Не се сомневам дека бил дел од таа гарнитура што сакала Македонија да опстане во рамките на Југославија, кај најрадикалните макар и во таа скратената форма (Србославија). Ама како што кажа, голем дел и од Македонците беа за такво решение, не за џабе такво референдумско прашање сме имале.
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
Денко Малески беше дел од србо-носталгичарскиот комплекс на идиоти (и Киро Глигоров тука), кои заедно со СДСМ (кој се викаше поинаку тогаш), го кочеа осамостојувањето на Македонија. Колку што знам, имаше кажано - Македонија независна - само преку мене мртов (или нешто слично). За воља на вистината тој ниет го имаше поголемиот дел од македонското население, што се покажа на референдумот за независност.
Да се надоврзам на дискусијава...
Зошто идиоти?
Мој став е дека држава од овој карактер, од 2 миљона на хартија е п****н дим у секој поглед, економски, воен, културен....секаков. Не сакам да сум вазал некому, ама неќам ни да сум остаен на ветрометина.
Тоа беше 20-милионска унија, сега е 500-милионска...у помалата не се снајдовме, баш да видиме овде колку долго ќе траеме.
У глуп контекст стално ја стааме Словенија, ама ќе ти кажам дека уште мислам дека и за нив подобра опција ќе беше Југославија - ќе беа уште побогати.
Проблемот според мене е во српско-хрватско-босанските односи, кои се на база на скоро-милениумски love-hate relationship, заради претходно живеење во различни цивилизации.
Доказ дека никогаш немаше да настане обединување на целиот македонски народ во една природна држава, во рамките на етничките граници е ова 30 годишно препелкање во кал и неможноста да се надминат детски проблеми.
И да појаснам - подреденоста кон Србија си влече корени овде. Има многу, многу просрпски настроено население, што е страшно што оди до таа мерка на тотална подреденост и негирање на свои вредности - тоа мене од секогаш ме курчело овде. Србија, историски гледано, работела прилично многу на тоа, ама пак...Отсуството на личен интегритет и достоинство ни е одлика како народ, по тоа се разликуваме од сите други народи на планетава.
Друга работа, што е многу важна, осамостојувањето на СРМ од СФРЈ (која денеска го славеше најголемиот празник btw) беше процес кој не затекна и на кој никој овде не работеше за да се случи. Почна хаосот во Словенија и Хрватска. Всушност, и самото референдумско прашање повеќе се однесуваше да влеземе у сојуз со Србија, Црна Гора и Босна, отколку да тераме сами. Затоа и величењето на ликот на Киро Глигоров на оваа тема е апсурд, но уште поголем апсурд е величењето на квази-херои како стариот Мијалков и друга квази-десна проминенција, која се бавела со тастеришење, кодошење и работа за тајни служби. Никој не работеше на осамостојување - ова сите да си го врзете у крпче, ни десни, ни леви....сите ги снајде ова чудо наречено Република Македонија, ФАЈРОМ, Северна, као сакате...
Денко Малески е рециклиран лик од тоа време. Као некоја кошула што си ја имал, што се излитила, усмрдела од носење, седела у плакар 20 години, ја јаделе молци и сега ја облакаш за свадба - утка поголема да не може да биде. Прво пишав дека имал мајка албанка, па ме побија у тезата....ете и да не е така, огромно чудо е тогаш каква проалбанска нишка има у сите негови ставови и колку афирмативно одговара на сите нивни барања.