Кои комедии се и едните и другите, она парламентот може комотно да стане дом на трагикомедијата. На тендер да ги бараа онакви дна од луѓе и кај едните и кај другите немаше да најдат. Да гледа некој од страна, од некоја покултурна земја, има да се крсти со лева рака на глупостите кои што ги тресат.
Едниов му лепи етикети на предавник, држи театрален говор и Заев излегува на говорница и му вели пукнете од мака оти вие (ВМРО) не го решивте спорот

Она што е трагично за нас како народ е начинот на кој што го кажа ова, полн со себе, чиниш го открил лекот за ракот.
И после овде на форумов се пењавиме колективно, зборуваме за некаква иднина, сеуште правиме некакви проекции...
Мислам дека времето ни ги отупило чувствата за расудување, ова станало нашата реалност веќе скоро триесет години, ваквите работи за нас станале што се вели како "добар ден" нешто најнормално, па не се ни потресуваме веќе.
Ова што моментално ни се случува е срам и општа мизерија. Звучи глупаво човек да се надева на подобра иднина, макар и во ЕУ и НАТО, кога е воден и опкружен од вакви ликови, за кој живот и подобра иднина правиме муабет?