Мислам дека многу се очекува од јавноста од членството во НАТО и ЕУ. Таква атмосфера се создаде од независноста наваму што целата енергија е насочена кон овие две вештачки организации. Се креира погрешен впречаток во јавноста дека нашето опстанување е директно поврзано со членството во овие две структури. НЕ! Нашиот опстанок е исклучиво поврзан со решавањето на внатрешните суштински прашања, врз кои и ЕУ и НАТО имаат мал, скоро никаков импакт. Нивната улога е сведена исклучиво на мониторирање на состојбите. Ние со нашето членство единствено што правиме е приклонување кон нивните политики, пред се од надворешен карактер. Ова важи посебно за НАТО сојузот.
НАТО не поседува ама баш никаква трансформирачка моќ внатре во општеството. Тоа е воен сојуз чие примарно делување е надворешно. Експанзионата политика на НАТО сојузот ги претвора новите членки во вазали, потенцијална мета во услови на глобален конфликт. Правото на неутралност по автоматизам се губи. Секое стапување во војна на НАТО сојузот значи дека по дифолт и ние ќе бидеме во војна а со тоа и легитимна мета. НАТО е инструмент на нејзините најмоќни членки за практицирање на нова форма на модерен колонијализам под друг термин.
ЕУ од друга страна, нејзината трансформирачка моќ врз нејзините членки е ограничена од проста причина што националниот карактер на државите внатре во Унијата е задржан. Секој обид за менување на овој факт доведува до отпор и јакнење на десно ориентираните партии во државите членки. Пример за тоа ви се Унгарија, Австрија, Италија...Велика Британија баш од овие причини ја напушти унијата. ЕУ е слаб сојуз кој што не поседува скоро никакви инструменти за трансформација на општествата на неговоите земји членки кон подобро. Внатре во нив повторно се води своеволна политика, царува корупцијата...
Ние сме стенкнале погрешен впечаток дека ЕУ ги направила Западните членки богати. Австрија на пример кога влезе во Унијата, некаде 90тите, веќе беше развиена и богата земја, со и без ЕУ. Друг фактор кој што треба да се земе предвид е дека ЕУ моментално е бледа сенка на она што беше пред последното големо проширување во 2004. Реално, од оваа дистанца гледано, моментално Унијата стои на климави нозе. Истото е и со цела Европа, целиот континент.
Така да ако некој мисли дека членството во ЕУ ќе не трансформира во модерна и развиена земја преку ноќ, тој човек живее во заблуда.
Ако нашето членство таму беше исклучиво условено од нашите реформски капацитети, а не од менувањето на името и индентитетот, членството во ЕУ ќе се исплатеше за нас. Меѓутоа под овие услови цената која што ја плаќаме и она што МОЖЕБИ ќе го добиеме не коресподира.