jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.607
Каква утеха е тоа што и дпмне се исти гомна, за тоа што се прави ова што ни се прави? Не ли беше муабетот пред 2 години исти се и сдсм ... што е поразлична таа математичка формула ?.... зошто се гласа тогаш, чему се трошат пари ?И не слушнав никаде изјава дека ако еве, да речиме сеа Ел Хорхе стави вето на законот, СДСМ не го гласа пак, тогаш ок е ДПМНЕ да направи Влада со истите албански партии кои се сега во коалција со СДСМ, и да го изгласа законот, тогаш тоа ќе биде патриотски претпоставувам.
Гледај како вешто плукаат од страна патриотите на предавниците, ама никој јасно и гласно не се оградува од тоа шо се прави, чуден некој патриотизам овој ваков, декларативен дека затоа.
Нека заземат став, ја отфрлија или не т.н Тиранска платформа?
Ако ја отфрлија, како излегоа со изјава дека ќе формираат Влада, кога нели без неа нема коалиција.
Па тука на форумов најсилните подржувачи на демократија кои очи вадеа кога ќе спомнеш дека не функционира такво уредување, сега гледам плукаат на партии, ѓоа се тоа криминалистички организации (не дека не се) .... Еве види на форумов, никој не е симпатизер на ниедна партија..... едноставно е страшно да бидеш симпатизер на партија ... а тие што гласале, гласале ПРОТИВ другите, а не за тие што гласале.....
Еве го и муабетов што го водиш ти, пак се сведува на истиот мубает што го водат сите тука на форумов, без разлика дали се против грујо или против зајо (никој не е ЗА сите се ПРОТИВ некого). И сдсм така праеше и вмро така ќе напраеше. Се збори за минато и за алтер сегашност, како оправдување за тоа што ни се прави сега.
Сите мантраат за трета опција, затоа што знаат дека немаат опција.....
Какво е тоа поимање на демократијата, ако не признание дека истата не функционира ?