kazioX
Примерен форумџија
- Член од
- 28 април 2011
- Мислења
- 3.859
- Поени од реакции
- 10.703
Вчера си дојдов од Турција и ќе ми треба некое време да се привикнам на нашето чудно општество. Толку многу останало кај нас од турскиот период ама најбитните работи за жал не. Втор пат одам таму во последните 5 години и по втор пат не можам да си објаснам како ние во Македонија можеме да бидеме такви изроди. Десет дена постојано се возев со градски превоз натаму наваму, најмалку по 2 пати. Знаете колку луѓе се шверцаа? НУЛА. Нема ни инспекција ни ништо, секој влева и си плаќа најкултурно, не се турка прв да влезе, не се тепа за седиште, не носи по 3 кила кромид со него и не грицка сончоглед внатре. Возачите не се исфрустрирани, си ја вршат работата како што треба, па дури и те чекаат на постојка некоја секунда плус ако си поназад да не трчаш како будала. Ептен се фини луѓето и од милина да ги гледаш како си помагаат меѓусебно. Башка грците можат вода да им носат и за услуга и за гостопримство, кога ќе кажиш дека си од Македонија обавезно ти викаат ооо комши здраво, зборуваат по нешто македонски, чај те нудат одма. Да не е многу подолг патот до Турција не би им стапнал на јужниве долу. Ајде сега back to reality.
Поздрав.
Поздрав.