Нека е честито, нека им се угоде на тие за кои доаѓа животот заразен со плава жолтица.
http://www.24vesti.com.mk/sednica-n...a-i-pesni-vo-republika-makedonija-kembridz-pr
Седница на Влада - Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија, Кембриџ програма во средно нема да почне ни наредната учебна година
06.03.2018 | 21:39
Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија - Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.
Владината прес-служба соопшти дека ансамблот се основа „заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија“.
Понатаму, примената на наставни планови и програми по Кембриџ-програмата во средно образование нема да почне ни од наредната учебна 2018/2019 година, одлучи Владата на денешната седница.
Министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, соопшти прес-службата на Владата.
На денешната владина седница министрите исто така донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектите „Самовработување со кредитирање“ и „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нови работни места.
Како што соопшти владината прес-служба, се работи за проекти кои се реализираат преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување.
Во рамки на Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување на три невработени млади лица до 29 години.