Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Па што да кажам друго кога човекот јавно ми кажува дека ми вршел проверка, биди фер и кажи дека тоа е глупо и не е во согласност со демократските процеси.
1. Забрането е? :D Имаш како да подесиш ако не сакаш некој да ти гледа. Ја пратам темава одамна и еве сега те приметувам, па ме интересираше. :D
2. Транспарентен сум, па ти кажав. Кај го има тоа?! :D
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
1. Забрането е? :D Имаш како да подесиш ако не сакаш некој да ти гледа. Ја пратам темава одамна и еве сега те приметувам, па ме интересираше. :D
2. Транспарентен сум, па ти кажав. Кај го има тоа?! :D
Се поправи со претходниот пост, да не правиме од личности идоли туку да ги гледаме политиките на власта.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Има, како нема. Имаме договор со Бугарија кој ќе ни помогне во евроатланските интеграции, имаме затоплување на односите со Грција кој оди во иста насока, имаме враќање на ефтината тарифа преку ден, укинување на екстерното, укинување на РДТ.

Плус има акција која трае за пикање во затвор на целата фамилија и нејзините потрчковци. Еве овие двајцата на пример кој ги уапсија во Грција а беа избегани со помош на корумпираното судство.
Честит Ден на Македонската Револуционерна Борба, специјално тебе како деклариран член на ДПМНЕ, тука во неколку наврати.



Ако се изостави „спиралата“ со ефтина струја, РДТ и укинување на екстерно...кажи еве за договорот со Бугарија, шо формално правно во истиот е формулирано, обврзувачки, а шо ќе ни помогне во нашите Евроатлантски интеграции?
Факт е дека договорот кој беше потпишан со Јунанистан е далеку подобар од овој со Бугарија, и пак истиот никој од qr не го мава.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
...кажи еве за договорот со Бугарија, шо формално правно во истиот е формулирано, обврзувачки, а шо ќе ни помогне во нашите Евроатлантски интеграции?
Факт е дека договорот кој беше потпишан со Јунанистан е далеку подобар од овој со Бугарија, и пак истиот никој од qr не го мава.
Формално правно Бугарија ќе нема изговори да го блокира нашето членство во ЕУ и НАТО. Хрватска имаше многу поголем проблем со Словенија при приемот во ЕУ па беше принудена да си ја подвитка опашката. Нема правда ниту милост во политиката, оние кои имаат позиција на сила ќе ја користат таа ппозиција. Ние немаме многу избор, освен ако не си идиот од типот на @Vanlok или @Бачето , па да мислиш дека можеме во целата калакурница на Балканот да глумиме невиност и неутралност, или да чекаме Русија некако магично да застане на наша страна, истата Русија која никогаш во историјата тоа не го направила.
Мината власт немаше никаков интерес да ја внесе Македонија во НАТО, затоа што најмногу и одговараша да бидеме Северна Кореа на Балканите. Затоа и заостанавме светлосни години во тие интеграции. Уште ни фали Србија да влезе таму пред нас, па и таа да почне да не условува.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.270
Формално правно Бугарија ќе нема изговори да го блокира нашето членство во ЕУ и НАТО. Хрватска имаше многу поголем проблем со Словенија при приемот во ЕУ па беше принудена да си ја подвитка опашката. Нема правда ниту милост во политиката, оние кои имаат позиција на сила ќе ја користат таа политика. Ние немаме многу избор, освен ако не си идиот од типот на @Vanlok или @Бачето , па да мислиш дека можеме во целата калакурница на Балканот да глумиме невиност и неутралност, или да чекаме Русија некако магично да застане на наша страна, истата Русија која никогаш во историјата тоа не го направила.
Мината власт немаше никаков интерес да ја внесе Македонија во НАТО, затоа што најмногу и одговараша да бидеме Сееврна Кореа на Балканите. Затоа и заостанавме светлосни години во тие интеграции. Уште ни фали Србија да влезе таму пред нас, па и таа да почне да не условува.
Како шо тргнавме со добрососедските односи(читај виткање кичма) за Србија нема што да остани за да не уценува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како шо тргнавме со добрососедските односи(читај виткање кичма) за Србија нема што да остани за да не уценува.
А што реално ние изгубивме во договорот кон Бугарија? Значи конкретно, каде сме оштетени?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аааа како така па Илинден го дадовме заеднички празник да биде.
Знам дека се заебаваш, ама еве сериозно на тема Илинден. Како можеш да дадеш празник некому? Или како можеш да спречиш некого во друга држава да слави некој празник? И како е тоа воопшто важно од перспектива на 21 век? И што воопшто ние знаеме за луѓето кои ги славиме преку тие празници? Што знааме за нивните желби, идеи, идеологии, надежи? Можеби кога Гоце Делчев би ја видел Македонија под Гвујо веднаш би се самоубил, со чудење дали тој Грујовистан беше државата за која се борел?

Затоа најпаметно е да олабавиме малку со историјата и да гледаме прагматично на работите.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.792
Поени од реакции
17.015
А што реално ние изгубивме во договорот кон Бугарија? Значи конкретно, каде сме оштетени?


Димитриевски од СДСМ во Страцин се поклони за загинати бугарски војници, без македонско знаме и без почит кон македонската историја
 
P

psychostasia

Гостин
@Ставрогин Јас се сложувам целосно и искрено не знам како може некому да забраниш да слави празник. Јас секогаш сум зборувал дека историјата особено тука на балканот не смее да биде повод за спреги и за оградувања и оти треба да гледаме нанапред наместо да тапкаме во место карајќи се за историја со сите.
Ама еве @Ireal одма ќе ти даде аргументи за муабет пред коперација.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Формално правно Бугарија ќе нема изговори да го блокира нашето членство во ЕУ и НАТО. Хрватска имаше многу поголем проблем со Словенија при приемот во ЕУ па беше принудена да си ја подвитка опашката. Нема правда ниту милост во политиката, оние кои имаат позиција на сила ќе ја користат таа политика. Ние немаме многу избор, освен ако не си идиот од типот на @Vanlok или @Бачето , па да мислиш дека можеме во целата калакурница на Балканот да глумиме невиност и неутралност, или да чекаме Русија некако магично да застане на наша страна, истата Русија која никогаш во историјата тоа не го направила.
Мината власт немаше никаков интерес да ја внесе Македонија во НАТО, затоа што најмногу и одговараша да бидеме Сееврна Кореа на Балканите. Затоа и заостанавме светлосни години во тие интеграции. Уште ни фали Србија да влезе таму пред нас, па и таа да почне да не условува.
Пред се, уште еднаш да ти го честитам Денот на Македонската Револуционерна Борба, посебно после тоа шо во неколку наврати се декларираше како член на ДПМНЕ, кој чека само момент да се збрише како велиш „Гвујо и фамилијата“ не сакам да верувам дека си се дрзнал да го напишеш тоа во својство на очајничка манипулација, инаку не правам споредби со и меѓу никого.
Јас лично верувам дека постои континуитет од Илинденците, АСНОМ до денес, иако од петни жили се прават напори таа нишка да се пресече во корен.

Еве имаше доста анализи кои пред се критикуваа дека ретко се потпишува таков договор кој не е реципрочен во најмала рака, шо е уште полошо нас не става во исклучително подредене положба во поглед на Бугарија, посебно на среден и долг рок.
Откажување од национално малцинство од наша страна, со нагласена од Бугарска страна, одбрана на интереси на нивни државјани во МКД, настрана и ревизијата на историјата која кој знае што ќе донесе.
Фактички тие не се обврзаа на ништо према нас, а ние одстапивме према нив, ако овој договор нема тајни анекси, формално правно нема никаква корист за нас, освен како гест на добра воља. Колку е тоа така времето ќе покаже, да не се навраќаме на минатото.

Никој не ја спомна Русија, милост и правда во политиката, едноставно се работи за заштита на наши интереси, борба за истите.
Сличен договор беше потпишан со Грција, па кога дојде ситуација да се испочитува тежиштето на истиот, ние останавме ос qrот враце, покрај сите направени одстапки, никој во нашето соседство покрај се не е ставен во ситуација да потпишва такви договори.

Ги стави Хрватска и Словенија како пример, шо не е ни малку соодветен, било со односите МК-БГ или МК-ГР, тоа т.н лидерство шо некој се обидува да го протне не води никаде засега, уште ако се земе во обзир и интерната политка кај нас, капут.
Србија е далеку позначајна за НАТО и ЕУ, само шо решението за Косово, веројатно ќе оди во пакет со решавањето на Западен Балкан, така да мали се шансите да има потреба да бидеме уценувани од нивна страна.

Од оваа позиција, искрено не знам дали преходната власт не сакала да станеме членка на НАТО и ЕУ, или пак едноставно не се согласувала со тоа што треба да се направи од МКД на тој пат кон интеграции, настрана корупцијата која и сега ја има и не се прави ама баш ништо суштинско за сузбивање на истата.

Швајцарија тешко во било кој поглед дека ќе станеме, единствено останува нешто налик на Босна и Херцеговина.

Националистички, шовинистички па и фашистички е да се има грбот на ВМРО или карта на етничка Македонија, од друга страна пак, Илирида, ОВК, Бали Комбетар никој не ги критикува, напротив, кај нас се користи рецепт за квазилевичарска обланда околу сето да се проголта.

Да беше како велиш само да се подвитка опашката, свитка кичмата и сл, ама не ќе да е само до тоа.[DOUBLEPOST=1508774601][/DOUBLEPOST]
Де бе па ти, да се најдам во муабет. А дека сме иста катара тоа оддамна заклучивме дека не сме. Јас не одам да гаснам пожар подметнат или не.
Нив незнам како му е, најдобро да ги праша нив. Си имаат најдено некаква утеха за да си се тешат себеси или така нешто пошто како што можеше и сам да забележиш преку ноќ од најголеми бугаромрзци станаа најголеми бугарофили. Сега наеднипати ќе им се испушти ама јбг не се одвикува така лесно од навиките. Истиот муабет и за Албанците. Од клети душмани, некапени, вакви, такви преку ноќ и ги избањаа, образоваа, културно ги издигнаа, па веќе двојазичноста била секојдневие, на никој не му пречи баш напротив итн ит итн. Заев така рече а пошто Заев не вели туку така сигурно има нешто и преку ноќ ја сменија песната. За ДУИ пак ич да не прајме муабет. Море гас и гаќи со ВМРО, море тендер коалиција, море незнам што и како и оп наеднаш кој ДУИ. Не бе нема везе, муабети. Сега не сум во тек дали Села чини или не чини. Дали го избањаа ама не го добањаа или како. Да не стани тој пак од оние некапените преку ноќ а Тачи со бекутан тазе избањат. Арно ама како велат, хартијата ( во случајот тастатурата, мониторот или што и да е) се трпи ама кога реално ке им здожежи на газето тогаш друга е приказната. Такви примери имаш колку да сакаш дури и на форумот.
Левица не ми ги ни фаќа радарот мене , како да не постојат така да биле фејк или не ми е сосем сеедно.

Ете ти борчам муабет,

Сега е работата До Блачак, баш како филмот, или со се мади*а на битолски.

Не знам дали го имаш глеано или не, ама дава исклучително добра преносна смисла, од протагонистите, еден претставник од чорбџиско семејство, школуван Западна Европа, претставник на интелегенцијата, од друга страна пак, еден претставник на селанството кому цела фамилија османлиите ја мачеле, ѕверски и тоа.

Пази сеа, ги обединува една европска путана, ќе се шиба со двајцата нормално, ќе собере потребно инфо, и на крај ќе покуша да оде*и со двајцата, тука само оставајки лажна надеж, единствена утеха е што и двајцата остануваат тука и паѓаат заедно за МКД, епска сцена кога овчар шо го глуми Џумерко, пред да ги решат, вика дека „Крсто војводата му го пресече пато на силата“ а во кадат стадо овци.
Епа ние сме овците.

:pos:
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Откажување од национално малцинство од наша страна, со нагласена од Бугарска страна, одбрана на интереси на нивни државјани во МКД, настрана и ревизијата на историјата која кој знае што ќе донесе.
Фактички тие не се обврзаа на ништо према нас, а ние одстапивме према нив, ако овој договор нема тајни анекси, формално правно нема никаква корист за нас, освен како гест на добра воља. Колку е тоа така времето ќе покаже, да не се навраќаме на минатото.
Кое наше малцинство во Бугарија? Сериозно мислиш дека некому во Бугарија му е гајле за тоа? Дека се декларира за Македонец и се чуствува угнетен? Најчесто се случува тие луѓе да се најзагреани Бугари, поголеми Бугари од етничките Бугари. И што впрочем Македонија во сите овие години пред договорот направи за тие луѓе?

Знаеш колку е бесмислена оваа полемика?

Да земеш еден сендвич куртон, и тој да има шанса да заебе некој Македонец на сметка на некој Бугарин, а за тоа да може да добие 100 евра, ма какви 100 евра, за 10 би го направил тоа, глатко ќе го заебе Македонецот. И сега ние ќе браниме македонско малцинство во Бугарија? Неофицијално преку 150 000 македонци имаат бугарски пасош, ама ние сме потпишале штетен договор со Бугарија.

Кои папагали сте, страшна работа.
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Неделко во Недела, или Миленко во омиленье.
"Чуството кога мојата емисија постирана пред 14 часа ја гледале 10.000 луѓе, а емисијата со интервјуто на Никола Груевски постирана пред 24 часа ја гледале 3.000 луѓе.
ПРАЈСЛЕС"
Аjдее, да го честитаме Новиот Лидер на Македонската Револуционерна Борба (ВМРО-НЛМРБ)!
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Кое наше малцинство во Бугарија? Сериозно мислиш дека некому во Бугарија му е гајле за тоа? Дека се декларира за Македонец и се чуствува угнетен? Најчесто се случува тие луѓе да се најзагреани Бугари, поголеми Бугари од етничките Бугари. И што впрочем Македонија во сите овие години пред договорот направи за тие луѓе?

Знаеш колку е бесмислена оваа полемика?

Да земеш еден сендвич куртон, и тој да има шанса да заебе некој Македонец на сметка на некој Бугарин, а за тоа да може да добие 100 евра, ма какви 100 евра, за 10 би го напрваил тоа, глатко ќе го заебе Македонецот. И сега ние ќе браниме македонско малцинство во Бугарија? Неофицијално преку 150 000 македонци имаат бугарски пасош, ама ние сме потпишале штетен договор со Бугарија.

Кој папагали сте, страшна работа.
Не биди гремлин,

као навиени сте со батали минатото гледај иднината а сите соседни земји се борат за истото тоа минато, има шанси ние нечија територија да одземиме на некоја соседна земја во наредните сто години?
Чисто реторички ова.

Прво не можи да речиш дека го нема македноското малцинство во бугарија, а како второ не можи да генерализираш дека се продаени души, најзагреани бугари и сл, после долга и страшна асимилација шо велиш шо ќе остани, притоа без никава поддршка од страна.

Полемиката е безсмислена затоа шо сакаш да биди, ништо повеќе од тоа.

Истите аргументи кои се про, може да бидат и контра. Чисто личната перцепција е во прашање.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прво не можи да речиш дека го нема македноското малцинство во бугарија, а како второ не можи да генерализираш дека се продаени души, најзагреани бугари и сл, после долга и страшна асимилација шо велиш шо ќе остани, притоа без никава поддршка од страна.
Која бе страшна асимилација? :pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom