Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека без поддршка од сите партии нема шани да успее референдум во Македонија за било што а најмалку за името..Најмногу што би излегле се 600-700 илјади гласови... Најверојатно ќе се оди на консултативен а не на задолжителен референдум и ќе се оди на картатата да ги земат во предвид мнозинството гласови за или против а не цензусот од 51%..
Уште во јуни многу прецизно сум предвидел како ќе се одвиваат работите...
 
Мислам дека не ја разбираш, а и многу други како @Ne_sum_ja ситуацијата во која што се наоѓа ЕУ.

Овие во Брисел сфатија дека е време за чекори, и ако следите ќе видите што им прават во моментов на Унгарија, Полска и Велика Британија.

Така да за шамаров што им го маваме со нашето историско НЕ, ќе има полследици, затоа што постоењето на ЕУ во моментов е во прашање. Мислам не дека ние сме многу битни во приказнава, ама многу работи се насобрани.

Како ќе не третираат ќе зависи само од степенот на проценка за можен воен конфликт во Македонија.
Мислиш, Унгарија, Полска и Британија ѝ прават на ЕУ. Пошто они ги одјебуваат како сакаат, а не обратно.

И ние не мавнавме шамар на ЕУ, туку на договорот. Тоа што копуциве од СДСМ решија да го стават ЕУ во референдумското прашање е нивна кривица, не моја (наша).

И аман од заканиве со војна...
 
Кога се фалиме ајде јас што сум предвидел на 3 август во драга кајгана

Драга значи не ми се верува колку се килави овие од СДСМ

Неполна година му требаше за Иванов од фикус да го направат нов Гоце Делчев, за овај да му даде смисла на секој фејсбук патриот да стане револуционер кој што ќе тргне во борба на четврт по ред Илинден во кој што не треба да мрдне од каучот од својата соба за да победи.
И се е спремно за новата епска епизода од македонската револуционерна борба во која народот ќе победи ама предавниците ќе запустат се.

Перфектно :pos:
 
Не разбирам што ти е тебе нормално у тоа, али ок, некој кој го подржуваше Груевски после све што напраи, нема да го оптеретуваме со морално-етички кочници.
Ако мислиш дека јас сум го поджувал,грешка си.Имам свој став јас и не гласам секогаш за иста партија.За разлика од тебе
Ко го хејтате Мицко оти немал став и бил пичка,зошто не го фалите Иванов за мадината што ги покажа?И тоа во УСА појде и им рече јас не го подржувам овај договор и ќе бојкотирам.
 
Од 1 и 25 до 1 и 55, на тоа мисле.
Тоа бараат а од друга страна ги казнуваат нивните кои гласаа на референдумот.
Сега пак, како побогу изедначи смена од функција и бркање од работа? Функција и работа се исто?
 
Овие во Брисел сфатија дека е време за чекори, и ако следите ќе видите што им прават во моментов на Унгарија, Полска и Велика Британија.
За оваа болдиранава... ТЕШКО И НИКАКО.
 
Мислам дека не ја разбираш, а и многу други како @Ne_sum_ja ситуацијата во која што се наоѓа ЕУ.

Овие во Брисел сфатија дека е време за чекори, и ако следите ќе видите што им прават во моментов на Унгарија, Полска и Велика Британија.

Така да за шамаров што им го маваме со нашето историско НЕ, ќе има полследици, затоа што постоењето на ЕУ во моментов е во прашање. Мислам не дека ние сме многу битни во приказнава, ама многу работи се насобрани.

Како ќе не третираат ќе зависи само од степенот на проценка за можен воен конфликт во Македонија.

Друже ова се прави за членство во НАТО. Европска Унија е едно 10 години далеку за нас :)
 
Очекувам сите патриоти од странство кои се контра договорот од Преспа и предавството на сдс да почнат под хитно да градат Фонд за Македонија по еврејскиот терк(да паѓа секој месец некоја банка што ќе оди во буџетот, ама без забушавање, редовноста е најбитна да имаме динамика). Локалните домољуби со ЕУ државјанство кои живеат во МК да се откажат од него и да го палат секој доказ за него кој го поседуваат јавно, без забушавање, и пластика и хартија, трошоците ако вадат пак после е лична работа, сега за Македонија се работи). ВМРО да направи попис под хитно кога ќе дојди на власт сега на изборите и после да направи природна коалиција со најдобрите од браќата со кои го правевме Охридското востание. За да не ги нервираме колонизаторите и браќа од север, ВМРО мора јавно да ја прифати шајкачата и да немаме проблем во иднина со тоа со тие браќа. Со браќата од исток раскинување на сите односи(привремено) и прирема за конечен судир со елините од југ. Можда немаме тенкови и авиони ама имаме мадиња. ВМРО терај до крај

Немој со ваков екстра-турбо-ЕУ-хумор, го читам вака после ручек и за малку ќе се удавев од смеење. Не за друго после ќе ме носиш, на душа. Биди ми поздравен.
 
Знам тачно која е добитната формула за овде.

Кога девеести Бранко пљачкаше цела држава и праеше неверојатни грабежи, луѓето ипак си гласаа за него, и покрај криминалната приватизација (убедливо најштетен и најголем грабеж), и покрај тоа што го тргна националниот симбол од знамето, и покрај милион други нешта.
Сега Груевски истиот третман го доби од народот, и покрај/после све што стори (да не набројувам, страшно и долго ќе биде).

Заклучок - можеш колку сакаш да му сереш на овој народ врз глава, пак ќе те гласа, битно е да си србомански настроен.
 
Друже договоров е дело на САД и Германија ...
Не, туку на Заев и Димитров. Што не имавме ваков договор во времето на Груевски?
 
Па, наше не е, сигурно. Светско е. :)

Е па дека за НАТО била работава :)[DOUBLEPOST=1538664866][/DOUBLEPOST]
Не, туку на Заев и Димитров. Што не имавме ваков договор во времето на Груевски?

Точно е тоа, не можевме да имаме ваков договор со Груевски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom