Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Ај поконкретно, како преименувањето на државата од Македонија во Северна Македонија го загрозуван нашиот идентитет (сеуште недефиниран)?
Прво и основно не е недифиниран, не треси глупости.

Второ, никаде не напишав дека некој го загрозува она шо се дефинира како идентитет на еден народ туку се оди на преимнеување на истиот.

Ете пластично да ти нацртам, никој не рече дека ќе се промени на било какво начин Тешкото како етно обележје или Галичката свадба, меѓутоа се оди на преименување на националната целина од која тие етно обележја се дел.

Имаш куп примери, зошто имаш севернокорејци и јужнокорејци на пример, ете баш се актуелни сега?

Знаеш дека речиси и да не постои разлика во етно обележјата помеѓу народот во Северна и Јужна Кореја.

Прашај се зошто грците категорично не прифаќаа додавка пред Република и зошто истата мора да го подлегне Уставот на измени.

Таки Фити:

Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.

– Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.

Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.673
Поени од реакции
28.096
WoW реплика на столетието.
Земи истражувај малку, ќе видиш зошто "протестираат".

Ситуацијава ме потсеќа на контра-протестите за Мартин Нешковски, болни и гадни.
Пa штo сaкaш дa ти реплицирaм aкo oднaпред ти гo знaм oдгoвoрoт? Јaс ке ти кaжaм декa зa пуштaње aвтoбускa пoстoјкa прoслaвувaaт сo диџеј a ти ке ми oдгoвoриш декa Мијaлкoв мнoгу ебел нa времетo.Ти си некaде вo 2013тa зaглaвен и сo нoкти гребеш дa излезеш oд тoa време a немoжеш.Ти у мoментoв штo се случувa немoжеш дa видиш oд тaму кaде штo се нaoѓaш,ниту пaк те интересирa.Зa oвa сегa штo се дешaвa ке дoзнaеш и ке пишувaш негде тaму 2025тa гoдинa.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ај кажи ни ти поконкретно како тоа менување на пол од маж во жена (каде ти го ставаат на трупче) ти ќе останеш машко ? И вака и онака пак ќе може да имаш деца па дури и труден да останеш, се е исто нели (по твоја логика) ?
Не ти е срам од глупостиве кои ги тресиш? Како со некој малоумен да комуницирам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Прво и основно не е недифиниран, не треси глупости.

Второ, никаде не напишав дека некој го загрозува она шо се дефинира како идентитет на еден народ туку се оди на преимнеување на истиот.

Ете пластично да ти нацртам, никој не рече дека ќе се промени на било какво начин Тешкото како етно обележје или Галичката свадба, меѓутоа се оди на преименување на националната целина од која тие етно обележја се дел.

Имаш куп примери, зошто имаш севернокорејци и јужнокорејци на пример, ете баш се актуелни сега?

Знаеш дека речиси и да не постои разлика во етно обележјата помеѓу народот во Северна и Јужна Кореја.

Прашај се зошто грците категорично не прифаќаа додавка пред Република и зошто истата мора да го подлегне Уставот на измени.
И она што успеа да кажеш е дека со промена на името ќе се промени името, што е прилично паметен заклучок, односно не се менува никаков идентитет.[DOUBLEPOST=1528790222][/DOUBLEPOST]
Иначе Северна Македонија уште повеќе изразува иредентистички став, поготово кога Јужниот дел е дел од некоја друга држава, а не самостојна држава...

Така да тешко дека Грците ќе се сложат на ова.... Ова ти е само спин на власта, слично како Тимјаник со кој се замајава народот веќе скоро цела недела... Притоа бензините се поскапи 50% за една година, иако на светските берзи не помрднале.... Или пак растот од 0.01%..... Ама ако, така се кали челикот....
Сега всушност признаваш дека решението кое се се споменува е добро решение.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.824
Поени од реакции
18.503
Го гледав уште во живо вчера кога беше, тоа што една жена рекла такво нешто не значи дека сите во Тимјаник размислуваат како неа. Ова е исто како јас да генерализирам сега и да речам дека сите од шарената револуција беа ненормални, само заради тоа што една девојка на полицајците им посакуваше Куманово пак да им се деси



Не повеќе ама остануваме на исто според мене, оти ако има Северна мора да има и Јужна Македонија

Грците дали ќе прифатат тешко..
Ама тогаш кај нив ќе се префрли притисокот од надвор не кај нас како сега, па ништо чудно и да почнеме преговори за ЕУ без решение на спорот
И да е така, ова е прилика да искористат да добијат градинка, во склоп на таа градинка нека бидат и овие деца, може ако тие не научиле, нивните деца ќе научат што е тоа емпатија. Во моето забавиште имаше и деца од специјална паралелка, никој нит не нападна, нит не зарази, овие деца се благодарни и ги усреќува да им обратиш само внимание, на страна што сигурно ќе си има посебни лица, дефектолози, кои ќе се грижат за нив, сигурно нема со воспитачки само да ги остават.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
И она што успеа да го кажеш е дека со промена на името ќе се промени името, што е прилично паметен заклучок, односно не се менува никаков идентитет.
Не знам дали не сакаш и/или не можеш да сфатиш или едноставно ми продаваш мадиња за бубрези, сеедно е.

Никој не ги менува етно обележјата шо не дефинираат како народ туку го менува именувањето на народот.

Финти на друго место.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Не знам дали не сакаш и/или не можеш да сфатиш или едноставно ми продаваш мадиња за бубрези, сеедно е.

Никој не ги менува етно обележјата шо не дефинираат како народ туку го менува именувањето на народот.

Финти на друго место.
Така де, со промена името се менува името. Апсолутно ништо друго не кажа. Чиста тавтологија.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Го гледав уште во живо вчера кога беше, тоа што една жена рекла такво нешто не значи дека сите во Тимјаник размислуваат како неа. Ова е исто како јас да генерализирам сега и да речам дека сите од шарената револуција беа ненормални, само заради тоа што една девојка на полицајците им посакуваше Куманово пак да им се деси
Со оглед на тоа колкав процент фрлаше кондоми со боја - не е ова далеку од вистината.
 
Последно уредено:
V

viktora

Гостин
Пошто има простички луѓе на темава на прост начин би се објаснило што е идентитет.

Нешто слично како да немаш никаков документ,лична карта,возачка,пасош...Без документ за идентификација си безимен,никој и ништо,без имот, едноставно те нема.Ниту пак можеш да докажиш дека она што го поседуваш е твое зошто нели немаш документи,идентификација,идентитет како сакаш наречи го.

Е нашава ситуација е слична.Треба да се одкажеме од сите лични документи да вадиме нови но со различно име и презиме и дата на раѓање не да стои од денот кога си се родил него од денот кога си ги поднел документите.
Како ќе докажеш дека нешто претходно што си го поседувал е твое?
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Pokraj site circus predlozi sto gi imamvme i znaejki ja grckata pozicija da vidam nema da veruvam deka juznive go prifatile predlogov sto se spomnuva.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Така де, со промена името се менува името. Апсолутно ништо друго не кажа. Чиста тавтологија.
Демек сеа со банализирање го компензираш немањето контраргумент?

Напразно верглаш.

Еве Тaки Фити шо вели:

Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.

– Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.

Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Пошто има простички луѓе на темава на прост начин би се објаснило што е идентитет.

Нешто слично како да немаш никаков документ,лична карта,возачка,пасош...Без документ за идентификација си безимен,никој и ништо,без имот, едноставно те нема.Ниту пак можеш да докажиш дека она што го поседуваш е твое зошто нели немаш документи,идентификација,идентитет како сакаш наречи го.

Е нашава ситуација е слична.Треба да се одкажеме од сите лични документи да вадиме нови но со различно име и презиме и дата на раѓање не да стои од денот кога си се родил него од денот кога си ги поднел документите.
Како ќе докажеш дека нешто претходно што си го поседувал е твое?
Нешто слично реплицирав погоре
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Демек сеа со банализирање го компензираш немањето контраргумент?

Напразно верглаш.
Ти си тој без аргументи. Ставот кој треба да го браниш беше дека со менувањето на името се менува идентитетот. Она што успеа да одбраниш е дека со менување на името се менува името, за што реално и не требаше многу да се трудиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom