Формално правно Бугарија ќе нема изговори да го блокира нашето членство во ЕУ и НАТО. Хрватска имаше многу поголем проблем со Словенија при приемот во ЕУ па беше принудена да си ја подвитка опашката. Нема правда ниту милост во политиката, оние кои имаат позиција на сила ќе ја користат таа политика. Ние немаме многу избор, освен ако не си идиот од типот на
@Vanlok или
@Бачето , па да мислиш дека можеме во целата калакурница на Балканот да глумиме невиност и неутралност, или да чекаме Русија некако магично да застане на наша страна, истата Русија која никогаш во историјата тоа не го направила.
Мината власт немаше никаков интерес да ја внесе Македонија во НАТО, затоа што најмногу и одговараша да бидеме Сееврна Кореа на Балканите. Затоа и заостанавме светлосни години во тие интеграции. Уште ни фали Србија да влезе таму пред нас, па и таа да почне да не условува.
Пред се, уште еднаш да ти го честитам Денот на Македонската Револуционерна Борба, посебно после тоа шо во неколку наврати се декларираше како член на ДПМНЕ, кој чека само момент да се збрише како велиш „Гвујо и фамилијата“ не сакам да верувам дека си се дрзнал да го напишеш тоа во својство на очајничка манипулација, инаку не правам споредби со и меѓу никого.
Јас лично верувам дека постои континуитет од Илинденците, АСНОМ до денес, иако од петни жили се прават напори таа нишка да се пресече во корен.
Еве имаше доста анализи кои пред се критикуваа дека ретко се потпишува таков договор кој не е реципрочен во најмала рака, шо е уште полошо нас не става во исклучително подредене положба во поглед на Бугарија, посебно на среден и долг рок.
Откажување од национално малцинство од наша страна, со нагласена од Бугарска страна, одбрана на интереси на нивни државјани во МКД, настрана и ревизијата на историјата која кој знае што ќе донесе.
Фактички тие не се обврзаа на ништо према нас, а ние одстапивме према нив, ако овој договор нема тајни анекси, формално правно нема никаква корист за нас, освен како гест на добра воља. Колку е тоа така времето ќе покаже, да не се навраќаме на минатото.
Никој не ја спомна Русија, милост и правда во политиката, едноставно се работи за заштита на наши интереси, борба за истите.
Сличен договор беше потпишан со Грција, па кога дојде ситуација да се испочитува тежиштето на истиот, ние останавме ос qrот враце, покрај сите направени одстапки, никој во нашето соседство покрај се не е ставен во ситуација да потпишва такви договори.
Ги стави Хрватска и Словенија како пример, шо не е ни малку соодветен, било со односите МК-БГ или МК-ГР, тоа т.н лидерство шо некој се обидува да го протне не води никаде засега, уште ако се земе во обзир и интерната политка кај нас, капут.
Србија е далеку позначајна за НАТО и ЕУ, само шо решението за Косово, веројатно ќе оди во пакет со решавањето на Западен Балкан, така да мали се шансите да има потреба да бидеме уценувани од нивна страна.
Од оваа позиција, искрено не знам дали преходната власт не сакала да станеме членка на НАТО и ЕУ, или пак едноставно не се согласувала со тоа што треба да се направи од МКД на тој пат кон интеграции, настрана корупцијата која и сега ја има и не се прави ама баш ништо суштинско за сузбивање на истата.
Швајцарија тешко во било кој поглед дека ќе станеме, единствено останува нешто налик на Босна и Херцеговина.
Националистички, шовинистички па и фашистички е да се има грбот на ВМРО или карта на етничка Македонија, од друга страна пак, Илирида, ОВК, Бали Комбетар никој не ги критикува, напротив, кај нас се користи рецепт за квазилевичарска обланда околу сето да се проголта.
Да беше како велиш само да се подвитка опашката, свитка кичмата и сл, ама не ќе да е само до тоа.[DOUBLEPOST=1508774601][/DOUBLEPOST]
Де бе па ти, да се најдам во муабет. А дека сме иста катара тоа оддамна заклучивме дека не сме. Јас не одам да гаснам пожар подметнат или не.
Нив незнам како му е, најдобро да ги праша нив. Си имаат најдено некаква утеха за да си се тешат себеси или така нешто пошто како што можеше и сам да забележиш преку ноќ од најголеми бугаромрзци станаа најголеми бугарофили. Сега наеднипати ќе им се испушти ама јбг не се одвикува така лесно од навиките. Истиот муабет и за Албанците. Од клети душмани, некапени, вакви, такви преку ноќ и ги избањаа, образоваа, културно ги издигнаа, па веќе двојазичноста била секојдневие, на никој не му пречи баш напротив итн ит итн. Заев така рече а пошто Заев не вели туку така сигурно има нешто и преку ноќ ја сменија песната. За ДУИ пак ич да не прајме муабет. Море гас и гаќи со ВМРО, море тендер коалиција, море незнам што и како и оп наеднаш кој ДУИ. Не бе нема везе, муабети. Сега не сум во тек дали Села чини или не чини. Дали го избањаа ама не го добањаа или како. Да не стани тој пак од оние некапените преку ноќ а Тачи со бекутан тазе избањат. Арно ама како велат, хартијата ( во случајот тастатурата, мониторот или што и да е) се трпи ама кога реално ке им здожежи на газето тогаш друга е приказната. Такви примери имаш колку да сакаш дури и на форумот.
Левица не ми ги ни фаќа радарот мене , како да не постојат така да биле фејк или не ми е сосем сеедно.
Ете ти борчам муабет,
Сега е работата До Блачак, баш како филмот, или со се мади*а на битолски.
Не знам дали го имаш глеано или не, ама дава исклучително добра преносна смисла, од протагонистите, еден претставник од чорбџиско семејство, школуван Западна Европа, претставник на интелегенцијата, од друга страна пак, еден претставник на селанството кому цела фамилија османлиите ја мачеле, ѕверски и тоа.
Пази сеа, ги обединува една европска путана, ќе се шиба со двајцата нормално, ќе собере потребно инфо, и на крај ќе покуша да оде*и со двајцата, тука само оставајки лажна надеж, единствена утеха е што и двајцата остануваат тука и паѓаат заедно за МКД, епска сцена кога овчар шо го глуми Џумерко, пред да ги решат, вика дека „Крсто војводата му го пресече пато на силата“ а во кадат стадо овци.
Епа ние сме овците.
