениjа можда би било така емотивно ама еве по владеењето на г-нот Груевски мислам Македонците добиjа на пресметувачка моќ. Преку униjа со Бугарите всички автоматски пасош. Шенген во наjава дополнителна мамка. Да се шеташ/работиш/курчиш ко господин човек ширум светов! :jeeee:
 
Преку униjа со Бугарите всички автоматски пасош. Шенген во наjава дополнителна мамка. Да се шеташ/работиш/курчиш ко господин човек ширум светов! :jeeee:

Се пркваат некои наченки на разум кон соседот от изток.
 
Не се сомневам дека бил дел од таа гарнитура што сакала Македонија да опстане во рамките на Југославија, кај најрадикалните макар и во таа скратената форма (Србославија). Ама како што кажа, голем дел и од Македонците беа за такво решение, не за џабе такво референдумско прашање сме имале.
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
Денко Малески беше дел од србо-носталгичарскиот комплекс на идиоти (и Киро Глигоров тука), кои заедно со СДСМ (кој се викаше поинаку тогаш), го кочеа осамостојувањето на Македонија. Колку што знам, имаше кажано - Македонија независна - само преку мене мртов (или нешто слично). За воља на вистината тој ниет го имаше поголемиот дел од македонското население, што се покажа на референдумот за независност.
Да се надоврзам на дискусијава...
Зошто идиоти?
Мој став е дека држава од овој карактер, од 2 миљона на хартија е п****н дим у секој поглед, економски, воен, културен....секаков. Не сакам да сум вазал некому, ама неќам ни да сум остаен на ветрометина.
Тоа беше 20-милионска унија, сега е 500-милионска...у помалата не се снајдовме, баш да видиме овде колку долго ќе траеме.
У глуп контекст стално ја стааме Словенија, ама ќе ти кажам дека уште мислам дека и за нив подобра опција ќе беше Југославија - ќе беа уште побогати.
Проблемот според мене е во српско-хрватско-босанските односи, кои се на база на скоро-милениумски love-hate relationship, заради претходно живеење во различни цивилизации.
Доказ дека никогаш немаше да настане обединување на целиот македонски народ во една природна држава, во рамките на етничките граници е ова 30 годишно препелкање во кал и неможноста да се надминат детски проблеми.
И да појаснам - подреденоста кон Србија си влече корени овде. Има многу, многу просрпски настроено население, што е страшно што оди до таа мерка на тотална подреденост и негирање на свои вредности - тоа мене од секогаш ме курчело овде. Србија, историски гледано, работела прилично многу на тоа, ама пак...Отсуството на личен интегритет и достоинство ни е одлика како народ, по тоа се разликуваме од сите други народи на планетава.
Друга работа, што е многу важна, осамостојувањето на СРМ од СФРЈ (која денеска го славеше најголемиот празник btw) беше процес кој не затекна и на кој никој овде не работеше за да се случи. Почна хаосот во Словенија и Хрватска. Всушност, и самото референдумско прашање повеќе се однесуваше да влеземе у сојуз со Србија, Црна Гора и Босна, отколку да тераме сами. Затоа и величењето на ликот на Киро Глигоров на оваа тема е апсурд, но уште поголем апсурд е величењето на квази-херои како стариот Мијалков и друга квази-десна проминенција, која се бавела со тастеришење, кодошење и работа за тајни служби. Никој не работеше на осамостојување - ова сите да си го врзете у крпче, ни десни, ни леви....сите ги снајде ова чудо наречено Република Македонија, ФАЈРОМ, Северна, као сакате...
Денко Малески е рециклиран лик од тоа време. Као некоја кошула што си ја имал, што се излитила, усмрдела од носење, седела у плакар 20 години, ја јаделе молци и сега ја облакаш за свадба - утка поголема да не може да биде. Прво пишав дека имал мајка албанка, па ме побија у тезата....ете и да не е така, огромно чудо е тогаш каква проалбанска нишка има у сите негови ставови и колку афирмативно одговара на сите нивни барања.
 
Денко Малески е рециклиран лик од тоа време. Као некоја кошула што си ја имал, што се излитила, усмрдела од носење, седела у плакар 20 години, ја јаделе молци и сега ја облакаш за свадба

Нема подобар опис од ова, СДСМ баш тоа го прават ако се озбилни да кандидираат човек од времето (во вмровски речник) на мрачната транзиција и сега да ни го продаваат како некаков „консензуален кандидат“ и општоприфатена личност.

Што се однесува до другите работи, сум кажал повеќе пати, тоа што македонците последниве скоро 100 години живееле во иста држава со србите и биле под нивна контрола на еден или друг начин си има оставено последици, тоа се генерации и генерации вопстиани и подредени во тој дух и уште долго време нема да смени, во заблуда се оние членови кои пишале погоре дека сега Бугарија е некаква поблиска опција.

Ама од друга страна искуството овие 30-тина години покажа дека како општество и како народ таа југословенска унија воопшто не ни била лоша, напротив многу вредности и придобивски од тоа време сега во независната држава сами на себе си ги уништивме и укинавме, вклучително и името и идентитетот на кои финално ќе им го зададеме ударот во недела на втори декември.
 
Да се надоврзам на дискусијава...
Зошто идиоти?
Затоа што другата опција беше, да останеме у иста држава со Србија и Црна Гора. Да не зборам за исходот по нас, вплеткани во војните кои следеа.
Ако го слушаа македонските политичари својот народ и протуви како Денко, Киро... ќе бевме сега со многу поголемо искуство во ужасни војни.
(дисклејмер за кретените - тоа искуство ич не е здраво)
Во тие процеси СДСМ тогашно, ги обвинуваше ВМРО дека се националисти, кои сакаат да ја распарчат земјата, затоа што Љубчо викаше - Луѓе, не е дилемата федерација или конфедерација, туку конфедерација или отцепување! Тоа беше време на дилеми кај нас, истовремено одамна решени кај Словенците и Хрватите.
Како и кога ВМРО се пребаци кај шајкачкиот џгањ, beats me, али знам дека типовиве на кои им дигаа споменици се превртуваат в гроб, заради тоа.
 
Си имаат тие зошто. Само од наша страна е некаков компромис. Учк нема напраено милиметар отстапка....поточно со нас нема никој напраено никаква отстапка, као memory пена сме, си се увлекуеме по туѓи барања.

Еве јас јавно барам, идниот претседател да не е рециклиран, да не од точно определена националност или потекло, да не е ретардиран и да не е без интегритет. Баш да видам "пикираниов" што исполнува од условиве.

Дали конечно треба да збориме за укинување на оваа најчесто злоупотребувана функција што редовно е плод на политички пазар? Се организираат скапи избори и после шо работи тој? Набавуе машни за 5000 евра, става роднини, швалерки и партиска багра на амбасадорски функции, отвара чваркијади, пифтијади, помилува лопови и криминалци по нарачка, дава ордени на сумљиви ликови шо после даваат азил на наши криминалци....кој к***ц од ваква фигура у држаава? Дел е од некој мудар политички систем? Зарибан е системов, се гледа као шкрипи скоро 30 години.
 
Eпилогот на владеењето на Груевски со партијата го гледаме:
Членството е поделено како никогаш, седиштето се продава, партијата носи шајкача и глупавото членство кое е таму се радува на тоа (?!), партијата е синоним за крадење и искористување на националните вредности и традициите на партијата, во лична корист и да не набројувам, само погледнете го овој бастарден остаток што циркулира на форумов и ќе добиете сосема јасна слика за тоа на кои гранки е спадната. Резултатите од владеењето на Груевски долго ќе мора да се санираат.
(дисклеимер за кретените - за партијата исклучиво зборам)
 
Затоа што другата опција беше, да останеме у иста држава со Србија и Црна Гора. Да не зборам за исходот по нас, вплеткани во војните кои следеа.
Ако го слушаа македонските политичари својот народ и протуви како Денко, Киро... ќе бевме сега со многу поголемо искуство во ужасни војни.
(дисклејмер за кретените - тоа искуство ич не е здраво)
Гласот ЗА, значеше ова за што ти пишуваш. ЗА гласаа 90% од гласачите, ако не и повеќе. Тоа што се случуваше понатаму, знаеме како идеше - изолацијата на Слобо и американските влијанија врз тогашната власт. Дека бил избор на Киро или Бранко - тешка работа.

Во тие процеси СДСМ тогашно, ги обвинуваше ВМРО дека се националисти, кои сакаат да ја распарчат земјата, затоа што Љубчо викаше - Луѓе, не е дилемата федерација или конфедерација, туку конфедерација или отцепување! Тоа беше време на дилеми кај нас, истовремено одамна решени кај Словенците и Хрватите.
Како и кога ВМРО се пребаци кај шајкачкиот џгањ, beats me, али знам дека типовиве на кои им дигаа споменици се превртуваат в гроб, заради тоа.
Дпне и тогаш не водеше кампања за ова што го збориш. дпне и тогаш играше како и секогаш кога се случуваат важни одлуки - ќути ко п***а, а после се јавуе и лаже за мудроста у времето кога ќутеле и го хејта сдс, затоа и на дпне треба хируршки да му отстрани тоа ВМРО, со кое незаслужено се кити цело ова време и е соучесник во сите уништувачки удари врз државава.
Дај ми доказ дека љуБчо водел ваква политика како што кажуваш.
Да не се лажеме, стравот од бугарофилските афинитети на тогашното „книжевно“ бугарашко раководство беше остварувањето на фамозната Групчин-линија која е воспоставена 1943 година меѓу фашистичка Бугарија и балистите, по падот на Дуче и фашистите во Италија. љуБчо тежнееше на конфедерација со Бугарија и тоа е нескриен факт.
 
Денко јавно ја рекол реченицата-,,македонија самостојна преку мене мртов,,

знам дека тогаш имаше караница која химна прво да се пее-македонската или југословенската. За Денко се зборуваше дека несакал да стани на интонирањето на македонската химна
Чинам еднаш истото и за Тито Петковски го пиша. Само муабети им вадиш на луѓето.
 
Денко Малески уште неседнат во фотеља ќе го потпише законот за двојазичност...затоа и аЉи го предлага него. А знаејќи ги СДС, партијата која 22 години Бранко го имаше главниот збор, и сеуште профилираат лица како Шеќеринска и Макрадули, дечињата на Б.Ц. воопшто не ме чуди и тие да се задоволни од овој потенцијален кандидат за претседател на Македонија.
72 годишно дртало, генерација со Тито Петковски кое прајм тајмот го доживеа во 90те за времето на транзицијата.

Баш да ги видам овие од другава страна што кандидат ќе понудат.
 
Чинам еднаш истото и за Тито Петковски го пиша. Само муабети им вадиш на луѓето.
Mozno e......mnogu vreme pomina...a jas ova go pišuvam po sećavanje...a ne po preraskažuvanje od drugi

Vo sekoj slucaj i za Denko imaše vakva crna fleka...od ovoj kalibar i koga ke go sretnam mojot sogragjanin Goce Temelkoski izvorno ke se informiram koj sto zaebal...
No siguren sum..se sećavam deka komunistite togaš ne sakaa prvo da se intonira makedonskata himna
Toa e fakt
Fakt e i deka Jordan Mijalkov kako.minister za vnatresni od govornica im se zakanuvaše so krenat prst-" site ke ve uapsam"
 
Fakt e i deka Jordan Mijalkov kako.minister za vnatresni od govornica im se zakanuvaše so krenat prst-" site ke ve uapsam"
Факт е дека и покрај овој факт, вие го голтнавте лажниот мит за него и од неговиот син и внук напраивте чудовишта.
Улица му дадовте, документарци, споменици...
 
Факт е дека и покрај овој факт, вие го голтнавте лажниот мит за него и од неговиот син и внук напраивте чудовишта.
Улица му дадовте, документарци, споменици...
Da....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom