Се додека не се покаже ригорозна студијата или истражувањето дека таков и таков кадар ќе ни треба за 3 до 5 години и колкава во бројки би била користа од таков кадар, стипендии може да се рачунаат за фрлање пари.
Која е логиката да ти некому му дадеш 50 000 евра, а потоа го обврзиш да работи 10 години на работно место на кое по систематизација е плата до 500 или 1000 евра месечно и просечниот вработен на тој тип работно место има македонска диплома. Кој е тој екстра придонес од таа топ 100 диплома доколку задачите на тоа работно место може да ги исполни било кој со диплома која не е топ 100. Да не зборуваме дека знаењето брзо станува бескорисно ако на таков вработен не го праќаш надвор на дообразување и по вработувањето и ако не фрлаш дестици илјади евра во надградби. И да не заборавиме дека таков вработен треба годишно да ти носи приходи од најмалку 30 000 евра да се исплати таа работа.
На запад нормално е образованието доколку е скапо да си го софинансираат од кредити / работа.
Кредит е нешто најнормално, си го плаќаат луѓе по завршување на образованието. Ако си завршил добар факултет и си способен, ќе имаш добра плата и ќе го вратиш кредитот.
Мислам дека претворањето на стипендиите во бескаматни кредити и укинување на обврската да се вработат во Македонија е подобра работа. Прво државата нема трошок со кредит, второ студентот добива пари исто како стипендија, но добива и обврски и задачи да се потруди да заработи реални пари во животот со таа диплома. Трето студентот е слободен човек кој може да остане на запад ако сака каде условите за личен развор се подобри, а за возврат Македонија добива човек- линк во престижна фирма на запад.