Значи, наместо да ги исфрлиме
окупаторите и терористите, ние им свртевме грб на нашите македонски титани.
Минатиот век Илинденците не избегаа од бојното поле и 14 000 востаници се
соочија со 200 илјаден турски аскер. АСНОМ–ците се бореа четри години со германските
окупатори, со балистите, со Петтиот бугарски окупаторски корпус и дадоа 26 000 жртви.
А ние на 2 август избегавме дури од нивните споменици, ги поклонивме на окупаторите.
Се уплашивме од полицајците на Спасовски и од 300 американски мочковци.
Уште пожално е дека повик за тоа бегство упатиа фотељашите и предавниците
од ДПМНЕ, затоа што, обратете внимание, Западот можел да ја обвини нивната партија
дека ги почитува македонските херои. Воопшто не станува збор за партија, која се кити
со насловот „револуционерна“, да дејствува соодветно во име на народ и државата.
Таква работа не и паѓа и на памет. Како „одговорен политичар“, Груевски чека „амин“ од
САД, НАТО и ЕУ да го вратат како премиер, ако е смирен и послушен во уништувањето
на државата. Премиер на што? На некои од двојазичните македонски кантони? Не
случајно на местото на досегашните шутраци во ИК на ДПМНЕ беа избрани нови
пудлици, но Груевски ги зачува Милошоски, Попоски, Тодоров, Димовски, Ѓорчев за да
учат новите квинслишко изкуство. Некои од нив како Бетмен, го заслужија своето место
со успешно потрошената народна енергија во 80-дневните протести, за потоа уште
поуспешно да биде инсталиран Џафери за претседател на Собранието.