T
Terroir
Гостин
И да е така, ова е прилика да искористат да добијат градинка, во склоп на таа градинка нека бидат и овие деца, може ако тие не научиле, нивните деца ќе научат што е тоа емпатија. Во моето забавиште имаше и деца од специјална паралелка, никој нит не нападна, нит не зарази, овие деца се благодарни и ги усреќува да им обратиш само внимание, на страна што сигурно ќе си има посебни лица, дефектолози, кои ќе се грижат за нив, сигурно нема со воспитачки само да ги остават.
Луѓето се баш бесни поради тоа, што ги слушаат единствено кога треба нешто да им земат нив - во случајов простор што бил наменет за градинка
И пак ќе кажам се работи за неинформираност
Нека им објаснат убаво за какви деца се работи, оти негде прочитав и самиот дека се деца со ментални пречки додека на други места пишуваат и повозрасни лица од заводот во Демир Капија. И кај тие лица за жал има по тешки случаи со не баш соодветно однесување, и сега да ги ставиш заедно во иста зграда со деца од градинка не знам баш..